Забава
(Видео) Американка го прослави 107. роденден: Долговечна сум затоа што никогаш не се омажив

Луис Сигноре од Њујорк го прослави својот 107. роденден со пријателите и голем број новинари, а сите присутни беа љубопитни за тоа како успеала да доживее длабока старост и која е тајната на долговечноста. Симпатичната баба вели дека доживеала длабока старост бидејќи никогаш не се омажила.
„Дефинитивно, тоа е тајна. Сестра ми рече дека посакува никогаш да не се омажила“, вели Луис, која на семејството и на пријателите им забрани да ѝ прават роденденски забави кога наполни 100 години, но тие не ја послушаа.
Луис е многу здрава жена за својата возраст, зема само една пилула на ден против висок крвен притисок. Пред неколку години таа беше ограбена на улицата кога крадец ја турна на земјата, но таа не се плаши.
„Во добра форма сум и секако дека и понатаму излегувам на прошетки“, вели бабата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Меланија Трамп привлече внимание во ОН во бела комбинација

Првата дама на САД, Меланија Трамп, му се придружи на својот сопруг Доналд на патувањето во Обединетите нации, а за пригода таа се одлучи за елегантна модна комбинација.
Кога излезе од „Трапм тауер“, таа носеше впечатлив бел костим со панталони од „Долче и Габана“, во комбинација со блуза во кафеава боја од брендот „Макс Мара“.
Интересно е што италијанското дуо Долче и Габана го дизајнира и костимот што го носеше за нејзиниот официјален портрет во Белата куќа во 2025 година. Иако Меланија е позната по својот софистициран изглед за важни настани, ова не е првпат таа да се одлучи за панталони.
Деловниот изглед оваа недела е значително поскромен од нејзиното прво јавно појавување во Мисијата на САД во ОН во 2018 година кога воодушеви во розов фустан од „Делпозо“ со драматични ракави, во комбинација со жешки розови штикли од „Маноло Бланик“.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Александра Пријовиќ го прослави својот 30-ти роденден и покажа како изгледа 20 дена по породувањето

Српската пејачка Александра Пријовиќ наполни 30 години, а на својот „Инстаграм“ сподели дел од атмосферата од прославата со своите најблиски.
Таа објави видео во кое пее песна додека ја прегрнува својата баба. Како што напиша, тоа била првата песна што ја научила од неа.
Покрај видеото со баба ѝ, Александра објави и фотографија на која позира со својот сопруг Филип Живоиновиќ во прегратка. Таа носеше црвен фустан за да прослави покажувајќи ја својата фигура 20 дена по породувањето.
Александра роди девојче на 3 септември во приватна клиника во Белград. Александра и Филип Живоиновиќ ја крстија својата ќерка Арија.
Набргу таа објави фотографија на „Инстаграм“, на која ја држи раката на своето новородено девојче.
View this post on Instagram
„Животот ни даде сè“, напиша таа заедно со емотикон во форма на розово срце.
Забава
Српската пејачка ги изненади обожавателите со прашање за воспитувањето деца: Дали тепањето дојде од рајот?

Српската пејачка Марија Шерифовиќ објави анкета во својот „Инстаграм“ поврзана со воспитувањето, која ја сподели со публиката. Марија стана мајка на Марио кон крајот на 2023 година и оттогаш споделува моменти со него на социјалните мрежи.
Овој пат таа се осврна на контроверзна тема, која некои не ја поддржаа.
View this post on Instagram
„Да ја почнеме неделата со малку балканска анкета за родители: Дали тепањето дојде од рајот?“, ги праша таа своите обожаватели.
Дури 68 проценти од луѓето се согласија со изјавата, а 32 процента веруваат дека физичкото казнување не е исправно во воспитувањето деца.
View this post on Instagram
По анкетата, Марија објави видео наречено „Непопуларна психологија: љубов, образование, цврста рака и карактер“. Во видеото се споменува дека во модерното време има премногу грижа за правата на децата и дека улогата на таткото ја изгубила својата важност.
фото: принтскрин