Забава
Венеција ќе им забрани на туристите да седат на земја
Венеција, градот познат по своите канали, е туристичка Мека последниве години, а бројот на туристи далеку го надмина бројот на населението и предизвикува притисок врз ограничената инфраструктура во градот. Властите во Венеција сега размислуваат да им забраната на луѓето да седат и да лежат на земја како дел од острите мерки против невоспитаните туристи, пренесува „Гардијан“.
Предлогот е на градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, и ќе спроведе забрани со казни од 50 до 500 евра ако забраната се прекрши. Градскиот совет треба да гласа за предлогот во октомври. Властите, исто така, размислуваат да ја забранат музиката на чамци, кои се главно превозно средство за жителите бидејќи сообраќајот на моторни возила е забранет во Венеција.
Бруњаро го направи приоритет управувањето со туристичката индустрија уште од неговиот избор во 2015 година. Тој ги предводеше напорите со мерки кои се движат од парични казни за непослушните туристи до зголемено полициско присуство.
Фрлањето отпад, бесцелното талкање и оскудно облечените туристи веќе можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Во мај, официјални претставници на Венеција го забранија отворањето нови продавници за храна во следните три години во обид да го намалат бројот на туристи што јадат на скалите пред црквите и на историски мостови.
Минатата година градскиот совет на Венеција даде зелено светло за мерките предложени од Бруњаро, вклучувајќи го отворањето пунктови во прометните делови, зголемување на бројот на полицајци, нови мапи со алтернативни туристички рути и промовирање на помалку познатите знаменитости на Венеција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

