Забава
(Видео) Италијанец истрча 40 километри на минус 52 степени

Италијански љубител на екстремни спортови, Пaоло Вентурини, истрча речиси 40 километри на температура од минус 52 Целзиусови степени во подрачје во руската Република Јакутија, соопшти локалното одделение за надворешни односи.
Од прес-службата на одделнието е соопштено дека Вентурини трчал три часа, 54 минути и десет секунди и во тој период поминал 3912 километри од Томтор до Ојмјакон.
Маратонецот го следела екипа во која бил лекар, преведувач и камерман, кој снимал документарец за патувањето на Италијанецот во Русија, објави ТАС С.
Вентурини, кој работи како полицаец во италијанскиот град Падова, минатата година истрча 75 километри во иранската пустина каде температурата достигнала 67 степени.
Италијанецот има голем број обожаватели, како од Италија така и од други земји, кои ја следат неговата работа, а
Вентурини на социјалните мрежи објавува фотографии и видео-снимки од своите тренинзи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Со MINT ништо не е црно-бело – сребрен спонзор на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

Mint Fintech Group ја најави својата поддршка како сребрен спонзор на 46. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што традиционално се одржува во Битола.
„Со MINT, ништо не е црно-бело“ е пораката со која компанијата се претставува на фестивалот, симболизирајќи ја својата визија за свет полн со нијанси, перспективи и иновации. Како што филмот не е само црно-бел, така и финансискиот свет што го гради MINT е исполнет со креативност, технологија и решенија кои носат нова динамика во секојдневието.
„Браќа Манаки“ е фестивал што повеќе од четири децении ја слави уметноста на филмската камера и визијата на најистакнатите кинематографери од светот. Поддршката на MINT претставува јасна порака дека компанијата е посветена на културата, заедницата и приказните што траат.
„За нас е голема чест што сме дел од еден од најзначајните фестивали во регионот. Вредностите што ги носи ‘Браќа Манаки’ – креативност, визија и континуитет … се вредности со кои и самите се идентификуваме. Веруваме дека вистинските приказни, било на филм или во бизнис, никогаш не се црно-бели – тие се полни со живот, со боја и со инспирација,“ – изјавија од Mint Fintech Group.
Со оваа соработка, Mint Fintech Group уште еднаш ја покажува својата определба да биде дел од најзначајните настани кои ја обликуваат културната сцена на Македонија и пошироко.
(ПР)
Забава
Нема да им биде лесно: знаци што ќе имаат тежок брак, според астролозите

На некои хороскопски знаци им е тешко да останат во брак од различни причини, затоа проверете дали сте на таа астролошка „избрана“ листа.
Некои парови едноставно не можат да успеат во бракот, без разлика колку се трудат. Партнерите во ваквите врски едноставно не се компатибилни во однос на романтичниот интерес. Според астрологијата, ова се хороскопските знаци кои би можеле да имаат тежок брак, пишува „Тајмс оф Индија“.
Овен
Овните имаат тврд темперамент и се лутат на најмала провокација. Многу е тешко да се одржи смирен Овен во тешки ситуации, особено за време на брачни расправии. Откако конечно ќе се смират, се обидуваат да се извинат, но тоа станува сè потешко за нивниот партнер да го поднесе.
Близнаци
Луѓето родени под овој знак не ја сакаат идејата да бидат само со една личност до крајот на животот. Освен што се зафатени со своите полни распореди, тие едвај наоѓаат време за својот сопружник, поради што се оддалечуваат еден од друг.
Девица
Девиците се исклучително фокусирани на постигнување совршенство во сите аспекти од нивниот живот, вклучувајќи ги врските и бракот. Ова предизвикува сериозни проблеми во нивниот брак, бидејќи нивниот партнер се чувствува фрустриран бидејќи мора да биде апсолутно совршен во сè.
Шкорпија
Тие не дозволуваат никој да им се приближи, дури ни нивниот сопружник, бидејќи се плашат да не бидат повредени. Но, откако ќе се посветат на некоја личност, не можат да се држат настрана, дури и ако тоа значи нарушување на нивната приватност и личен простор. Тие се оние кои сакаат да имаат моќ во врската.
Јарец
Јарците се огромни работохоличари кои мислат само на својата работа и кариера. Ова многу го фрустрира нивниот партнер кој сака да поминува квалитетно време со нив. Со Јарците може да биде многу тешко да се справите.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Џенифер Анистон го откри вистинското име на Рис Витерспун по 25 години пријателство

Џенифер Анистон и Рис Витерспун се пријателки и колешки со децении, но се чини дека сè уште има работи што не ги знаат една за друга. Анистон беше во целосен шок кога го дозна вистинското име на својата колешка за време на неодамнешно интервју.
Двете, кои играа сестри во култната серија „Пријатели“, а сега се колешки во популарното „Утринско шоу“, дадоа заедничко интервју за LADBible. Во еден момент Анистон доби задача да го каже средното име на Рис Витерспун, но наместо тоа, го научи нејзиното целосно име.
„Јас сум Лора Џин“, откри Витерспун. „Тоа е моето вистинско име, да“.
Реакцијата на Анистон беше непроценлива. „Лора?!“, извика таа со неверување, а Витерспун се расплака од смеа. „Која е Лора? Што! Која е, по ѓаволите, Лора?“, продолжи Анистон шокирана.
„Отсега нема да те викам така“, додаде ѕвездата на „Пријатели“. „Ајде, Лора Џин! Од каде е Рис?“
Витерспун потоа разјасни дека нејзиното целосно име е Лора Џин Рис и дека Рис е, всушност, нејзиното средно име, кое секогаш го користела. Потоа ја праша Анистон за нејзиното средно име, кое е Џоана.
Рис Витерспун не е единствената ѕвезда што ја изненади јавноста со своето вистинско име. Актерот Вил Ферел го откри своето целосно име уште во 2020 година за време на интервју со Џејмс Корден правилно предвидувајќи дека информацијата ќе стане вирална.
„Добро, еве го. Подгответе се. Вирален момент, токму тука“, објави тој тогаш. „Џон Вилијам Фарел. Тоа е она што го пишува на пасошот“, рече тој додавајќи дека татко му понекогаш го нарекува ЏВ.
Целосното име на Том Круз е Томас Круз Мапотер IV. Иако пократкото име звучи попаметно и посоодветно за Холивуд, главната причина за промената е многу лична и тажна. Круз сакаше да се дистанцира од својот татко кого го опиша во интервју за списанието Parade во 2006 година како насилник и извор на хаос.
фото: принтскрин