Забава
Британското кралско семејство: Прабабата му остави повеќе пари на едниот принц, и тоа поради една голема причина

Британското кралско семејство не престанаа да го тресат скандали, а странските медиуми овие денови наголемо пишуваат за нееднаквата распределба на богатството меѓу принцовите Хари и Вилијам.
Покојната мајка на кралицата Елизабета II, позната како Кралицата Мајка, финансиски ја обезбеди иднината на своите правнуци Хари и Вилијам, но парите не ги поделила на еднакви делови.
Калицата Мајка им остави 18 милиони долари на своите правнуци, но на принцот Хари му припадна многу поголем дел.
Британските медиуми тврдат дека не се знае точната сума, и веднаш почнаа да кружат гласови дека бабата го фаворизирала едниот правнук, но се покажа дека таа имала друга причина зошто така направила.
Имено, кога нивниот татко, принцот Чарлс, ќе седне на престолот, Вилијам ќе има поголема финансиска корист отколку Хари бидејќи ќе ја преземе приватната сопственост на Чарлс, војводството Корнвол, кое вреди повеќе од парите што ги остави Кралицата Мајка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.
Забава
Познатата манекенка отворено зборуваше за естетските зафати кои ги имала

Манекенката Кристи Бринкли (71) продолжува да привлекува внимание со својот младешки изглед, а сега отворено проговори за естетските третмани на кои повремено се подложува, нагласувајќи дека нејзиното здравје е поважно од совршената кожа.
Во интервју за „Пипл“, таа откри дека користи ласерски третмани, повремено се одлучува за филери и дека ботоксот не и е непознат. Сепак, Бринкли тврди дека нејзината цел не е целосно да ги избрише знаците на стареење: „Најчесто правам ласери. Не се обидувам да се ослободам од секоја брчка“, рече таа.
„Пробав филери и одам на лекар, но не сакам да изгледам испеглано или вештачко. Неодамна направив Fraxel затоа што имав рак на кожата – тој третман помага да се отстранат преканцерозните клетки. За мене тоа сега е повеќе здравствен проблем”, додаде таа.
Бринкли, чија автобиографија Uptown Girl излегува на крајот на април, претходно нагласи дека не сака да ги избрише сите траги од животот од нејзиното лице: „Сакам да задржам неколку брчки. Тоа е мојот начин да го прифатам стареењето“.
Покрај ласер, таа признава дека двапати користела ботокс, но не била воодушевена: „Моето чело изгледаше мазно, но првиот пат веѓата ми се спушти. Не ми беше удобно“.
Денес, таа користи инјекции само еднаш годишно, за фините линии околу устата. „Сега сум повеќе во ред со тоа што работите остануваат такви какви што се“, рече таа.
Забава
Мадона сними видео за „Тик-ток“ со своето момче, го покажа лицето без шминка

Мадона (66) објави видео на „Тик-ток“ со нејзиното момче Аким Морис (28).
Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата „Принцот од Бел-Ер“. Во видеото Мадона нема шминка на лицето.
@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety – Doechii
Мадона ја објави нивната врска на Инстаграм во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.