Забава
(Видео) „Не гледај нагоре“ со порака – капитализмот е закана за нашата цивилизација
Не е за изненадување што питката и паметна црна комедија „Не гледај нагоре“ (Don’t Look Up) е еден од најголемите хитови на „Нетфликс“ овие денови. Дури и кога ќе го додадете Леонардо ди Каприо во улогата на секси научник, Мерил Стрип како претседателка на САД и стандардно добриот Марк Рајленс – чиј лик би можел да се нарече Илон Џобс (комбинација на Илон Маск и Стив Џобс) – забавата е загарантирана.
„Не гледај нагоре“, трагикомична сатира, има неколку јасни пораки.
На овој филм секако ќе му одговараше и наслов „Идиократија 2“ (Idiocracy 2: Final Showdown). Само што овој пат идиократијата не е сместена во иднината неколку века подалеку од нас, туку практично во сегашниот момент. Не треба многу за да ја сфатите основната порака за неподготвеноста на нашата цивилизација сама да се справи со опасен проблем. Авторот Адам Мекеј очигледно црпел инспирација за овој заклучок од сето она што ни се случи во последните години, особено во текот на пандемијата.
Народот е прикажан како неподготвен да ја разбере сериозноста на ситуацијата, медиумите се занимаваат само со теми што ги сака народот – а на социјалните мрежи доминираат ступидни мемиња и хејтерски коментари. Згора на сето тоа е неспособната администрација (американска, но не само американска), чија главна преокупација е како да дојде до гласови на изборите.

Научниците можат да допрат до јавноста само ако се згодни како Леонардо ди Каприо. Администрацијата почнува да ја решава кризата исклучиво од пи-ар причини, прават патриотски спектакл, а потоа се откажуваат затоа што мислат дека нашле подобро решение.
И тоа „подобро решение“ нè води до главната порака на филмот, која е речиси марксистичка – оваа цивилизација нема да ја преплави неспособна администрација, комерцијални медиуми, социјални мрежи, необразовани луѓе, па дури и комета со големина на Монт Еверест.
Како и во „Идиократија“, нема да ни се удри од глава фактот дека идиотите се размножуваат подобро од интелектуалците.
Според авторите на филмот, нам ќе ни пресуди капитализмот.
И дефинитивно не се мисли само на некои хипербогати бескрупулозни бизнисмени, кои можат да командуваат дури и со американскиот претседател, туку на целата капиталистичка логика на која профитот е буквално поважен од судбината на целото човештво.
Овој филм го рефлектира бранот на филмски антикапитализам, тренд кој се вжештува во последно време. Тука е и суперпопуларната и суперквалитетна серија Squid Game, приказна за перверзни богаташи. А не заостанува ниту анимираната серија Arcane, во која лесно се препознава силниот антиелитистички набој и критика на општеството базирано на желба за профит.
Останува да се види дали гледачите ова ќе го сфатат како обична забава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

