Забава
Видеоигри на „Нетфликс“ од оваа недела, но само за оние што имаат андроид
„Нетфликс“ ги лансира своите први игри за паметни телефони, пренесува Би-би-си.
Игрите ќе бидат лансирани низ целиот свет за да се пробијат на пазарот за претплата на мобилни игри.
Оваа недела новиот апдејт или ажурирање ќе биде достапен за сите корисници на андроид паметни телефони, а ќе вклучува приказ на игри што може да се преземат.
За почеток ќе бидат активни пет игри: Stranger Things: 1984, Stranger Things 3: The Game, Card Blast, Teeter Up и Shooting Hoops.
„Иако ова е почеток на долго патување, ние сме возбудени што можеме да обезбедиме искуство за играње кое е различно од она што е достапно денес – ексклузивни мобилни игри без реклами, во апликација вклучени во вашата претплата на Netflix“, Би-би-си го цитира соопштението на „Нетфликс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нина Бадриќ се присети на својот прв настап: Бевме само јас и келнерот, не ми платија
Во неодамнешното интервју за „Ин Магазин“, Нина Бадриќ се присети на почетоците на нејзината кариера.
Кога имала 18 години, решила да се занимава со пеење. Таа тврди дека не и била платена ниту за првиот професионален настап.
„Првиот професионален настап беше, добро се сеќавам на островот Крк, каде што јас и келнерот бевме на настапот. Тоа беше мојот прв професионален настап, за кој секако не добив пари бидејќи сопственикот на клубот рече дека никој не дошол и дека нема зошто да биде платена“.
„Реков дека нема проблем и онака никој не ме познава, но за неколку години ќе слушнете која сум“, изјави 52-годишната пејачка.
Нина денес е една од најпопуларните пејачки во Хрватска и регионот.
Забава
Синот на Вил Смит привлече внимание на Греми, луѓето почнаа да го исмејуваат
Џејден Смит, синот на Вил Смит, на синоќешното доделување на Греми наградите се појави во интересна облека и со тоа стана хит на социјалните мрежи.
26-годишниот рапер и актер на црвениот тепих се појави во црн смокинг од модната куќа Луј Витон, а на главата носеше црн замок.
Неговото издание го привлече вниманието на екипата на социјалните мрежи, кои почнаа да го исмејуваат, а не недостигаа и забавни коментари.
„Сакам интернетот да знае дека Џејден Смит носи куќа на глава“, „Дали си го платил данокот на имот?“; „Ми се гади од чудни појавувања на холивудски познати личности“; „Не знаев дека е Ноќта на вештерките; „Изгледа дека има многу работи на ум“’ „Некој што е неважен се труди да биде важен“’ „Оној што седи зад него нема да се забавува“ се дел од коментарите.
Инаку, Џејден на доделувањето на наградите се појави со неговата сестра Вилоу, која беше номинирана во две категории со нејзините песни Big Feelings и Empathogen, но не освои Греми награда.
Забава
Северина за протестите во Србија: Каква чест е да ме носите на плакати
Неколку десетици илјади студенти и граѓани во саботата се собраа на протест во Нови Сад, блокирајќи три моста, по повод три месеци од смртта на 15 лица при уривање на настрешница на железничката станица во тој град.
На студентите во Нови Сад им се придружија и нивните колеги од Белград, средношколци, мотоциклисти, земјоделци, здравствени работници и бројни граѓани.
По тој повод се огласи и хрватската пејачка Северина, а студентите повторно го имаа нејзиниот цртеж на плакатите.
„Зборовите би расипале се, само молчев… Каква чест е да ме носат на транспарентот. Благодарам на студентите кои ги изнесоа луѓето на улиците во Хрватска и низ светот, кои ги обединија овие земји во добрина, во чесност, во солидарност, во правда, во хуманост. Каков фестивал на хуманоста. Ова што го правите ќе влезе во учебниците како најсветлиот дел од историјата на овој регион, последните 30 години“, напиша 52-годишната пејачка на Инстаграм.