Контакт

Бизарно

(Видео) Мртов кит тежок 10 тона пронајден среде џунгла, научници истражуваат како се нашол таму

Објавено пред

Бразилските експерти за диви животни биле шокирани кога откриле мртов грбав кит среде амазонската прашума, пишува „Индипендент“.

dobivaj vesti na viber

Морскиот цицач тежок 10 тона бил пронајден во грмушките на големиот речен остров Маражо, кој се наоѓа во устието на Амазон во Атлантскиот Океан.

Научниците засега само претпоставуваат дека големото суштество било исфрлено на брегот за време на силно невреме, но и натаму немаат јасен одговор како завршило толку длабоко во шумата.

Службени лица на Министерството за здравство и животна средина на државата Паре изјавиле дека до трупот на китот долг 11 метри дошле следејќи го летот на птиците грабливки, кои на крајот доаѓале да се хранат со мртвиот кит.

Биологот Рената Емин од Институтот Bicho D’agua е дел од тимот што  го проучува трупот на китот, со цел да се откријат причините зошто тој завршил толку длабоко во амазонската шума. Се смета дека китот се одвоил од својата мајка додека патувале на југ.

„И натаму не сме сигурни како китот завршил среде шума, но претпоставуваме дека пливал во близина на брегот и дека плимата која во последните денови беше значајна го исфрлила во внатрешноста на шумата“, рекла таа.

Бизарно

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

Објавено пред

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

dobivaj vesti na viber

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Прикажи повеќе...

Бизарно

(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр

Објавено пред

На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.

dobivaj vesti na viber

Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.

Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.

Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.

Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.

Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.

Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.

Прикажи повеќе...

Бизарно

УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена

Објавено пред

Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!

dobivaj vesti na viber

Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.

Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Заврши состанокот во Белата куќа, разговорите продолжуваат во нов формат

Состанокот во Белата куќа меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери заврши, но разговорите продолжуваат,...

Свет5 часа

Трамп верува дека може да се договори мир додека траат борбите: „На целиот свет му е доста од оваа војна“

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот...

Свет5 часа

Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина...

Култура9 часа

Љутков од Слоештица: Меморијалната соба на Петре М. Андреевски не е запоставена, а ракописите се безбедно зачувани

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола...

Македонија11 часа

Одбележан 18 Август – Денот на Армијата

Во присуство на највисокото државно и воено раководство, во касарната „Јане Сандански“-Штип, се одржа централната свеченост за воениот празник „18...

Свет11 часа

(Видео) Зеленски објави видео од нападите врз Украина: „Војната мора да заврши. И Москва мора да го чуе зборот: „Стоп“.“

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро реагираше на ноќните руски напади низ Украина, велејќи дека тие јасно ги демонстрираат намерите и...

Македонија11 часа

(Видео) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење....

Македонија12 часа

Поради пожар, затворен за сообраќај патот Македонски Брод – Скопје

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила,...

Македонија12 часа

(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?

Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е...

Свет13 часа

(Видео) Еден од најголемите протести во Тел Авив досега: „Запрете ја војната“

Десетици илјади демонстранти се собраа во Тел Авив за да побараат крај на војната во Газа и итно ослободување на...

Свет15 часа

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочува со тешка средба со американскиот лидер Доналд Трамп во Белата куќа. Условите за евентуален...

Македонија15 часа

Се уште гори кај Јасен, под контрола пожарот во Јегуновце

Центарот за управување со кризи извести деак во последното деноноќие, до 07:00 часот утрово низ земјава се регистрирани вкупно 28...

Македонија16 часа

Постапка против осум лица за масовна тепачка во Скопје: фрактура на черепот со крварење на мозокот, скршена долна вилица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица заради учество во масовна тепачка на улицата „Славеј...

Свет18 часа

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денеска, објавен распоредот на клучните состаноци

Белата куќа е центар на важна дипломатска активност денес, со распоред што вклучува клучни средби меѓу американскиот претседател Доналд Трамп...

Свет18 часа

Се огласија Русите: На Москва исто така ѝ се потребни веродостојни безбедносни гаранции

Русија се согласува дека секој иден мировен договор за Украина мора да обезбеди безбедносни гаранции за Киев, но на Москва...

Свет18 часа

Трамп: Некои работи не се менуваат, нема враќање на Крим и нема приклучување на Украина кон НАТО

Трамп се огласи на својата платформа Truth Social за да го повика украинскиот претседател да постигне договор за прекин на...

Свет18 часа

Зеленски пристигна во Вашингтон: Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време...

Свет1 ден

Зеленски: Украинскиот Устав не допушта тргување со територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес во Брисел им упати низа клучни пораки на европските лидери, зборувајќи за трансатлантското единство, мировните...

Македонија1 ден

(Видео) Избегната катастрофа кај Брезница, пожарот се движи кон Козјак

Денес се регистрирани десет пожари на отворен простор, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, предупредувајќи дека...

Свет1 ден

Америка ѝ нуди на Украина заштита слична на НАТО, Путин, наводно, се согласил

Американскиот претставник Стив Виткоф изјави во интервју за „Си-ен-ен“ дека рускиот претседател Владимир Путин за прв пат се согласил да...