Забава
(Видео) Меланија откри каде ќе живеат таа и синот Барон за време на вториот мандат на Трамп
Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, го потврди она што долго време се шпекулира. Во интервју за „Фокс њуз“ таа рече дека нема трајно да се пресели во Белата куќа за време на вториот мандат на Трамп.
Кога ја прашале каде ќе го поминува поголемиот дел од своето време, таа одговорила: „Ќе бидам во Белата куќа. Кога ќе треба да бидам во Њујорк, ќе бидам во Њујорк. Кога ќе треба да бидам во Палм Бич. Ќе бидам во Палм Бич“.
„Мојот приоритет е да бидам мајка, прва дама, сопруга“, додаде таа. Таа се осврна и на синот Барон, кој моментно живее во Њујорк, каде што посетува колеџ, и рече дека верува оти Барон ќе ја посети Белата куќа. „Секогаш ќе го почитувам неговото ‘да’ или ‘не, што сака Барон да прави, каде би сакал да биде“, истакна таа.
Уште во септември минатата година Меланија рече дека Барон решил да живее во „Трамп тауер“, семејната резиденција на Менхетн, поради факултетот. И покрај тоа, вели тој, има подготвена соба за него во Белата куќа во која може да остане кога ќе одлучи да го посети семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Костимот на Џулија Робертс е сè што ви треба за да бидете оригинални
Џулија Робертс е позната по својата природна убавина и беспрекорен стил. Уште во 1990-тите, актерката разви уникатен моден израз кој не ги следи модните трендови, туку го следи својот личен стил.
Таа и дава предност на една модна комбинација пред другите, и се чини дека овој стил на облекување останал ист до ден-денес. Ова се разновидни одела кои кажуваат повеќе за нејзината личност отколку што некогаш би можела да каже сама.
Како и да е, на Џулија не може да ѝ се одрече нивото на самодоверба што секогаш ја носи со себе – а тоа е забележливо и во нејзините модни избори.
И така беше и овој пат…
Актерката присуствуваше на годишните награди „Готам“ во Њујорк и прошета по црвениот тепих во шик костум од Том Форд. Станува збор за преголем сатенски костум во виолетова боја со дискретен дезен со точки.
Костимот е украсен со интересни, да речеме машки детали, (двојно закопчување и џеб во горниот лев агол) кои беа впечатлив дел од комбинацијата.
Стајлингот го заокружи со елегантни црни чевли, но и тенки ѓердани. Насмевката што ја покажуваше во текот на целата вечер беше исто така забележлива.
Забава
(Видео) Кралицата на необичните изданија повторно шокира: Дали и ова е фустан?
Многу познати личности блеснаа на доделувањето на наградите „Готам“ во Њујорк, а покрај Џулија Робертс, која привлече внимание со својот сатенски костум, цел на модните критичари беше пејачката и претприемачка Ријана.
Ријана одлучи да облече преголем фустан за оваа пригода, поточно, подуена креација која го носи потписот на брендот „Баленсијага“. Станува збор за минималистичка тоалета во пудресто розова боја која уникатно го отсликува бунтовничкиот дух на Ријана.
За да го комплетира стајлингот, таа додаде скапа огрлица во розови и виолетови тонови, како и пердувеста шапка која дополнително го нагласуваше нејзиниот смел моден израз.
Впечатливи беа и црните кожни ракавици, кои на целиот аутфит му дадоа современа нота.
Секако, друштво на овој настан ѝ правеше нејзиниот сопруг АСАП Роки, кој носеше едноставно одело од Шанел во кафеава боја.
Забава
(Фото) Некои велат дека е чист сексапил, други дека е целосно модно промашување
Доделувањето на „Fashion“ наградите се одржа во Лондон, а на овој престижен настан присуствуваа многу познати личности. Покрај актерката Сиена Милер и пејачката Рита Ора, кои предизвикаа возбуда со своите изданија, вниманието на јавноста го привлече и поранешната ријалити ѕвезда Маура Хигинс.
Таа прошета по црвениот тепих во креација која предизвика поделба на мислењата кај обожавателите на настанот. И додека некои пишуваат дека фустанот е чист сексапил, други, според Дејли Меил, тврдат дека е целосно промашување.
Па, зошто нејзиниот аутфит е толку посебен?
Имено, убавицата носеше необична креација од дизајнерот Роберт Вун која ги истакнува нејзините стомачни мускули. Самиот аутфит може да се окарактеризира како уметничко дело, бидејќи не ги следи модните правила, ниту класичен крој.
Се состои од бел горен дел и интересен долен дел – здолниште кое комбинира два дезени.

epa12563372 Irish media personality Maura Higgins poses during the Fashion Awards 2025 at the Royal Albert Hall in London, Britain, 01 December 2025. The event gathers the global fashion community in London, being the primary fundraiser for the BFC Foundation, which supports the future growth of the British fashion industry through initiatives focused on education, grant-giving, and business mentoring. EPA/ANDY RAIN
Својот стајлинг го комплетираше со преголема шапка и проѕирни ракавици. Кога станува збор за шминка, на нејзиното лице беа забележливи земјени тонови, но и нежен беж кармин кој ја нагласуваше нејзината полна уста.

