Забава
(Видео) Меган на синот за роденден му чита приказна за патка и зајаче
Пред точно една година, на светот дојде Арчи Харисон Монтбатен-Виндзор, син на принцот Хари (35) и поранешна американска актерка Меган Маркл (37).
„Тоа беше најневеројатното искуство што некогаш можев да го замислам. Како жените го прават тоа што го прават е невозможно да се разбере. И двајцата сме апсолутно воодушевени и благодарни на сите за нивната поддршка. Беше неверојатно и сакавме тоа да го споделиме со вас“, рече Хари неколку дена по породувањето.
Меган сними видео во кое на нејзиниот син за роденден му ја чита приказната „Патка! Зајаче!“, а кое го објави инстаграм-профилот „Зачувај ги децата Велика Британија“. Малиот Арчи се смее додека неговата мајка Меган му чита и му ја бакнува главата.
Првото дете на двојката е седмо во редот за кралскиот престол, по принцот Хари и неговите братучеди – принцот Џорџ, принцезата Шарлота и принцот Луис, дедото принцот Чарлс и чичкото принцот Вилијам.
Иако, според кралските правила, пред повеќе од 100 години, Арчи автоматски добива статусна титула, како и сите внуци, родителите на малото момче не сакаат нивното дете да носи титула. Тие сакаат да му обезбедат нормален живот, а кога ќе порасне тој ќе одлучи што сака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ана Ивановиќ го честиташе Божиќ: ја покажа и празничната трпеза
Прославената тенисерка Ана Ивановиќ се огласи на социјалните мрежи за да им посака на сите среќен Божиќ, а покажа и како изгледа овој празник во нејзиниот дом.
Убавата Србинка е активна секој ден по разводот од Бастијан Швајнштајгер и стана главна тема и на домашните и на меѓународните медиуми. Нејзиниот „нов живот“, како што многумина го нарекоа, доби сосема нова димензија, а Ана излезе од сето тоа со насмевка и како победник.
„Среќен Божиќ на сите, уживајте во денот со вашето семејство и пријатели! Мир Божји, Христос се роди“, напиша таа во описот на својата објава.
Објавените фотографии ја прикажуваат Ана во совршен празничен стил. Едноставна ролка во најпопуларната боја на оваа сезона – кафеава и потемни фармерки беа нејзиниот избор овој пат, а сето тоа во пакет беше доволно за да го привлече вниманието на голем број луѓе.
Ана Ивановиќ има три сина во бракот со Бастијан Швајнштајгер, а во нејзиниот дом ги слави двата Божиќа поради децата.
Забава
„Ова е лудо“: Бредли Купер за гласините дека правел пластични операции
Познатиот актер Бредли Купер ги демантираше гласините за пластични операции што со години кружат за неговиот изглед. Во гостување во популарниот подкаст SmartLess, 51-годишниот Купер за првпат подиректно се осврна на овие шпекулации, а во негова одбрана застана и неговиот долгогодишен пријател Вил Арнет.
Арнет изјави дека го нервира тоа што постојано се повторуваат тврдењата дека Купер имал естетски зафати, нагласувајќи дека актерот не бил на никаква операција, што го потврди и водителот Џејсон Бејтмен. Купер додаде дека во последните недели сè почесто му приоѓаат луѓе и коментираат дека „изгледа добро“, но оцени дека целата ситуација му е апсурдна.
„Да, луѓето ми приоѓаат во последниве неколку недели… постојано коментираат: ‘О, изгледаш добро!’ Да, но тоа е лудо“, рече актерот.
Гласините повторно се засилија по неговото неодамнешно појавување на црвениот тепих, по кое дел од публиката сметаше дека изгледа поинаку. По објавата на интервјуто од @enews, видеото се прошири на социјалните мрежи, а некои корисници напишаа дека не го препознале, додека други го споредија со Чарли Шин или со двојник на самиот Купер.
@enewsBradley Cooper’s daughter Lea has had filmmaking and movies in her life from the very beginning.♬ original sound – E! News
На TikTok се појавија и споредби со Зак Ефрон, за кого исто така имаше шпекулации за естетски зафати. Дел од коментаторите тврдеа дека неговите очи изгледаат поинаку и шпекулираа за операција на капаците, додека други сметаа дека станува збор за ефект на светлина, шминка, замор, агол на снимање или природни промени поврзани со стареењето.
Фото: Depositphotos
Забава
Што значи ако детето се роди на Божиќ според народните верувања
Децата родени на Божиќ имаат посебно место во народните верувања, бидејќи самиот датум на раѓање носи силна симболика. Според христијанското учење, тие доаѓаат на свет на денот кога е роден Исус Христос, поради што се смета дека се предодредени за живот исполнет со добрина, љубов и светлина.
За родителите, раѓањето дете на Божиќ се доживува како посебен благослов и знак на божја наклонетост. Во народната традиција, ваквите деца често се нарекуваат „дар од Бога“, а нивното раѓање се толкува како дел од повисок, божествен план.
Во согласност со овие верувања, традиционално им се давале имиња со силна симболика, како Богдан, Божидар, Бoжимир или Божица. Денес, почести се имиња како Теодор, Теодора или Доротеја, кои исто така го носат значењето „дар од Бога“. И покрај промените низ времето, симболиката на Божиќ како празник на надеж, љубов и нов почеток останала иста.

