Забава
Британската кралска пошта се извини за погрешната слика на марка

Британската пошта, денеска, упати извинување до јавноста кога историчари утврдија дека поштенска марка со која се одбележува Денот Д, односно десантот во Франција за време на Втората светска војна, всушност прикажува американски војници што се истовариле илјадници километри подалеку.
Марката е дел од серија од 11 парчиња со кои се одбележува десантот од јуни 1944 година и е издадена во рамките на специјалната програма за 2019 година што го прикажува најдоброто од Британија, објави агенцијата „Ројтерс“.
„Со оваа марка им се оддава почит на сите што учествувале во операцијата и поради тоа ќе се користи слика од тој ден“, соопшти Кралската пошта пред да биде забележана грешката.
Сепак, по првиот преглед на марката што Поштата ја објави на својот твитер-профил, историчари и други експерти истакнаа дека таа всушност прикажува американски војници кои во мај 1944 година се истовариле во холандска Нова Гвинеја, денешна Индонезија, што нема никаква врска со десантот за време на Денот Д.
„Искрено, се извинуваме што во првиот преглед на специјални марки за 2019 година беше објавена слика што неправилно се поврза со Денот Д“, објави Кралската пошта на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Бен Афлек на снимањето на новиот филм дојде со бурма

Бен Афлек беше забележан со венчален прстен на снимањето на претстојниот филм Animals.
Камерите го фатија актерот на пауза од снимањето. На левата рака јасно се гледаше златен прстен, што наводно е само дел од неговата улога.
Афлек и Џенифер Лопез официјално се разведоа на 21 февруари. Според судските документи, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил нивниот развод на 6 јануари, шест месеци откако пејачката поднесе барање.
Двојката уште во септември се договорила со посредство и на тој начин избегнала долготрајна судска битка.
Забава
Блејк Лајвли и се извини на Тејлор Свифт што ја вовлече во кавгата со Балдони

Блејк Лајвли наводно и се извинила на пејачката Тејлор Свифт што ја вовлекла во кавгата со Џастин Балдони, пишува News Nation.
„Сè решија. Блејк се извини и сега пак разговараат“, коментира добро информиран извор.
Да потсетиме, веќе некое време кружат гласини за лошите односи меѓу Свифт и Лајвли. Сè започна откако Џастин Балдони ја вклучи пејачката во неговата тужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Недолго потоа, извор близок до Свифт рече дека таа „се чувствува искористена“ и не и се допаѓа што Блејк ја нарекува „еден од нејзините змејови“.
Забава
(Видео) Калиопи воодушеви во Лисински, гости и беа Влатко Стефановски и Жељко Самарџиќ

Македонската музичка дива Калиопи во саботата одржа концерт во загрепската концертна сала Ватрослав Лисински.
Во придружба на оркестар, Калиопи го демонстрираше својот впечатлив вокален опсег.
„Сè уште сум опиена од енергијата на публиката. Каква ноќ, каков концерт! Со моите музичари го оставивме срцето на сцената Лисински, а секоја нота оваа вечер беше одраз на нашето искуство од оваа прекрасна сала. Два и пол часа поминаа како миг“, изјави Калиопи по концертот.
Како специјални гости на изненадување, на сцената ѝ се придружија блиските пријатели Влатко Стефановски со кој ја изведоа песната „Калеш Анѓо“ и Жељко Самарџиќ со кого го отпеа „Знам“, нивниот регионално познат дует.
Публиката двапати ја враќаше Калиопи на бис. На првиот бис го изведе својот голем евровизиски хит „Црно и бело“, а на вториот легендарниот евергрин „Бато“.