Забава
Бој Џорџ и колегите од бендот мора да му платат 1,7 милион фунти на поранешниот член Џон Мос
На Бој Џорџ и неговите колеги од бендот „Калчр клаб“ им е наложено да му исплатат 1,75 милион фунти на поранешниот тапанар на бендот, Џон Мос, во рамките на битката во Високиот суд.
Колегите од бендот „Калчр клаб“ постигнаа спогодба со основачкиот член Мос една недела пред закажаното судење, кое сега веќе е откажано бидејќи се договорија за сумата.

Минатата година, Мос, основач на бендот, познат по многу хитови, меѓу кои „Карма камелеон“, обвини дека фронтменот Бој Џорџ, гитаристот Рој Хеј и басистот Мајкл Крег го измамиле за голема сума пари откога нивниот менаџер го исфрли од бендот во 2018 година.
Мос тврдеше дека треба да му се исплати неподмирен долг според договорот што го потпишал за нивната турнеја Life Tour. Потоа тој тврдеше дека секој член на бендот требало да добие хонорар од 600.000 американски долари за најмногу 80 концерти.

Мос исто така изјави дека морал да плати правни трошоци во износ од 1 милион фунти и го обвини триото дека решило да го држи надвор од сумите на кои има право, односно за неговата децениската услуга за бендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Се чував за мојот иден сопруг, невиноста е секси“
Актерката и пејачка Џесика Симпсон даде интервју за „Entertainment Tonight“ и во таа прилика се потсети на еден интересен момент од снимањето на хит серијата „Весели седумдесети“. Во тоа време, таа работеше со Ештон Качер и откри некои интимни детали од снимањето.
„Снимав сцена со Ештон и му реков дека не можеме да го направиме тоа затоа што сум девица. Никогаш нема да го заборавам тој момент. Тој само ме погледна и ме праша „зошто“, му објаснив дека го чекам мојот иден сопруг“, рече Џесика, која во тоа време имаше 22 години.
Актерката нагласува дека во тоа време сè уште била многу млада и не размислувала премногу.
„Кога го гледам тоа старо видео, гледам дека во тоа време бев многу млада и наивна, не размислував за сексуалниот живот на другите луѓе, секогаш бев отворена – со скрстени нозе, но отворена“, вели таа.
Џесика никогаш не го криела фактот дека претходно не сакала да има секс, а за тоа зборувала за „People“ уште во 2000 година.
„Мојата невиност е нешто за кое цврсто стојам, не е секогаш лесно, но го почитувам мојот избор. Невиноста може да биде кул и секси“, рекла таа тогаш.
Потоа следел бурниот љубовен живот на Џесика Симпсон. Од 1998 година беше во врска со Ник Лачи, од 2003 година тие беа еден од најпознатите парови, но и најекспонираните, за да се разведат само во 2005 година. Десет години била во брак со Ерик Џонсон и со него има три деца.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) „Кралицата Сабаленка“: таа „убива“ на теренот со својата игра, а на плажата со својот изглед
Тенисерката Арина Сабаленка е една од најдобрите во спортот, а е особено интересна за домашната публика. Со своите духовити изјави и директно однесување, таа ги освои симпатиите на публиката ширум светот, а нејзиниот изглед често е главна тема на социјалните мрежи.
Арина е доста активна на Инстаграм, каде што споделува разни снимки од нејзиниот приватен живот, а тоа се претежно објави од море, од Грција, каде што ужива со својот избраник, Јоргос Франгулис, успешен претприемач.
А сега објави серија фотографии во бикини на кои позира и со своето момче, но овој пат нејзиниот изглед сепак заслужува малку повеќе внимание од фановите, кои ја обсипаа со комплименти. Овој пат отпатуваа на Малдивите.
Арина прво позираше во маслинесто бикини, а потоа и во розово, па е јасно дека држењето подалеку од обврските ѝ одговара доста.
„Вие сте мојот омилен пар“, „Прекрасни сте“, „Изгледате совршено во бикини“, „Тоа го нарекувам одмор“, „Кралица Сабаленка“, „Каква енергија зрачите, неверојатни сте“, беа дел од коментарите под нејзините објави.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) За сите пригоди: Направете „неуредна“ пунџа за само неколку минути
Сите жени имаат денови кога одредени работи, како што е средувањето на косата, едноставно не им одат од рака.
Сепак, дури и во тие денови, постои едноставно решение – „неуредна“ пунџа.
Една инфлуенсерка на својот Инстаграм профил објасни, чекор по чекор, како да се создаде оваа одлична пунџа, која може да се носи во различни пригоди.
Без разлика дали се среќавате со пријатели на кафе или одеднаш сте добиле покана за излегување, за само неколку чекори ќе имате фризура во стилот на салон.
Сè што ви треба е еластичен стегач за коса, а за детални чекори, погледнете го видеото:
фото: принтскрин

