Забава
(Видео) Експертите го избраа најдобриот филм за периодот од 2000 до 2009 година

Порталот World of Reel неодамна спроведе анкета во која учествуваа 200 филмски експерти, а нивна задача беше да направат листа на пет најдобри филма од 2000-тите години.
Жирито беше составено од филмски критичари, актери, академици и режисери од разни земји, а тие избираа меѓу речиси 400 филма.
Еден филм извојува убедлива победа и заврши на врвот на оваа листа, а тоа е Mulholland Drive, односно „Булеварот на ѕвездите“, во режија на Дејвид Линч.
Станува збор за нео-ноар трилер од 2001 година, а главните улоги ги толкуваа Наоми Вотс и Лаура Елена Херинг. Овој необичен филм многумина го сметаат за едно од најдобрите достигнувања на Дејвид Линч, заедно со Blue Velvet, The Eraserhead, The Elephant Man и други.
Меѓу првите 10 филма базирани на истражувањето спроведено од World of Reel беа:
1) Mulholland Drive
2) There Will Be Blood
3) Zodiac
4) In the Mood For Love
5) No Country For Old Men
6) Children of Men
7) Eternal Sunshine of the Spotless Mind
8) Spirited Away
9) Yi Yi: A One and A Two
10) Lost in Translation
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„2 бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ в сабота во Паркот на франкофонијата

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.
Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.
„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.
„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски.
Забава
(Фото) Сите зборуваат за патиките на Карлос Алкараз: дали тој е новата модна икона?

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот.
Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој бргу стана тема и поради облеката.
На сите им го привлече вниманието со виолетовите патики, како и со маицата и шорцовите, кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако младата шпанска ѕвезда набргу стане модна икона.
Алкараз носеше светло розовамаичка без ракави и виолетови шорцови, а целиот изглед беше комплетиран со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел Nike Vapor 12, инспириран од патиките Vapor Pro 1 од 2020 година, кои често ги носеше во раните фази од својата кариера.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По разводот, таа процвета и ја потврди новата врска

Холивудската актерка Џесика Алба одамна не ја крие својата романса со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, но до сега немаше официјална потврда.
Џесика се појави и на финалето на Отвореното првенство на САД заедно со своето ново момче.
Двојката го гледаше возбудливиот натпревар помеѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер, во кој Шпанецот победи.
Првите претпоставки дека актерката започнала нова врска дојдоа само пет месеци откако поднесе барање за развод од Кеш Ворен.
Џесика Алба беше во брак со Кеш Ворен 17 години и заедно имаат три деца. Сепак, по разводот, ниту тој не губеше време. Неодамна беше виден со нова девојка, манекенката Хана Сан Доер, која е 21 година помлада од него.
Поранешните сопружници останаа во пријателски односи поради своите деца.
фото: принтскрин