Забава
Брус Вилис ја избриша Деми Мур од тестаментот
Холивудската ѕвезда Брус Вилис одлучи да го измени тестаментот и да ја исклучи од наследство поранешната сопруга Деми Мур.
Причината, според изворот што ја пренесе оваа информација, е богатството на Мур, проценето на повеќе од 200 милиони долари, што е доволно да им помогне на нивните деца во случај да имаат парични проблеми.
Пред извесно време Вилис најави повлекување по дијагностицираната афазија, болест поврзана со оштетување на мозокот. Ова, меѓу другото, влијае и на секојдневниот живот, со тоа што ги попречува неговите комуникациски вештини и способноста за говор.
Разбирливо, болеста влијаела и на неговата способност да работи како актер, а тоа е еден од факторите за неговото пензионирање. Ова го натера да посвети повеќе време на своите најблиски, меѓу другото, бидејќи сега има повеќе слободно време.
Тој го помина овој Божиќ опкружен со семејство вклучувајќи ја и неговата поранешна сопруга Деми Мур, како и Ема Хеминг, неговата сегашна сопруга. Актерот одлучи да го помине Божиќ со двете заедно и со сите свои деца.

Делумно поради ова, големо внимание привлече ексклузивата што ја објави „Радар онлајн“ дека Вилис го изменил тестаментот за да ја изостави Мур. Мајката на три негови деца повеќе нема да биде вклучена иако според последните случувања се чини дека нивниот однос е добар.
Според истиот портал, ваквиот потег има сосема логично оправдување. Сопственото големо богатство на Деми Мур е повеќе од доволно за да ги обезбеди трите заеднички ќерки: Румер (34), Скаут (31) и Талула (28).

Најголем дел од богатството на Вилис ќе оди кај неговата сегашна сопруга и нивните две мали ќерки, десетгодишната Мејбел и осумгодишната Евелин.
„Брус сакаше да се увери дека неговото младо семејство е згрижено“, изјави инсајдер за „Радар онлан“.
„Тој верува дека Румер, Скаут и Талула во текот на својот живот го добиле најдоброто од она што тој имал да го понуди финансиски“.
Оваа одлука на поранешниот актер не се очекува да влијае на неговиот однос со Мур.
Тестаментот на Брус, всушност, беше преработен пред неколку години кога се ожени со Ема во 2009 година, беше изменет по раѓањето на децата, а потоа повторно кога беше јасно дека здравјето на Брус е нарушено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

