Забава
(Видео) Дензел Вашингтон се крсти на 69 години: „Не ми е гајле кој што мисли“

Дензел Вашингтон прослави пресвртница во своето религиозно патување минатиот викенд.
69-годишниот Вашингтон, кој за неколку дена го слави својот 70-ти роденден, се крсти во црква во Харлем, Њујорк. Црквата ја пренесуваше богослужбата во живо на Фејсбук, вклучително и посебен момент кога Вашингтон се крсти и ја доби својата крштеница.
Кога му беше даден микрофонот да се осврне за овој значаен момент, Вашингтон рече дека официјално ја прифатил својата верска заедница на негова возраст, пренесува „Тудеј“.
„За една недела ќе наполнам 70 години“, рече тој. Беше потребно долго време, но јас сум тука“.
„Мојата работа е да го воздигнувам Бога, да го фалам, да се погрижам секој со кој разговарам до крајот на мојот живот да разбере дека Тој е одговорен за мене“, додаде тој. Актерот исто така истакна дека не се „плаши“ од реакцијата на јавноста за неговата религија.
„Не ми е гајле што мисли некој“, изјави Вашонгтон. „Видете, зборувајќи за тој страв – не можете да зборувате така и да добивате Оскар“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) На 50 години таа има лице и тело како девојка: во што е тајната?

Актерката Елса Патаки неодамна присуствуваше на настан за лансирање на брендот Biotherm во Мадрид. Сопругата на Крис Хемсворт е амбасадор на гореспоменатиот бренд, па затоа не е изненадување што таа беше заштитно лице на настанот.
За таа пригода, таа избра едноставна бела креација која ласкаше на нејзината завидна фигура, со асиметричен крој, длабоко деколте и отворени рамена.
За да го разбие монохроматскиот изглед, таа додаде потпетици со отворени прсти во боја на праска кои ги истакнуваа нејзините витки нозе.
Бидејќи е природно убава, немаше потреба од многу шминка, па актерката се одлучи за земјени тонови кои само малку ги истакнуваа нејзините црти.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја остави слободно да паѓа по грбот, а како додатоци додаде едвај забележливи обетки и нараквици.
Покрај нејзината модна комбинација, најголемо внимание на јавноста привлече младешкото лице, што го поставува прашањето – како го прави тоа?
Во интервју за „Harper’s Bazaar“, шпанската убавица еднаш призна дека клучот за нејзиниот успех е: физичка активност, правилна исхрана и „ментална кондиција“.
Што се однесува до нејзината рутина за убавина, Елса се труди да ја одржува едноставна и минимална, а да не вклучува многу производи за нега на кожата.
Еве што таа практикува:
- Соодветно чистење и миење со ладна вода
- Хидратација на кожата проследена со масажа на лицето
- И на крај, зелен чај
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Серена Вилијамс никогаш не изгледала послабо: се појави во проѕирен фустан во Милано

Поранешната тенисерка Серена Вилијамс ги потсети сите на својот нов изглед со нејзиното појавување на Неделата на модата во Милано, а благодарение на проѕирниот фустан, многумина не можеа да ги тргнат очите од неа.
Серена неколку пати беше главна тема поради својот изглед, а многумина коментираа за потенцијалните начини на кои ослабела.
Овој пат, таа се одлучи за драматичен изглед. Се појави во сив тесен фустан кој има пердуви на рабовите, а е проѕирен поради што јасно се видливи нејзините облини и мускули.
Гламурозна и драматична, тоа е најдобриот опис на нејзиниот изглед.
Серена никогаш не криела дека се мачи со килограмите, особено по породувањето, а потоа, меѓу другото, користеше и Оземпик, за што отворено зборуваше.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Трендовски маникир што мора да го пробате оваа есен

По лето полно со светли нијанси, време е да додадете нежни кафеави тонови во вашата колекција лакови за нокти и да им дозволите на потемните бои да заблескаат.
Прва се појави лате-шминката, која стана вирална на „Тик-ток“ и собра над 220 милиони прегледи во последните неколку недели.
View this post on Instagram
Таквата шминка подразбира користење топли кафеави тонови, како карамела и какао, на нашите очи, јаболкца и усни за заводлив ефект, кој е еднакво погоден и за сончевото летно време и за топлата есенска клима. Накратко, тоа е совршена идеја за нашиот транзициски изглед на шминка.
View this post on Instagram
Следно се лате-ноктите, кои го носат трендот во чоколадни тонови еден чекор понатаму.
View this post on Instagram
Топлите лате-тонови зрачат со чувство на удобност и елеганција, а совршено го надополнуваат секој есенски изглед.
фото: принтскрин