Забава
Британците се обложуваат дека Трамп ќе си замине за една година

Стотици Британци по ненадејниот избор на Доналд Трамп за претседател на САД, сега две седмици по неговата инаугурација во време на незадоволството од неговата имиграциска политика, се обложуваат дека американскиот претседател нема да остане на должноста една година.
Обложувалницата „Ladbrokes“ нуди однос 4 наспроти 1, или 4 фунти за секоја вложена фунта, дека Доналд Трамп ќе замине од претседателската должност до крајот на 2017 година.
„Неверојатно е колку многу луѓе се обложуваат на односот 4 наспроти 1 дека тој ќе ја напушти својата должност оваа година и дури 11 наспроти 10 дека ќе биде отповикани или дека дури ќе поднесе оставка“, вели Метју Шејдик, задолжен за политичките облози во „Ladbrokes“.
Вели дека неколку стотини луѓе се обложиле, и оти секоја уплата за обложувањето изнесува околу 25 фунти.
„Мислам дека повеќето британски обложувалници загубија ужасно многу пари кога тој беше избран во ноември, па можеби некои од нас нешто малку и ќе повратат…“, додава Шејдик./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Армани“ ја претстави последната колекција на покојниот дизајнер

Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ во неделата ја претстави последната колекција, на која лично работел покојниот дизајнер и основач, во уметничкиот музеј „Брера“ во срцето на Милано.
Армани, познат во светот на модата како кралот Џорџо, почина претходно овој месец на 91-годишна возраст. Ревијата, дизајнирана да ја прослави 50-годишнината од модната куќа, се претвори во почит кон покојниот дизајнер.
Настанот привлече мноштво познати личности вклучувајќи ги актерите Ричард Гир и Кејт Бланшет.
Моделите прошетаа во флуидни, лесни облеки, придружени со жива пијано-музика изведена од италијанскиот композитор Лудовико Еинауди, објави „Ројтерс“.
Колекцијата, со палета на бои што се движеше од сива до темносина и темнозелена, беше со наслов Pantelleria, Milano, осврнувајќи се на две драги места на дизајнерот, соопшти агенцијата.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Џенифер Лопез за разводот од поранешниот сопруг: „Најдобрата работа што ми се случила“

Џенифер Лопез во неодамнешно интервју за CBS Sunday Morning изјави дека нејзиниот развод од Бен Афлек е „најдобрата работа“ што некогаш ѝ се случила. Таа објасни дека научила важни животни лекции низ тешкиот период.
„Сфатив дека радоста е во живеењето и во вистинското прифаќање на животот и сè што ти носи. Поради лекциите што ги носи, а потоа и поради сите триумфи што ги носи. Тешките времиња се лекции и тоа мора да го разбереш“, рече пејачката и актерка.
Лопез откри дека снимањето на „Бакнежот на жената-пајак“ ѝ послужило како еден вид бегство за време на тој турбулентен личен период. „Секој момент на снимањето и секој момент кога ја играв оваа улога, бев толку среќна. А потоа дома, не беше баш најдобро“, призна таа.
И покрај сè, таа останува исклучително благодарна на Афлек и неговата продуцентска куќа „Artists Equity“, која го финансираше филмот. „Филмот немаше да биде снимен да не беа тој и „Artists Equity“, нагласи таа.
„Му кажав дека ова е улогата за која сум родена и дека сакам да ја играм, а тој рече: ‘Добро’, и помогна да се случи тоа.“ Лопез заклучи дека секогаш ќе му оддава признание на Афлек за таа поддршка.
Двојката повторно се обидува да го продаде својот заеднички дом, овој пат по многу пониска цена од претходно. Нивната вила во Беверли Хилс повторно е ставена на продажба, но сега за 52 милиони долари, објави ТМЗ.
Забава
(Фото) Северина отпатува во Турција со внуката Миа: „Вечно вљубена во животот“

Северина ја поминува последната недела од септември во Турција, поточно во Истанбул.
Пејачката беше во друштво на нејзината внука Миа Поповиќ, која често ја придружува на патувањата. Северина објави неколку фотографии на Инстаграм и призна дека нејзините пријатели во Истанбул ги пуштаат нејзините песни насекаде, иако знаат дека тоа не ѝ се допаѓа.
„Илјада луди луѓе/пријатели околу мене, кои ги свират моите песни каде и да одиме во Истанбул (иако знаат дека не ги сакам)… но не дозволив тоа да ми го расипе расположението. Засекогаш вљубена во животот, луѓето, музиката, храната и она што го правам“, рече таа.
Северина отпатува во Турција откако помина некое време во Италија. Претходно оваа година, таа ја посети Шпанија со својата внука.
фото: принтскрин