Забава
(Видео) Вирален ремикс на изјавата на Трамп за Бијонсе и Камала Харис го зафати „Тик-ток“

Доналд Трамп одвои еден момент на својот митинг за да ги критикува Џо Бајден, Бијонсе и Камала Харис. Поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Трамп беше на сцената во Траверс Сити, Мичиген во петокот кога зборуваше за своите противници во изборната трка.
@hashtagkarenag LMFAO i love the internet
Тој прво го спомна актуелниот претседател Џо Бајден велејќи: „Џо Бајден спие“, а потоа се осврна на потпретседателката Камала Харис и Бијонсе, која беше на нејзиниот митинг. „Камала Харис е на танцовата забава со Бијонсе“, рече тој со потсмешен тон додека носеше црна бејзбол капа на која беа испишани зборовите „Направете ја Америка повторно голема“.
@thealyshamorgan Dancers gon dance ✨ #blacktiktok #dancepartywithbeyonce #kamalaharris #beyonce #blackgirlmagic ♬ Immarkeyz – Bizzy Balboa
Тој дел од говорот на Трамп брзо стана вирален на Тикток, каде беше создадена ремикс верзија и многу корисници на Тикток танцуваат на неа.
@bizzybalboa If it was a dance party baby I would’ve been in the building. Song by @iMarkkeyz #beyonce #trump #kamala #timwalz #presidentialelection ♬ Immarkeyz – Bizzy Balboa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) „Ви благодарам на сите за честитките“: партнерката на Кијану Ривс проговори за венчавката

Откако веста дека Кијану Ривс и неговата долгогодишна партнерка Александра Грант наводно се венчале во тајност се прошири со огромна брзина, а потоа ПР-от на актерот проговори и објасни дека тоа не се случило и дека е само гласина, понежната половина на холивудскиот заводник и еден од омилените актери на денешницата „се вмеша“.
Александра Грант не можеше да одолее да не ги икоментира гласините дека се омажила за Кијану по седум години врска, а на тие тврдења директно одговори преку социјалните мрежи.
„Ова е вистинска фотографија. Не е објава за свршувачка или свадба… Едноставно, бакнеж! (Иако можеби момент порано или подоцна… со оглед на глупавите изрази на нашите лица!)“, изјави Александра.
„Го споделувам ова овде за да им се заблагодарам на сите за честитките за нашата свадба. Освен што не се венчавме. Добрите вести се многу потребни овие денови, но ова е сепак лажна вест, затоа бидете внимателни. Па еве ви вистинска среќа“, рече партнерката на Кијану Ривс.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Есента веќе пристигна за фаталната русокоса

Скарлет Јохансон веќе некое време го привлекува вниманието на јавноста. Неодамна имавме можност да ја видиме во дамско издание, а сега во облека што го најавува доаѓањето на есента.
Холивудската актерка неодамна беше фотографирана на улиците на Њујорк, каде што, според медиумите, имала закажано гостување во ТВ емисија.
За оваа пригода, убавицата одлучила да облече кафеав кожен капут, кој го комбинирала со панталони во малку посветла нијанса и црна кошула.
Својот стајлинг го надополнила со црна чантичка, а кога станува збор за шминка, се одлучила за „природни“ нијанси што го заокружиле овој есенски изглед.
Скарлет покажа како ја комбинира најпопуларната боја на оваа есен – кафеавата.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ким Кардашијан во проѕирен тесен сив комбинезон: луѓето се прашуваат како воопшто го облекла

Ким Кардашијан секогаш знае како да привлече внимание и тоа го прави добро со години, но… сигурни сме дека понекогаш не е баш удобно во гардеробата во која се појавува, па сите очи се вперени во неа. Меѓу тие парчиња е секако необичниот комбинезон што го носеше на отворањето на заедничката продавница на Skims и Nike во Њујорк.
Не е ни чудо што апсолутно сите гледаа во Ким Кардашијан, бидејќи нема да можете да го тргнете погледот од комбинезонот што го носеше, кој изгледа како футуристичка облека. Станува збор за проѕирен тесен сив комбинезон, кој не само што ги оцртува нејзините облини, туку и ги нагласува максимално.
Оваа комбинација е еден од првите модели од колекцијата создадена во соработка помеѓу брендот Nike и брендот на ријалити ѕвездата – Skims.
Секој детаљ од нејзиното тело беше истакнат, а дизајнот на комбинезонот е таков што изгледа како да носи долна облека преку облеката. Белите странични ленти на ракавите и ногавиците даваат впечаток на спортска елеганција, а Ким носеше сиви зашилени чевли и сива марама на главата со ова иновативно парче.
Иако овој стајлинг на Ким Кардашијан предизвика мешани реакции кај јавноста, па на некои им се допаѓа затоа што е оригинален, а на други го сметаат за бизарен и претерано, таа успеа во она што секогаш го очекува – да ги помести границите и да биде во центарот на вниманието. Веќе сме навикнати на храброста да носиме вакви изданија во јавност.
фото: принтскрин