Забава
БРИТ-награди: поп-ѕвездите се собраа за враќање на музиката во живо
Речиси 4.000 луѓе гледаа како ѕвездите Дуа Липа и Арло Паркс триумфираат и настапуваат на доделувањето на „БРИТ-авордс“ во Лондон во вторникот на првиот голем музички настан во затворен простор со жива публика по повеќе од една година.
Почестите на британската поп-музика, за кои публиката не мораше да носи маски или да биде физички дистанцирана, се одржаа во „О2 арената“ на реката Темза во период кога земјата излегува од целосна блокада поради Ковид-19.

Церемонијата, на која Били Ајлиш и Викенд исто така триумфираа, е дел од владината програма со цел да се утврди дали големи настани може да се одржуваат во затворен простор без социјално дистанцирање.
„Оваа вечер се радуваме на посветла иднина,“ рече водителот Џек Вајтхол. „Имаме публика… имаме поп-sвезди, се вративме“.
Луѓето со купени билети мораа да покажат доказ за негативен резултат од ковид-тест за да влезат во арената, која има капацитет од приближно 20.000 седишта. Тие исто така ќе треба да направат тест потоа и да обезбедат детали за контакт.

Дуа Липа, која освои две награди – женски соло изведувач и албум за Future Nostalgia – рече дека им го посветува својот настап на клучните здрвствени работници.
„Се чувствувам многу благодарна што ја споделувам оваа вечер со нив“, изјави таа за „Ројтерс“.

Американската пејачка Тејлор Свифт стана првата музичарка што е почестена со наградата за животно дело „Глобална икона“ (Global Icon). Дејвид Боуви, Елтон Џон и Роби Вилијамс се добитници на оваа награда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три хороскопски знаци се родени дипломати
Во астрологијата постојат знаци кои како да имаат природен талент за дипломатија. Нивните зборови се внимателно одбрани, реакциите не се импулсивни, а смиреноста им е најсилно оружје. Наместо да ја кажат вистината во лице, тие знаат како да ја кажат без да повредат некого.
Вага
Вагата е симбол на рамнотежа. Кога расте тензијата, таа прва ја забележува и се обидува да ја намали. Ги разбира двете страни и бара средина во која сите можат да се препознаат. Не ѝ е цел победа, туку хармонија.
Девица
Девицата не сака драма. Додека другите реагираат емотивно, таа анализира. Нејзината дипломатија се темели на логика и факти. Укажува на грешки без понижување и нуди практични решенија наместо расправии.
Јарец
Јарецот зборува малку, но кога ќе се вклучи, неговите зборови имаат тежина. Дејствува стратешки и се вмешува само кога е потребно. Не манипулира со емоции, туку поставува граници и го враќа фокусот кон целта.
Забава
(Видео) Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“
Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-балада која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.
Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во пратечките вокали.
Видеоспотот се снимаше во планинскиот еко центар Grizzly – уникатна дестинација на најубавиот видик на езерото Козјак, во продукција на 20TWO Studio a под режисерската палка на Крсте Шупев.
Видео записот ја следи оваа внатрешна трансформација преку силна визуелна симболика. Главниот лик е жена која надворешно изгледа смирено и контролирано облечена во црно, во стаклен простор среде шума. Таа гледа кон светот надвор, но останува затворена во сопствената тишина, стабилна однадвор, а скршена одвнатре.
Во вториот дел од приказната, истата жена е прикажана во стаклена кутија, обвиткана во нежни слоеви, речиси разголена од сопствените заштити , ранлива, искрена и без маска.
Стиховите „Тажно е што не те ни боли…“ и „Да поверувам, небитен си“ добиваат силна визуелна тежина, претворајќи ја песната во приказна за најтешката битка, прифаќањето дека си станал небитен за некој кој сè уште ти значи.
Во финалето, двете верзии на истата жена се соочуваат лице в лице, допирајќи се преку стакло. Тоа е момент на вистина , прифаќање на болката и сознание дека силата започнува токму кога ќе ја признаеш.
Стајлингот е на самата Симона, во уникатните одела на Сигнори.
„Небитен“ е приказна за љубовта што тивко крши и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие „сè“.
Забава
Грдо изгледа, но е превкусен: здрава верзија на банана лебот
Без брашно, без шеќер и без грижа на совеста – здравата верзија на банана лебот е сè што ви треба за да ги ограничите желбите за слатки.
Сите го знаеме рецептот за популарниот банана леб кој одамна го освои светот, но… Дали знаевте дека овој деликатес, или како и да сакате да го класифицирате, сега има своја здрава верзија?
Да, добро слушнавте!
Фитнес манијаците исто така си ги извалкаа рацете овде, претворајќи сосема обичен рецепт во вистинска нутритивна бомба – без брашно, без шеќер и без грижа на совеста!
Состојки:
- 3 банани (по можност презреани)
- 3 јајца (средна големина)
- 2 лажици грчки јогурт (би било добро ако користите вистински грчки јогурт)
- една лажичка мед (можете да користите две, но бананите се доволно слатки)
- една лажичка екстракт од ванила
- 2 чаши (на пример од 240 г) мелени овесни снегулки
- една лажица протеини (30 г протеини од ванила, но ќе биде доволен и кој било друг вкус. Можете, но не морате да го додадете ова)
- прстофат сол
- сода бикарбона – доволно за да се покрие врвот на лажичката
- една лажичка прашок за пециво
- боровинки – (можете, но не морате)
- темно чоколадо за посипување (можете, но не морате)
Подготовка:
Изгмечете 3 банани во сад, додадете јајца, грчки јогурт, мед и екстракт од ванила. Измешајте малку рачно, а потоа со миксер. После тоа, додадете суви состојки – овесна каша, протеини, сол, сода бикарбона, прашок за пециво.
Мешајте повторно 5 минути.
Време е за печење!
Истурете половина од филот во калапот, потоа додадете боровинки. После тоа, премачкајте ги боровинките со остатокот од филот, а потоа наросете со чоколадо.
Во претходно загреана рерна, печете го лебот од банана на 200 степени, на хартија за печење – 20 минути (можеби ќе треба да печете уште 5-6 минути, но потоа намалете ја температурата на рерната на 150 степени)
Естетиката на лебот не е јаката страна, но затоа е превкусен.

