Забава
Вајола Дејвис ќе ја глуми Мишел Обама во ТВ-серија

Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја игра поранешната американска прва дама Мишел Обама во нова ТВ-серија на американската кабелска мрежа „Шоутајм“, беше објавено во средата.
First Ladies („Први дами“) ќе се фокусира на сопругите на американските претседатели и нивниот живот во Белата куќа, а медиумите велат дека во серијата ќе бидат прикажани и Елеонора Рузвелт и Бети Форд.
„Сопругите на претседателите имаат значително влијание не само врз водачите на нацијата туку и на самата земја“, рече Јана Вајногред, претставник на кабелската и сателитска мрежа „Шоутајм“.
Дејвис (54) досега трипати е номинирана за „Оскар“, а во 2017 година таа, конечно, ја освои престижната награда за најдобра споредна улога во Fences.
Актерката освои „Еми“ во 2015 година за улогата во How to Get Away With Murder, во шестата и последна сезона што ќе се емитува оваа година.
Дејвис исто така ќе биде извршен продуцент на „Првите дами“, велат од „Шоутајм“.
Мишел Обама (56) минатиот месец освои „Греми“ за својата автобиографија Becoming („Моја приказна“). Таа доби награда за најдобар говорен албум – или албум со раскажување – за аудиоверзијата на книгата, која излезе пред две години и бргу стана бестселер. Книгата е преведен на 30 јазици.
Автобиографската книга открива дека поранешната прва дама го осудува претседателот Доналд Трамп дека се сомнева во државјанството на нејзиниот сопруг и ја промовира идејата дека е роден во странство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.
Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.
Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.
A very candid moment for the Princess of Wales who is so used to weathering her storms in private:
“You put on a sort of brave face and stoicism through treatment… the treatment is finished ‘it’s like: “I can crack on, get back to normal,” but actually the phase afterwards is… pic.twitter.com/HCijiwO1lA— Canellecitadelle (@Canellelabelle) July 2, 2025
Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.
„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.
Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.
Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.
„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.
Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.
„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.
За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.
Забава
(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
View this post on Instagram
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.
Забава
Пејачката Даниела Мартиновиќ среќно вљубена во новиот партнер

Даниела Мартиновиќ објави фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ на „Инстаграм“.
Таа стави емотикон во облик на срце во описот на објавата. Многумина напишаа во коментарите дека Даниела и Јосип се прекрасен пар и дека им посакуваат многу среќа.
Врската на Даниела и Јосип стана позната на почетокот на 2023 година. Даниела тогаш изјави дека го запознала Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитетот преку интернет во 2022 година. Полицијата бргу го решила случајот, а Даниела и Јосип продолжиле да се дружат. Сега градат куќа заедно.
Ова е првата јавна врска на Даниела Мартиновиќ по завршувањето на 24-годишната врска со Петар Грашo во 2021 година.
Јосип, патем, ѝ се врати на музиката на почетокот на минатата година. Тој ја напушти полицијата и повторно го обедини својот стар бенд „Изван закона“.