Забава
(Видео) Адел навестува нова музика
Со видеоспот за песната Easy On Me британската пејачка Адел ја најави својата прва нова музика од 2015 година, кога освои Греми-награда за албумот „25“.
Позната по баладите на врвот на топ-листите како Hello и Someone Like You, Адел во вторникот сподели црно-бело видео на своите страници на Твитер и Инстаграм, а во објавата напиша: „Easy On Me – 15 октомври“.
Видеото ја прикажува пејачката во автомобил, како става лента во касетофон, го проверува ретровизорот, ја зголемува јачината на звукот, а потоа си заминува со возило со спакувани работи.
Тивка клавирска музика свири во позадина додека листови музички ноти летаат низ прозорецот.
Адел го објави „25“ во ноември 2015 година. Тој беше на врвот на топ-листите низ целиот свет и ја доби посакуваниот трофеј за албум на годината на Греми- наградите.
Во текот на последните неколку дена нејзините фанови на интернет шпекулираа дека 33-годишната ѕвезда треба да објави нова музика, откако бројот „30“ мистериозно осамна на зградите ширум светот.
Адел алудираше на нејзината возраст за време на пишувањето и продукцијата кога ги именуваше нејзините претходни три албуми, „19“, „2“ и „25“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Без да кажеш збор“ – новиот сингл на Мартинијан Кириловски што зборува со тишина, а освојува со емоција
По својот впечатлив настап на овогодинешниот Макфест, каде публиката првпат ја слушна „Без да кажеш збор“, Мартинијан Кириловски го претстави и видео записот за песната која веднаш го освои вниманието на јавноста.
Ова е композиција со која Мартинијан го потврдува својот автентичен израз и зрелоста што ретко се среќава кај млади изведувачи, комбинација на современ звук, емоционална длабочина и беспрекорна интерпретација.
Песната е целосно авторско дело на Илија Ќосевски, кој ги потпишува музиката, текстот и аранжманот. Таа носи брз и динамичен ритам, но зад енергичниот пулс се крие приказна што говори за најнежната форма на љубов, онаа што не бара зборови.
„Сакав да покажам дека и во брз ритам може да се раскаже нешто што се чувствува, не само што се пее. Понекогаш токму тишината зборува најмногу. Оваа песна е за тој миг кога не ти треба ништо освен нечиј поглед за да знаеш сè“. – вели Мартинијан.
Видеото е снимено во ProLight Studio во Скопје, под режисерска палка на Томислав Живковиќ, кој создаде визуелна естетика што совршено ја надополнува песната. Во спотот се појавува моделот Евгенија Петрушевска од Max Models, која со својата појава внесува суптилност и женствена енергија во визуелната приказна.
Самиот Мартинијан ја изведува песната со сигурност и емоција што потсетува на искуство далеку поголемо од неговите години. Со секоја нова изведба, тој покажува дека не го следи трендот, туку го создава својот сопствен пат, пат што води кон квалитет, искреност и уметничка вистина.
Песната е достапна на сите дигитални платформи, а видеото можете да го погледнете на YouTube каналот на Мартинијан Кириловски.
Забава
Три хороскопски знаци се мајстори на заведување – не можете да им одолеете
Во светот на астрологијата, постојат знаци кои се издвојуваат по својата неодолива харизма, самодоверба и способност да освојат речиси секој што го сакаат.
Нивниот поглед, зборови и став создаваат магија на која е тешко да се одолее. Ако некогаш сте се запрашале кои хороскопски знаци се сметаат за вистински заводници, еве три кои се издвојуваат – мажите родени под овие знаци едноставно знаат како да ве освојат.
Шкорпија – темниот господар на страста
Маж роден под знакот на Шкорпија не мора многу да каже – неговата енергија прави сè за него. Тој зрачи со мистерија, и токму оваа енигма ги привлекува другите како магнет.
Неговиот поглед е длабок, продорен и се чини дека ги чита вашите мисли. Шкорпиите се познати по нивната силна сексуална енергија и емоционален интензитет, па затоа не е ни чудо што ретко останувате рамнодушни околу нив.
Кога заведува, Шкорпијата не го прави тоа површно. Тој сака да ве разоткрие, да ве запознае до срж и целосно да ве плени. Овие мажи знаат како да создадат чувство дека сте единствената личност на светот, што ги прави речиси непогрешливи во играта на заведување.
Лав – кралот на самодовербата и шармот
Лавот не мора да се обидува да биде во центарот на вниманието – тоа едноставно се случува. Мажите родени под овој знак поседуваат вродена самодоверба, шарм и топлина што ги прави неодоливи.
Тие знаат како да импресионираат, да ласкаат, но и да обрнат внимание на начин што малкумина го забораваат.
Заводливоста на Лавот доаѓа од неговиот искрен ентузијазам и енергијата што ја зрачи. Тој сака да сака, но исто така сака да биде обожаван.
Кога Лавот заведува, тоа го прави со насмевка, хумор и достоинство – а нивниот настап речиси секогаш остава силен впечаток.
Близнаци – мајстори на зборови и ментални игри
Мажот Близнак не освојува со поглед или гест – тој освојува со својот ум. Неговите оружја се духовитоста, шармантната комуникација и непредвидливоста.
Неговите реченици се како игра во која ве влече сè подлабоко и подлабоко, сè додека не сфатите дека сте целосно заробени.
Близнаците знаат како да се прилагодат на секоја ситуација, па затоа заведувањето им е природно како и дишењето. Ќе ве насмеат, ќе ве заинтересираат и ќе ве натераат да посакувате повеќе.
фото: принтскрин
Забава
Кралицата на Ноќта на вештерките шокира: пристигнаа првите фотографии од најгрдиот костим
Хајди Клум (52), супермодел и кралица на „Ноќта на вештерките“, повторно ја разбранува јавноста со својата најнова фотографија на Инстаграм.
Наместо провокативните и привлечни фотографии на кои сме навикнати, таа објави фотографија од гипс од своето тело, вклучувајќи го грбот и задникот.
Оваа необична објава ги шокираше фановите, но во исто време ги натера да се запрашаат – каков бизарен костим подготвила сега?
Позната по своите неверојатни трансформации за празникот „Ноќта на вештерките“, Клум откри за „Пипл“ дека планира повторно да ја изненади јавноста со нешто сосема спротивно на гламурот.
„Ќе бидам многу грда, бидејќи секогаш се обидувам да направам нешто различно“, рече таа со насмевка и додаде:
„Минатата година бев слатка како Е.Т., но сега сакам да одам на нешто покомплицирано. По црвот, кој беше едноставен, сакав да се вратам на нешто лудо и комплексно. Најгрдото“, додаде Хајди.
фото: принтскрин

