Забава
(Видео) Неколку причини зошто „Умри машки“ е божиќен филм
„Умри машки“, акциониот класик во кој Брус Вилис го глуми култниот лик на детективот Џон Меклејн, се смета за еден од најдобрите божиќни филмови на сите времиња.
Сепак, и по 34 години од неговата премиера, сè уште има дебати за тоа дали Die Hard е навистина божиќен филм.
Дејството на филмот се случува во пресрет на Божиќ додека на 30. кат од зградата на корпорацијата „Накатоми“ во Лос Анџелес трае забава за вработените. Меѓу нив е и Холи Џенаро Меклејн, сопругата на њујоршкиот детектив Џон Меклејн, кој доаѓа во градот да ја посети својата сопруга. Но, веднаш по неговото пристигнување, во зградата упаѓа група терористи предводени од ладнокрвниот и немилосрден Ханс Грубер.
Кога ќе ги убијат чуварите и ќе ја окупираат зградата, терористите ги собираат сите присутни во една просторија. Грубер набргу го убива шефот на корпорацијата. Кога ќе ги слушне истрелите, Меклејн сфаќа што се случува и дека Холи станала заложник, но и дека само тој може да им помогне.

„Филмот не е за Божиќ ниту, пак, премиерно бил прикажан на Божиќ, но гледачите го поврзуваат со овој празник“, рече еднаш филмскиот критичар Мајк Хан, а со него се согласува и Брус Вилис. Многу филмомани не го делат нивниот став, но како и да е, омилениот акционен класик е вистински божиќен филм, а еве зошто“, пишува порталот The Gazette.
Се случуваат многу лудории на празничните забави во канцелариите, барем според сцените на холивудските филмови. А најлудо од сè е што социопатот Ханс Грубер ги претвора вработените во заложници за време на забава. Клучен е фактот дека забавата се случува во пресрет на Божиќ.
На Ханс, Фриц, Марко, Тео и на другите терористи им беше потребна лежерноста на таквата забава за да им успее планот, а компаниите не прават вакви забави во ниту еден друг период од годината.
Грубер е класичен капиталистички негативец, кој сака да краде пари и нема да престане да го прави тоа. Спротивно на тоа, Џон Меклејн негува нематеријални семејни вредности и само сака да се врати дома кај своето семејство за празниците.
Музиката во „Умри машки“ е полна со божиќни песни. Winter Wonderland, Let it Snow!, Christmas in Hollis и Ode to Joy се само неколку од божиќните песни што се појавуваат во една или друга форма во филмот.
Иако не го користи презимето Меклејн, туку Џенаро, името на сопругата на Џон не е случајно Холи, туку очигледна алузија на Божиќ.
Време за дарување – пријателот на Џон, полицаецот Ал, купува колачиња за својата бремена сопруга, Хари Елис ѝ дава на Холи часовник „ролекс“ како подарок од компанијата. Дури и пиштолот на Џон, кој го користи во последната пресметка со Ханс, е еден вид подарок.

Првата личност што Џон ја убива е Тони додека се сопнуваат по скалите за време на тепачката на почетокот на филмот. Џон му го испраќа телото на Тони на Ханс во лифтот со капа на Дедо Мраз и порака: „Сега имам митралез. Хо, хо, хо“ на неговата маица. Џон Меклејн очигледно го задржа празничниот дух, без оглед на ситуацијата.
А што се однесува на времето кога е снимен филмот, последен пат во Лос Анџелес падна снег во 1962 година. Но, без разлика, на крајот од филмот паѓа снег и многумина ќе се согласат дека ова е вистинска завршна сцена на божиќен филм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

