Забава
Блејк Лајвли тврди дека нејзините деца се толку трауматизирани од драмата со Балдони што не ја напуштаат куќата
Блејк Лајвли тврди дека нејзината правна драма со Џастин Балдони ѝ го уништува семејство.
Веќе е познато дека нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс силно е вклучен во тужбата, но сега се тврди дека тензијата што ја доживува Блејк Лајвли ги погодила и нејзините деца.
Во врска со ова, актерката во вторникот ја измени тужбата што ја поднесе пред федералниот суд во Њујорк наведувајќи дека тие се трауматизирани од правната битка.
Лајвли тврдела дека нејзините деца биле емоционално потиснати на начини што значително влијаеле на нивната благосостојба, а таа се борела да ја контролира нивната болка. Таа се пожалила и дека доживува симптоми на стрес, како анксиозност, а познато е дека Рајан Рејнолдс претходно се пожалил дека и тој бил погоден психички и физички.
Се тврдеше дека и Блејк Лајвли била во лоша психичка состојба. Во тужбата беше објаснето дека драмата што предизвика медиумско внимание била толку интензивна што таа се мачела и не можела да стане од кревет неколку дена.
Според странските медиуми, Лајвли во последно време не е видена надвор од својот дом во Њујорк и пропуштила неколку модни настани, како што е ревијата на Мајкл Корс, на која вообичаено присуствува. Сепак, таа неодамна присуствуваше на забава на SNL заедно со Рејнолдс, каде што се шегуваа за правната драма со Балдони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за стајлингот на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многу пати на големи настани, особено за време на бројните промоции на филмот „Song Sung Blue“.
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата „Watch What Happens Live“ носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел без прерамки што ја следи линијата на телото.
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на аутфитот доза на луксуз. Стајлингот го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.
Забава
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот DJ приреди моќен арена настап и незаборавна електронска вечер во Арената „Борис Трајковски“.

Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски DJ и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамки на „The Arena Experience“, во организација на Music Rituals.

Вечерта започна со програма на домашни изведувачи Anna Noodle и Danyel, Brancez и Lephonq, и странски изведувачи Stasi Sanlin и People Like Us, кои со своите сетови ја подигнаа енергијата пред главниот настап.

Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и својот препознатлив мелодичен електронски звук, Махмут Орхан ја донесе глобалната клубска енергија создавајќи силна атмосфера и незаборавно музичко доживување за публиката.

Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Скопје како дестинација за големи меѓународни електронски музички продукции и постави нови стандарди за ваков тип на настани во регионот.

Забава
Брижит Бардо ги излудуваше мажите – од хеликоптер ѝ ја посипувале куќата со рози
Француската филмска дива и секс-симбол Брижит Бардо почина вчера на 91-годишна возраст. Нејзиниот бурен љубовен живот, розите фрлани од хеликоптер и искрените признанија за страста и неверството и денес ја фасцинираат светската јавност.
Позната по русата коса, препознатливиот стил и бикините, Брижит Бардо стана секс-симбол на 50-тите и 60-тите години благодарение на филмот „И Бог ја создаде жената“, режиран од нејзиниот тогашен сопруг Роже Вадим.
Она што особено ја издвојуваше Бардо беа нејзината слобода и храброста – се појавуваше на насловни страници во минимална облека, без накит и парфем, често одеше боса или во балетанки. Токму поради тоа, многумина сметаат дека таа ја измислила голотијата во филмот и во поп-културата.
Родена во Париз 1934 година, првин се занимавала со балет, а потоа станала модел и филмска ѕвезда. На 15 години се појавила на насловната страница на списанието „Ел“ по што следувале филмски улоги што ѝ донеле светска слава. Нејзиниот изглед инспирирал и музичари, како Џон Ленон и Пол Макартни, кои барале нивните партнерки да го имитираат нејзиниот стил.
Брижит Бардо имала четири брака и низа страсни врски. Нејзиниот прв сопруг бил режисерот Роже Вадим, од кого се развела во 1957 година. Вториот сопруг ѝ бил актерот Жак Шарие за кого се омажила во 1959 година и со кого го добила синот Никола-Жак. Бракот завршил со развод во 1962 година.
Подоцна имала афери со колеги, музичари и актери, меѓу кои Жан-Луј Трентинјан, Жилбер Беко, Глен Форд и други.
Нејзиниот трет брак бил со германскиот милионер Гинтер Закс, кој ја опсипувал нејзината вила со рози фрлани од хеликоптер. Четвртиот и последен брак го склучила со Бернар д’Ормал, со кого останала до крајот на животот и кој ѝ помогнал да го подобри односот со синот Никола-Жак.
Во своите мемоари Бардо отворено признала:
„Со секоја врска постојано се враќав во потрага по други љубови кога сегашноста ќе станеше млака. Не го сакам она што е помеѓу, помалку добро. Отсекогаш сум барала страст. Затоа често бев неверна. А кога страста ќе беше при крај, си ги пакував куферите“.
Во 70-тите години се повлекла од глумата и се посветила на активизам за правата на животните. Нејзиниот политички ангажман често бил контроверзен вклучувајќи ја и јавната поддршка за крајно десничарската партија Национален фронт во Франција, што предизвикало многубројни осуди.
И покрај повлекувањето од филмскиот свет, Брижит Бардо остана вечна икона на убавината, слободата и страста, а нејзиниот живот и денес ги интригира генерациите љубители на филмот и поп-културата.

