Забава
(Видео) Готвачите на кралицата споделија рецепт за совршена куќа од тесто со ѓумбир

Овој Божик можеби изгледа прилично мрачен за многумина од нас кои не може да ги видат пријателите и семејството, но ако сакате празнична активност во текот на самоизолација, кралското семејство излезе во помош.
Готвачите на кралицата Елизабета Втора се огласија на социјалните мрежи за да го споделат својот рецепт за совршена куќа од тесто.
Во видеото, кое веќе го прегледаа над 1,4 милион корисници на „Инстаграм“, готвачите во кралската кујна споделуваат чекор по чекор водич за тоа како да направите своја сопствена креација, со витражи, украси од дрвја и снег од кралска глазура со вкус на лимон, се разбира.
Објавата гласи: „Во пресрет на Божик готвачите во кралските кујни го споделија својот рецепт за правење совршена куќа од тесто со ѓумбир. Следете го нашиот линк за целиот рецепт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Октомври носи пресврти: три знаци влегуваат во период што никогаш порано не го доживеале

Некои хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во месецот што претстои, затоа подгответе се за животните промени што ги очекуваат.
Октомври ќе значи мирен премин кон крајот на годината за многумина, но за три хороскопски знаци ова ќе биде месец на силни пресврти. Нивниот секојдневен живот ќе добие сосема ново лице, бидејќи животот ќе ги соочи со промени што ќе им ја отворат вратата кон иднината.
Шкорпија
Шкорпиите ќе почувствуваат силна трансформација во октомври. Промените можат да дојдат преку работата или личниот живот, а она што досега им било скриено, сега ќе излезе на виделина. Иако може да се чувствуваат преоптоварени, овој месец им дава можност конечно да свртат нова страница.
Вага
Вагата влегува во период на самодоверба и одлуки. Есента е нивно време, а октомври им дава храброст да затворат стари поглавја и да продолжат напред. Многумина ќе ги прекинат врските што повеќе немаат смисла, додека други ќе склучат нови партнерства што ветуваат.
Бик
Бикот ќе доживее финансиски и деловен пресврт. Можни се промени во работата, неочекувани понуди или можности што ќе ги изненадат. Она што на почетокот изгледа неизвесно, подоцна ќе се покаже како голем чекор напред.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) По чоколадата, Дубаи доби нов гастрономски хит!

По виралната „дубаи чоколада“, од Емиратите доаѓа нов гастрономски тренд – кроасан пица.
Станува збор за комбинација на слоевит кроасан кој служи како кора, со сос од домати, сирење и преливи. Новитетот првпат го претстави Papa John’s во Дубаи, а реакциите на публиката се одлични.
@ahlanlivedubai @Papa Johns AE ♬ ECE Marketing Airball – EC Equine Marketing
Кроасан пицата веќе е хит на TikTok и Instagram, каде инфлуенсери и блогери објавуваат видеа со своите први залци. Очекувањата се дека наскоро ќе се појави и во пицерии низ светот.
Забава
Четири хороскопски знаци кои најчесто ги изневеруваат своите партнери

Астролозите издвојуваат четири знаци кои, поради својата природа, се посклони кон неверство:
Близнаци – брзо им здосадува, па во потрага по ново возбудување често преминуваат граници.
Стрелец – љубители на слобода и авантура, кога врската станува рутина бараат возбуда на друго место.
Вага – нивната потреба за внимание и шармантност лесно ги носат во паралелни односи.
Риби – емотивни и чувствителни, кога се чувствуваат осамено или неразбрано бараат утеха кај друг.