Забава
(Видео) Кинеска направа за бакнување преку интернет
Џијанг Жонгли во текот на студирањето бил во врска на далечина со својата девојка, а единствениот контакт со неа бил телефонски.
Многу парови во светот се во слична ситуација, а токму оддалеченоста од неговата девојка го инспирирала Жонгли да развие прилично бизарна направа – силиконски усни, кои им овозможуваат на паровите да имаат физички контакт иако не се еден покрај друг.
Патентот за овој гаџет, познат како Remote Kiss („Далечински бакнеж“), го поднел Институтот за мехатронска технологија во Чангжу (Changzhou Vocational Institute of Mechatronic Technology), а главен иноватор во неговиот развој бил Жонгли.
„Бев во врска на далечина со девојка на факултет, па контактиравме само на телефон. Оттаму доаѓа инспирацијата за овој уред“, изјави Жонгли.
Според Си-ен-ен, во последно време вештачките усни станаа вистински хит на кинеските социјални мрежи – на некои луѓе им се интересни, а други се прилично зачудени и сметаат дека се страшни и вулгарни, особено имајќи го предвид фактот дека може да ги купат и малолетници.

Имено, со цел чувството да биде што е можно пореално, вештачките усни се опремени со сензори за притисок и актуатори, така што имитираат не само притисок и движење туку и топлина на усните, а може да се пренесат и звуците што ги испуштаат корисниците.
Пред бакнежот, треба да се преземе мобилната апликација, уредот да се поврзе со телефонот преку приклучок за полнење. Потоа корисниците треба да се поврзат со партнерот во таа апликација и да почнат видеопренос, односно да почнат да се бакнуваат со силиконски усни.
Видеото од направата за бакнување стана вирално на социјалните мрежи.
Видеозаписи со овие вештачки усни се прегледани стотици милиони пати на кинеските социјални мрежи во текот на изминатата недела, но не е познато колку луѓе одлучиле да ги купат. Цената на уредот е околу 41 долар.
Remote kissing device for long-distance lovers, invented and patented by Chinese university student in Changzhou City.
The mouth-shaped module, served as an inducing area for lovers to make the kiss and then it can transfer kiss gesture to the “mouth” on the other side. pic.twitter.com/5i2ogMiUXe— China in Pictures (@tongbingxue) February 22, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

