Забава
Вергара откри каков маж бара: Сакам некој што има барем толку пари колку мене или повеќе, ако нема, тоа станува кошмар
Софија Вергара, ѕвезда од серијата „Модерно семејство“, зборуваше за разводот од актерот Џо Манганиело, но и за тоа што бара кај идниот партнер.
Вергара и Мангаело беа во брак седум години, но бракот заврши, вели таа, поради несогласувања околу децата.
„Мојот брак заврши затоа што мојот сопруг беше помлад и сакаше деца, а јас не сакав да бидам стара мајка“, рече 52-годишната актерка.
„Не мислам дека е фер кон детето. Ги почитувам оние што го сакаат тоа, но тоа веќе не е за мене“, додаде таа.

Манганиело, од друга страна, во интервју за „Менс џурнал“ во 2024 година изјави дека тие едноставно се оддалечиле со текот на времето.
Познатата актерка во една емисија откри какви карактеристики би сакала да поседува нејзиниот иден партнер.
„Сакам некој висок и згоден“, рече таа со смеа, а потоа додаде со посериозен тон:
„Сакам некој што има барем толку пари колку мене или повеќе. Бидејќи ако нема, тоа станува кошмар.“
Според неа, финансиските разлики можат да станат извор на проблеми во врската.
„На крајот, тој маж може и замери или да ја мрази жената што заработува повеќе“, објасни таа.
Таа исто така истакна дека најважно за неа е да ужива и да се забавува со својот иден партнер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Емили Ратајковски повторно провоцира: „Никогаш нема да ми здосадат овие фотографии од тебе“
Познатата манекенка Емили Ратајковски често споделува провокативна содржина на социјалните мрежи, дури и сега кога се шпекулира дека е вљубена во Ромен Гаврас, кој е десет години постар од неа.
Сепак, многу поинтересно од нејзиниот приватен живот е нејзиниот јавен живот исполнет со претежно провокативни објави, оскудна гардероба и гол задник со кој обожава да се покажува.
Сега Емили позираше во чипкана долна облека преку која имаше преголема бела кошула и сето тоа немаше да биде ни најмалку провокативно доколку манекенката не се свртеше и не создаде хаос.
Провокативните танга гаќички беа во преден план, а убавата Емили повторно му го покажа на светот својот задник. Иако не ѝ е прв пат, луѓето во коментарите беа воодушевени како да е така.
„Немам зборови“, „Божица“, „Никогаш нема да ми здосадат овие фотографии од тебе“, „Гориш, убава“, „Какво тело“, „Неверојатна жена“, „Каква глетка, ќе останам без здив“, беа некои од коментарите под нејзината објава.
Забава
(Видео) Најдобрата вежба за стегнат задник
Како што температурите се намалуваат и тренинзите се префрлаат од парковите во теретаните, фокусот повторно е на докажани вежби за сила и форма.
Главниот фокус, секако, се задникот и нозете. Интернетот е полн со програми за „peachy gluteus“ и силни нозе, но кога ќе се собере сè и ќе се одземе, постои една вежба која постојано се издвојува како кралица на долниот дел од телото – бугарско чучнување.
Повеќето луѓе прво помислуваат на стандардното чучнување или популарниот hip thrust кога сакаат да го активираат задникот. И да, и двата се одлични за вежбање, но не се број 1. Според многу тренери и студии, бугарско чучнување е супериорна вежба кога станува збор за активирање на мускулите на задникот, тетивите и квадрицепсите. Тоа е еднострана вежба која ги таргетира вистинските мускули, а воедно ја подобрува рамнотежата, стабилноста и симетријата на телото.
Бугарско чучнување се изведува со поставување на едното стапало на подигната површина (обично клупа) додека се прави клекнување со другото. Иако изгледа едноставно, оваа вежба брутално ги погодува мускулите и по само неколку повторувања ќе почувствувате како „горат“ – во најдобрата смисла на зборот. Може да се прави со сопствена тежина, тегови или шипка, во зависност од вашето ниво на искуство.
Она што ја издвојува оваа вежба е максималното активирање на глутеусите во долната фаза од движењето и фактот дека ја елиминира можноста посилната нога да ја „преземе“ работата на послабата, што е чест проблем кај класичните чучњеви. Покрај тоа, бидејќи бара рамнотежа и координација, ги вклучува и мускулите на јадрото, па затоа работите со повеќе мускулни групи во една вежба.
Значи, ако сакате да ги обликувате нозете и задникот, а не сакате да поминувате часови во теретана правејќи бесконечни серии, бугарско чучнување треба да биде на врвот на вашата листа. Не е најлесно, но дефинитивно е најефикасна вежба.
Забава
Држете ги овие хороскопски знаци блиску до вас – тие ќе ви го направат животот поубав
Постојат луѓе во чие друштво сите се чувствуваат удобно, без оглед на околностите. Тие не се наметнуваат, не се преправаат дека се совршени и не бараат внимание, а сепак оставаат силен и позитивен впечаток.
Нивното присуство е смирувачко, нивните зборови влеваат самодоверба, а нивните постапки честопати зборуваат погласно од која било самопофалба. Според астролозите, три хороскопски знаци се издвојуваат особено затоа што ретко наидуваат на критики – повеќето луѓе имаат само пофални зборови за нив.
Вага
Вагата е речиси универзално сакана затоа што знае како да одржува рамнотежа во секоја врска. Нивната способност да слуша, да разбира различни перспективи и да смирува напната ситуација ги прави исклучително пријатни соговорници. Луѓето ги ценат за нивната пристојност, тактичност и чувство за правда, но и затоа што ретко донесуваат избрзани заклучоци. Во општеството, тие оставаат впечаток на личност на која можете да се потпрете без страв од осуда.
Бик
Биковите уживаат репутација дека се сигурни и стабилни луѓе, оние кои не даваат ветувања лесно, туку кои го исполнуваат она што го кажуваат. Нивната смиреност и доследност инспирираат доверба, поради што другите често ги гледаат како „безбедно засолниште“. Луѓето ги фалат за недостатокот на драма, за нивното трпение и за ретко менување на позициите под притисок. Токму оваа комбинација од смиреност и лојалност ги прави толку високо ценети.
Лав
Иако често се издвојуваат во општеството, Лавовите се сакани затоа што знаат како да ги натераат другите да се чувствуваат важни. Нивната топлина, дарежливост и искрена поддршка оставаат силен впечаток, особено кога некому му е потребна охрабрување. Луѓето ги фалат затоа што не се радуваат на туѓите неуспеси и не штедат комплименти кога некој ги заслужува. Зад нивната самодоверба често стои искрена желба да ги натераат сите околу нив да се чувствуваат удобно.

