Забава
(Видео) Адриен Броди плукна гума за џвакање пред сите на „Оскарите“ и ја фрли кон својата девојка

Адриен Броди го доби својот втор „Оскар“ за најдобар актер благодарение на улогата во „Бруталист“, во режија на Брејди Корбет.
Кога Броди се качи на сцената во театарот „Долби“ во Холивуд, тој направи нешто необично – плукна гума за џвакање и ја фрли кон својата девојка Џорџина Чепмен пред да го почне својот говор.
@news.com.au Adrien Brody threw his gum to his girlfriend right before he went on stage to accept his Oscar for Best Actor. #adrienbrody #oscars #oscars2025 #entertainment #celebrity #actor #movies #tv ♬ Eewh – Internet Cultura
Овој потег предизвика големи критики, а клипот бргу се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците ги коментираа неговата грубост и необично однесување на „Оскарите“. „Можеше да ја стави во џебот, ова беше чудно“, „Непристојно, многу грубо“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Роузи Хантингтон-Вајтли блеска во бикини од „Барбери“, ги воодушеви своите следбеници

Вајлти (38) објави атрактивни фотографии од зад сцената. Објавата предизвика лавина коментари од обожаватели и познаници од светот на шоубизнисот, кои ја обсипуваа со комплименти и пофалби за нејзиниот изглед.
Таа исто така покажа низа елегантни комбинации, вклучувајќи црна кожна јакна со бели фармерки и беж мантил во комбинација со бела маичка и очила за сонце.
Забава
Даниел Редклиф се појави со девојката, некои ги нарекоа „смешни“ поради разликата во висината

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко јавно појавување со својата девојка на премиера во Њујорк.
Ѕвездата од „Хари Потер“, Даниел Редклиф (35), беше фотографиран со својата девојка Ерин Дарк (40). Двајцата дојдоа на премиерата на мјузиклот „Just in Time“ во Њујорк.
View this post on Instagram
Тие насмеано позираа за фотографите и повторно беа главна тема поради разликата во висината. Некои дури отидоа дотаму што го прогласија овој пар за „смешен“ само поради тоа.
View this post on Instagram
Нивната љубовна приказна датира од 2012 година, но и двајцата се обидуваат да ја зачуваат својата приватност колку што е можно повеќе.
Даниел и Ерин се запознаа на снимањето на „Kill Your Darlings“, а потоа играа двојка. Набргу потоа, тие започнаа врска во реалниот живот. Една година подоцна, тие официјално ја потврдија својата врска кога се појавија заедно на доделувањето на наградите Тони.
Забава
Овој хороскопски знак е роден да страда и да биде вечно несреќен

Вага – најтажниот знак на зодијакот, свој најголем непријател!
Иако во астрологијата Вага се смета за симбол на рамнотежа, убавина и хармонија, зад оваа навидум смирена надворешност лежи длабока емоционална чувствителност.
Токму оваа внатрешна борба може да го направи најтажниот знак во целиот хороскоп. Вагите, родени од 23 септември до 22 октомври, често ја воодушевуваат околината со својот шарм, дружељубивост и духовитост.
Сепак, нивниот постојан стремеж кон совршенство и хармонични врски може емоционално да ги исцрпи.
Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваат Вагите е потребата да анализираат сè длабински. Тие постојано ги разгледуваат сите опции, го одмеруваат секој збор и се обидуваат да донесат најфер одлука. Ова често ги тера да се чувствуваат парализирано, несигурно и внатрешно збунето.
Вагите копнеат по прифаќање, мир и љубов. Кога чувствуваат дека не се доволно ценети или дека нивните напори да одржат рамнотежа остануваат незабележани, ги обзема чувство на разочарување и тага.
Тие секое несогласување го доживуваат длабоко, како личен пораз.
Како знак управуван од правда и морални принципи, тие често се наоѓаат во внатрешен конфликт – помеѓу она во што веруваат и она што всушност се случува. Таа борба е исцрпувачка и ги остава во состојба на длабока емоционална празнина.