Забава
(Видео) „Металика“ донира 500.000 долари за австралиските пожарникари, Елтон Џон – милион долари
Американската хеви-метал група „Металика“ вети дека ќе донира повеќе од 500.000 американски долари (750.000 австралиски) во обид да помогне во гаснењето на пожарите во Австралија. Нивната донација ќе биде испратена до NSW Rural Fire Service и Victoria’s Country Fire Authority (CFA).
„Целосно сме преплавени со вестите за пожарите што се простираат на милиони хектари низ Австралија, а кои имаат големо влијание на Нов Јужен Велс и Викторија. Настанатото разорување и погубните ефекти врз сите жители, животни, околината и неверојатната земја Австралија се навистина срцепарателни“, се вели во соопштението на групата.
Во исто време британскиот музичар Елтон Џон му донира милион долари на фондот за санирање на последиците од пожарите што ја погодија Австралија. Легендарниот уметник настапи во Сиднеј во рамките на турнејата што ја продолжи во 2020 година.
„Сите треба да им се восхитуваме на пожарникарите за она што го прават. Има луѓе што ги загубија животите обидувајќи се да ги зачуваат своите домови, а има и такви што ги загубија животите и домовите“, рече тој пред публиката, пренесува НМЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Почина актерот Ерик Дејн, ѕвезда од серијата „Вовед во анатомија“
Ерик Дејн, актер најпознат по своите улоги во сериите „Вовед во анатомија“ и „Еуфорија“, почина на 53-годишна возраст, помалку од една година откако му беше дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС).
Дејн стекна светска слава како д-р Марк Слоун во популарната медицинска драма „Вовед во анатомија“, пишува BBC.
На актерот, роден во Калифорнија, му беше дијагностицирана АЛС минатата година, а во последните неколку месеци се посвети на подигање на свеста за најчестата форма на моторна невронска болест.

„Со тешко срце објавуваме дека Ерик Дејн почина во четврток попладне по храбра борба со АЛС“, се вели во соопштението на неговото семејство.
Во соопштението се вели дека ги поминал последните денови опкружен со пријателите и неговата сопруга, актерката и модел Ребека Гејхарт, и нивните две ќерки, Били и Џорџија, кои беа „центарот на неговиот свет“.
„Длабоко ќе ни недостига и секогаш ќе се сеќаваме на него со љубов. Ерик ги обожаваше своите обожаватели и беше вечно благодарен за љубовта и поддршката што ја доби“, се вели во семејството.
Дејн, исто така, го играше Џејсон Дин во фантастичната серија „Charmed“ и капетанот Том Чендлер во акционата драма „The Last Ship“, а се појави во филмови како „Marley & Me“, „Valentine’s Day“ и „Burlesque“.
Роден е во Сан Франциско во 1972 година, а своето телевизиско деби го имаше во 1993 година во серијата „The Wonder Years“.
АЛС, позната и како Лу Геригова болест, е ретка дегенеративна болест што предизвикува прогресивна мускулна парализа. Тоа влијае на нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок кои го контролираат движењето, предизвикувајќи пациентите постепено да ја изгубат способноста сами да зборуваат, јадат, одат и дишат.
Фото/ЕПА
Забава
Три хороскопски знаци се родени дипломати
Во астрологијата постојат знаци кои како да имаат природен талент за дипломатија. Нивните зборови се внимателно одбрани, реакциите не се импулсивни, а смиреноста им е најсилно оружје. Наместо да ја кажат вистината во лице, тие знаат како да ја кажат без да повредат некого.
Вага
Вагата е симбол на рамнотежа. Кога расте тензијата, таа прва ја забележува и се обидува да ја намали. Ги разбира двете страни и бара средина во која сите можат да се препознаат. Не ѝ е цел победа, туку хармонија.
Девица
Девицата не сака драма. Додека другите реагираат емотивно, таа анализира. Нејзината дипломатија се темели на логика и факти. Укажува на грешки без понижување и нуди практични решенија наместо расправии.
Јарец
Јарецот зборува малку, но кога ќе се вклучи, неговите зборови имаат тежина. Дејствува стратешки и се вмешува само кога е потребно. Не манипулира со емоции, туку поставува граници и го враќа фокусот кон целта.
Забава
(Видео) Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“
Симона Поповска го објави својот нов музички проект „Небитен“, емотивна поп-балада која ја раскажува приказната за моментот кога сфаќаме дека сме станале небитни за некој што сè уште ни значи.
Автор на музиката и аранжманот е Панче Касапски, додека текстот е дело на Кристина Зимбакова Маркоски, во продукција, микс и мастеринг на Дулелуд, во соработка со самата Симона, која учествува и во пратечките вокали.
Видеоспотот се снимаше во планинскиот еко центар Grizzly – уникатна дестинација на најубавиот видик на езерото Козјак, во продукција на 20TWO Studio a под режисерската палка на Крсте Шупев.
Видео записот ја следи оваа внатрешна трансформација преку силна визуелна симболика. Главниот лик е жена која надворешно изгледа смирено и контролирано облечена во црно, во стаклен простор среде шума. Таа гледа кон светот надвор, но останува затворена во сопствената тишина, стабилна однадвор, а скршена одвнатре.
Во вториот дел од приказната, истата жена е прикажана во стаклена кутија, обвиткана во нежни слоеви, речиси разголена од сопствените заштити , ранлива, искрена и без маска.
Стиховите „Тажно е што не те ни боли…“ и „Да поверувам, небитен си“ добиваат силна визуелна тежина, претворајќи ја песната во приказна за најтешката битка, прифаќањето дека си станал небитен за некој кој сè уште ти значи.
Во финалето, двете верзии на истата жена се соочуваат лице в лице, допирајќи се преку стакло. Тоа е момент на вистина , прифаќање на болката и сознание дека силата започнува токму кога ќе ја признаеш.
Стајлингот е на самата Симона, во уникатните одела на Сигнори.
„Небитен“ е приказна за љубовта што тивко крши и за храброста да прифатиш дека повеќе не си нечие „сè“.

