Забава
Бред Пит и Џорџ Клуни прошетаа во Венеција привлекувајќи го вниманието на обожавателите
Бред Пит и Џорџ Клуни прошетаа заедно во Венеција и облечени во елегантни костуми го привлекоа вниманието на своите фанови. Се прошетаа и по венециските канали.
Клуни и Пит имаат одлична хемија пред камера, а последен пат заедно соработуваа во 2008 година кога се појавија во филмот Burn After Reading. Заедно тие глумеа во три дела од франшизата на „Единаесеттемина на Оушн“.
Сега ќе ја претстават новата акциона комедија Wolfs. Во филмот Клуни глумеше професионален криминалец, чија задача е да прикрие криминал од висок профил. Но, кога Пит, ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата волци сами мора да ги здружат силите.
Бред со себе во Венеција ја поведе и 26 години помладата девојка Инес де Рамон. Тие се снимени во друштво на Клуни и неговата сопруга Амал. Сите беа одлично расположени и изгледа дека воопшто не им пречеа папараците што ги следеа. Фотографите ги снимиле додека се возеле низ Венеција патувајќи кон ресторан, каде што вечерале заедно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:
Забава
(Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол-натпревар
Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол-лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува „Е!Онлајн“.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на „Ред хот чили пеперс“. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит за списанието „Пипл“ кусо објасни: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.
фото: принтскрин

