Забава
Ванеса Брајант ќе добие 28,85 милиони долари отштета за споделените фотографии од хеликоптерската несреќа
Округот Лос Анџелес се согласи да им плати на Ванеса Брајант и на трите нејзини ќерки речиси 30 милиони долари за да ги решат судскиот спор и потенцијалните побарувања во врска со споделувањето графички фотографии од хеликоптерската несреќа во јануари 2020 година во која загина нејзиниот сопруг, кошаркарската ѕвезда Коби Брајант, и една од нивните ќерки, стои во судскиот документ поднесен во вторникот.
Спогодбата вклучува 15 милиони долари што ѝ ги додели поротата во август, со дополнителни средства за намирување на потенцијалните побарувања од страна на нејзините ќерки.
„Денеска се одбележува успешната кулминација на храбрата битка на госпоѓа Брајант да ги повика на одговорност оние што се вклучија во ова гротескно однесување“, се наведува во соопштението на Луис Ли, адвокатот на Брајант.
„Таа се бореше за својот сопруг, својата ќерка и сите оние во заедницата чии починати семејства беа третирани со слично непочитување. Се надеваме дека нејзината победа на судењето и оваа спогодба ќе стави точка на ваквата практика“.
Вдовицата на кошаркарската ѕвезда Коби Брајант го тужеше округот Лос Анџелес откога некои од вработените споделија графички фотографии од несреќата во која загинаа нејзиниот сопруг и една од нивните ќерки. Таа тврдеше дека живеела во страв оти фотографиите од несреќата ќе се појават на интернет, каде што нејзините деца би можеле да ги видат.
На 26 јануари 2020 година Коби (41) и неговата ќерка Џана (13) беа во хеликоптерот со уште седум лица кога тој се урна во услови на магла надвор од Лос Анџелес. Сите патници загинаа. Набргу потоа Ванеса Брајант дозна дека некои вработени во пожарникарската служба и шерифовиот оддел споделиле експлицитни фотографии од човечки останки од несреќата.
Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес се согласи да му плати на семејството Брајант 28,85 милиони долари за да ги реши тужбата и потенцијалните идни барања на вдовицата и нејзините ќерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.
Забава
По 20 години, Аврил Лавињ проговори за теоријата на заговор дека ангажирала двојничка: „Тоа ми е многу глупаво“
Аврил Лавињ неодамна зборуваше за митот што ја следи со години, а се работи за тоа дека на врвот на кариерата решила да ангажира двојничка по име Мелиса.
Во средината на 2003 година се појавија шпекулации дека панкерката решила да ја ангажира Мелиса по албумот Let Go и од оваа гледна точка ѝ е смешно.
„Мислам, едноставно, смешно ми е. Од една страна, некои велат: „О, боже, изгледаш потполно исто. Не си остарела ни ден“, а потоа други луѓе велат дека постои теорија на заговор дека тоа не сум јас“, рече Аврил додавајќи дека тоа е глупост.
View this post on Instagram
Сепак, таа не сакаше да прави драма за ова, а на сѐ гледаше од попозитивна страна.
„Искрено, не е толку лошо. Можеше да биде и полошо, нели? Мислам дека добив добра реклама. Не го гледам како нешто негативно. Не е ништо страшно“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.
Оваа бизарна теорија се појавила на почетокот на овој век, а причината била наведена дека Аврил била исцрпена поради славата и популарноста. Некои отидоа и чекор подалеку и мислат дека пејачката починала меѓу албумите Let Go од 2002 година и Under My Skin од 2004 година, а потоа ја замениле со Мелиса.
Теоретичарите на заговор повторно ја почнаа оваа тема пред неколку години на „Твитер“ во тоа време (сега X) и сакаа да ја поддржат оваа тема со докази засновани на промената во нејзиниот изглед со текот на годините, како и тетоважата, која изгледаше како да пишува Мелиса.