Забава
Британски „Милионер 2001“: натпреварувач го прашале за сливова ракија, ја повикал мајка си

На „Твитер“ се шири видеозапис од популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“ стар точно дваесет години.
Во епизодата, која се емитувала во Обединетото Кралство во февруари 2001 година, за 125.000 фунти Џон Секстон требало да одговори за сливова ракија (сливовица) и нејзината главна состојка.
Секстон, не знаејќи кое овошје е главната состојка во оваа ракија, ја повика мајка си. Таа како од топ му го даде точниот одговор и му откри дека сливовата ракија, односно slivovitz brandy, се прави од слива (англиски plum).
Секстон ѝ се заблагодари на мајка си и ѝ кажа дека ја сака, а сите во студиото ентузијастички аплаудираа на знаењето и брзината со која таа реагира. Секстон на крајот освои 250.000 фунти на квизот, а таа година стана ѕвезда во Обединетото Кралство за огромната сума што ја освои.
Клип од оваа емисија со наградното прашање деновиве објави српски твитерџија, а коментарите под објавата се урнебесни. „Мама сигурно пиела сливовица кога била на Јадран“, „Ваква сигурност во одговорот има само по испиен литар“.
„Една е мајка!“, твитна друг корисник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џиновската кукла на Ким Кардашјан на Тајмс сквер предизвика бурни реакции: „Таму шетаат деца“

Ким Кардашјан предизвика бурни реакции со новата кампања, која ја промовира СКИМС – нејзината линија костими за капење и долна облека.
Таа постави џиновска кукла на надувување во сино бикини на Тајмс сквер во Њујорк.
Постаавката е долга 18 метри, а поради нереалните пропорции на куклата, 44-годишната реална ѕвезда доби многу критики.
„Нереално прикажување на женското тело“, „Има деца што се шетаат, не е во ред“, „Што е со луѓето што го одобрија ова?“, „Го сакам СКИМС, но ова е страшно“, „Нарушување на јавно место“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Новата колекција на костими за капење СКИМС се одликува со смели животински принтови и женствени силуети, со леопард и тигарски дезени во нежни нијанси на шампањ.
Забава
Подгответе се: на четири хороскопски знаци им претстои бурно раскинување во март

Космичките енергии во март 2025 година носат предизвици во љубовните врски за одредени хороскопски знаци.
Планетарните влијанија можат да ги разнишаат постоечките односи, доведувајќи ги до пресвртница или распад.
Еве кој би можел да биде најмногу погоден:
Бик
Март носи турбулентен период за Биковите. Уран, планетата на ненадејни промени, во комбинација со напнат аспект меѓу Марс и Венера, може да ја разниша нивната емоционална стабилност.
Иако се познати по својата лојалност, стресот и несогласувањата можат да ги поттикнат кон донесување тешки одлуки во љубовта.
Лав
Лавовите ќе се соочат со притисоци кои ја тестираат силата на нивните врски.
Квадратот помеѓу Сонцето, нивниот владетел и Сатурн може да им донесе чувство на ограничување и фрустрација.
Многу Лавови ќе почувствуваат потреба за поголема слобода и можеби ќе одлучат да ги прекинат врските што ги кочат.
Иако е болен, овој процес може да им помогне да најдат нова сила и појасно да ги видат своите емоционални цели.
Шкорпија
За Шкорпиите март ќе биде месец на длабоки емотивни пресврти. Плутон, нивната владејачка планета, поттикнува крај на врските кои станале исцрпувачки или токсични.
Раскинувањето може да биде интензивно и страсно, но ќе донесе можност за лична трансформација и отворање кон поздрави врски.
Риба
Кон крајот на март, Рибите ќе се соочат со важни сознанија за нивните врски. Ретроградниот Нептун ќе ги отфрли илузиите, принудувајќи ги да погледнат пореално во својот љубовен живот.
Оние кои се држеле за нестабилни врски можеби конечно ќе донесат одлука да ги напуштат. Иако емотивно тежок, овој период може да донесе ослободување и внатрешен мир.
За овие знаци, март 2025 година ќе биде време на големи одлуки и промени во љубовта. Иако раскинувањето никогаш не е лесно, тие можат да донесат можност за нов почеток и подобри односи во иднина.
Забава
(Видео) Комеморацијата за Саша Поповиќ заврши со солзи

Комеморацијата за Саша Поповиќ почна нешто по 10 часот. Прв зборуваше водителот Војо Недељковиќ, кој претходно го менуваше Саша Поповиќ на „Гранд“.
Кога се качи на бината ги повика сите да станат и да му оддадат почит на Саша Поповиќ со едноминутно молчење.
Потоа на видеоекранот беше пуштен филм за животот на шоуменот, придружен со последната песна што ја компонирал.
На комеморацијата во „Сава центарот“ дојдоа многубројни познати личности, меѓу кои: Лепа Брена, Боба Живојиновиќ, Александра Пријовиќ, Марија Шерифовиќ, Милица Павловиќ, Рада Манојловиќ, Лепа Лукиќ, Дејан Матиќ, Драгана Катиќ, Вики Миљковиќ и други.
Погребот ќе биде во 14.30 часот .