Забава
(Видео) Ем-ти-ви го принудил „Фејтлес“ да менува текст од најголемиот хит

Фронтменот на легендарниот британски бенд „Фејтлес“, Максвел Фрејзер, попознат како Макси Џез, кој почина на 66-годишна возраст, еднаш откри дека бендот морал да го смени текстот на нивниот најголем хит „Инсомнија“ на барање на Ем-ти-ви.
„Првиот стих: Deep in the bosom of the gentle night (длабоко во градите на нежната ноќ), не е мое цитирање на Дилан Томас. Тоа ни беше наметнато од Ем-ти-ви затоа што мислеа дека оригиналниот прв ред е: I only smoke weed when I need to (пушам трева само кога треба) е премногу сликовит“, изјави тој за „Гардијан“ во една пригода.
„Расправии имаше и за текстот: водење луда љубов со моето девојче… кинејќи хулахопки со заби… но, успеаја да останат“, додаде музичарот. Треба да се напомене дека иако радиоверзијата е снимена со изменет текст, постои подолга верзија на песната, која почнува со оригиналниот текст за пушење марихуана.
„Текстот е од лично искуство. Не страдав од несоница, само имав апсцес на забот. Беше толку болно што ме држеше буден“. Текстот за тоа како нема струја и посегнува по молив во мракот исто така е од реалниот живот. „Често снемуваше струја, па пишував на свеќи“, го објасни Џез текстот на познатата песна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ѓоковиќ им подари потпишани маици на Модриќ и на Ковачиќ

Неодамнешна фотографија од фудбалерите Лука Модриќ и Матео Ковачиќ и тенисерот Новак Ѓоковиќ, направена на островчето Вела Ступа во близина на Корчула, стана вирална на интернет.
Лука и Матео позираа и со потпишани маици од колекцијата на Ѓоковиќ од Вимблдон. Српскиот тенисер напиша пораки на нивните маици кои ги воодушевија социјалните мрежи.
„За големиот Лука, од срце, за спомен. Се најдобро, брате“, му напиша тој на Модриќ.
На маицата на Ковачиќ напиша: „За Матео, од срце. Ти посакувам се најдобро.“
На островчето, фудбалерите и тенисерот се дружеа со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Сите четворица се големи фанови на хрватскиот брег.
Модриќ и Ковачиќ редовно одат заедно на одмор, а Чеферин одмара во Хрватска со години.
Забава
(Фото) Ослабе 40 килограми, почна да тренира и сега изгледа беспрекорно

Реалната ѕвезда Моли Смит, победничка на шоуто Love Island All Stars, повторно се најде во центарот на вниманието поради фотографиите направени на Мајорка, на кои позира во тесно бикини, а нејзиното затегнато тело и витата фигура оставаат многумина без зборови.
„Сезона на бикини“ – беше сè што напиша атрактивната русокоса со објавата од Мајорка, а во преден план се нејзините совршено обликувани стомачни мускули додека лежи на лежалка.
View this post on Instagram
И бикинито изгледаше како да се вклопува во атмосферата, а овој изглед на плажа го зачини со очила за сонце и дискретен накит.
View this post on Instagram
Таа направи неколку пози за да ги покаже својата беспрекорна фигура и исончаниот тен и доби многу комплименти за својот изглед.
View this post on Instagram
„Секојпат ми го одземаш здивот“, „Целиот труд се исплати“, „Изгледаш апсолутно неверојатно. Тоа тело е совршено“, се некои од коментарите упатени кон реалната ѕвезда.
View this post on Instagram
Таа го постигнува овој изглед со тренинг и не крие колку обожава да вежба, а често ги покажува своите тренинзи на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Таа гордо го покажува своето тело откога ослабе 40 килограми, а обожава да вежба и со своето момче Том Клер, кого го запознала во гореспоменатото реално шоу. Двајцата ја освоија првата сезона од шоуто.
Фото: принтскрин
Забава
Алкохолот влијае на ризикот од рак на усната шуплина

Ракот на усната шуплина е меѓу 20-те најчести видови рак во светот. Кај мажите тој е на 12-тото место, а кај жените е на 18-тото, според податоците од Светскиот фонд за истражување на ракот. Оваа болест може да влијае на јазикот, непцата и на внатрешноста на усните, а во некои случаи се шири и на задниот дел од грлото.
И додека генетиката игра улога, експертите нагласуваат дека исхраната и начинот на живеење може значително да влијаат на ризикот од развој на рак на усната шуплина.
Една секојдневна навика, која многумина ја доживуваат како дел од релаксација или социјални моменти, всушност може да биде сериозна закана – а тоа е консумирањето алкохол.
„Кога пиеме алкохол, тој се разградува во телото во ацеталдехид – токсично соединение, кое може да ја оштети ДНК и со тоа да го зголеми ризикот од рак“, објаснува диететичарката и нутриционистка специјализирана за онколошка исхрана, Керол Саливан, за EatingWell. Покрај тоа, алкохолот им овозможува на штетните супстанции полесно да навлезат во клетките на усната шуплина и грлото.
Таа додава дека алкохолот е класифициран како канцероген од категорија 1. Може да ја наруши природната рамнотежа на микроорганизмите во устата и во цревата, да предизвика воспаление и да го ослаби имунолошкиот систем – сето тоа заедно создава плодна почва за развој на рак.
Саливан истакнува дека дури и умереното пиење алкохол може речиси да го удвои ризикот од развој на рак на усната шуплина. Алкохолот исто така се меша во апсорпцијата на важни хранливи материи, како што се фолна киселина, витамините А, Ц и Е, кои се неопходни за обновување на клетките и заштита од слободните радикали.
„Редовното пиење алкохол може да предизвика сериозни недостатоци на есенцијални витамини и минерали. Алкохолот речиси и да нема хранлива вредност, но сериозно ги нарушува природните одбранбени механизми на телото“, нагласува таа.
Стоматологот Чед Либрати советува дека, за превенција, треба да се грижите за исхрана богата со овошје и зеленчук, да избегнувате тутун, редовно да посетувате стоматолог и да користите заштита за усни во сончеви денови.
„Дури и умереното пиење може да го удвои ризикот, а за оние што пијат често ризикот може да биде петпати поголем“, предупредува д-р Либрати.
Саливан додава дека многу луѓе се грижат повеќе за ритуалот на пиење отколку за самиот алкохол, па затоа предлага да се премине на безалкохолни алтернативи, кои се сè повеќе достапни денес и може да помогнат во одржувањето на здравјето, без да се жртвуваат социјалните навики.