Забава
Британка се жали дека пријателите не ја канат на родендени затоа што е убава

25-годишната модна асистентка Лили Питфилд од Лондон тврди дека нејзиниот изглед ѝ создава проблеми во склопувањето пријателства.
„Изгубив некои пријатели бидејќи не им се допаѓаше да бидам во центарот на вниманието, иако навистина не сакав да бидам“, изјави Лили, за весникот „Сан“.
„Други не сакаа да ме поканат на нивните роденденски забави бидејќи беа загрижени дека ќе им го украдам вниманието. Девојките можат да бидат злобни и расипани. Тоа е фрустрирачки, затоа што сум љубезна и скромна, воспитана сум така што сметам дека една личност мора да биде убава и однатре и однадвор“, се жали Лили.
Таа тврди дека за својот изглед првпат станала свесна на 18 години кога непознат маж ѝ испратил пијачка во клуб бидејќи му се допаднала како изгледа. „Тоа ја зголеми мојата самодоверба, дотогаш не знаев дека изгледот може да влијае на тоа како луѓето се однесуваат со вас.“
„Кога излегувам со моите пријатели, момци постојано ми приоѓаат и ми праќаат бесплатен пијалак, а од обезбедувањето ме пуштаат да влезам внатре преку ред. Тоа понекогаш им пречи на моите пријатели бидејќи не добиваат ист третман. Јас никогаш не излегувам со претпоставка дека тоа ќе се случи, тоа едноставно се случува.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.