Забава
(Видео) Кристен Стјуарт импресионира како принцеза Дијана во „Спенсер“
Кристен Стјуарт изјави дека никогаш не се чувствувала „повисока“ во улога кога ја глуми принцезата Дијана во „Спенсер“ на Чилеанецот Пабло Лареин.
Говорејќи на прес-конференција на Филмскиот фестивал во Венеција, во петокот, неколку часа пред светската премиера на филмот, Стјуарт рече: „Уживав во физичкото создавање на овој филм повеќе отколку што било друго. Се чувствував послободна, жива и способна да се движам, дури се чувствував и повисока.“
Улогата на Стјуарт како Дијана ги импресионира критичарите. Покрај убедливиот раскошен британски акцент, Стјуарт внимателно ги отелотворува манирите и однесувањето на Дијана во текот на филмот.
„Басна од вистинска трагедија “, стои во насловот на почетокот на „Спенсер“, поглед на покојната принцеза Дијана. Чилеанскиот режисер веќе ни даде една микроскопска студија за моќна жена во криза во „Џеки“, филм во кој Натали Портман ја портретира Џеки Кенеди по атентатот на претседателот.
А тука, Кристен Стјуарт ја портретира Дијана. Годината е 1991 и британското кралско семејство се собира во Сандрингам на традиционални тридневни свечености за Божиќ. Дијана веќе се распаѓа психички, а режисерот Лараин не се воздржува да ги покаже нејзините нарушувања во исхраната.
„Сите шпекулации за моето распаѓање се потврдија “, вели таа во еден момент.

Режисерот во голема мера се воздржува да ги карактеризира другите членови на кралското семејство. Џек Фартинг го игра принцот Чарлс, но има само неколку разговори со Дијана. Таа повеќе комуницира со персоналот – симпатичниот главен готвач (Шон Харис), нејзината љубезна гардероберка Меги (Сали Хокинс).
Филмот, похрабра алтернатива на популарната серија „Круната“, се обидува, и во голема мера успева, да се најде под кожата на Дијана.
Најдобрите сцени се нежните моменти со нејзините синови, Вилијам и Хари, давајќи им тајни подароци што треба да се отворат на Божиќ (традицијата во кралското домаќинство налага сите подароци да се отворат претходниот ден).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

