Забава
(Видео) Реакцијата на Џек Антоноф затоа што Деми не доби „Оскар“ стана вирална
Иако Деми Мур, ѕвездата на филмот „Супстанција“, беше фаворит за „Оскар“ во категоријата за најдобра актерка, наградата му припадна на Мајки Медисон за улогата во „Анора“. Мур изгледала шокирано кога слушнала кој ја добил наградата, но се чини дека не била единствената.
Пејачот Џек Антоноф, кој е оженет со колешката на Деми во филмот, Маргарет Квали, седеше зад Мур кога Медисон беше прогласена за најдобра актерка. Неговата реакција кога Деми загуби на „Оскарите“ стана вирална.
jack antonoff’s reaction to mikey madison winning best actress over demi moore 😭😭 pic.twitter.com/5va9W4PMx0
— madison ☾ .*・。゚ (@LDRcoven) March 3, 2025
Очите на Џек се испакнати и устата му се отвори. Потоа се сврте кон Маргарет, која седеше до него. Тоа видео се прошири на социјалните мрежи. Видеото на X има повеќе од 2,3 милиона прегледи.
„И за него беше чудно“, „Деми заслужи ‘Оскар’, и јас ќе бев шокирана“, „Буквално рече ‘не’“, „Единствен пат го поддржувам“, „Ова буквално ни го подари на сите“, „Еднаш се согласувам со него“, се дел од коментарите.
Извор изјави за „Пејџ сикс“ дека Деми е скршена што не добила „Оскар“. По освојувањето на „Златниот глобус“, мислеше дека ќе добие и „Оскар“. „Таа тешко ја поднесува загубата, но среќна е за Мајки и за сите други жени што беа номинирани и ја освоија наградата. Се разбира, беше огромно разочарување што не се слушна нејзиното име“, рекол изворот.
Откако снимката од реакцијата на Деми кога Мајки беше прогласена за победник стана вирална на социјалните мрежи, читачката од усни, Никола Хиклинг, за „Дејли мејл“ откри што рекла актерката во тоа време. „Деми рече ‘убаво’, но не се насмевна кога го кажа тоа. Нејзиното тело речиси се присили да се потпре како да мораше да го каже тоа“, рече Хиклинг.
По гламурозната вечер, Мур ја тргна шминката и лежерно уживаше во голема порција помфрит. Тој момент го сними ќерка откри Талула Вилис, која на „Инстаграм“ сподели фотографија од мајка си во лежерна облека. „Мојот победник“, напиша таа во описот на објавата.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џон Бон Џови: Не сум правел естетски зафати и не планирам
Рок ѕвездата Џон Бон Џови (68) во подкастот How to Fail зборуваше за стареењето и односот кон естетските зафати. Тој изјави дека никогаш не би се подложил на операции или ботокс.
„Никогаш нема да одам на операции. Косата ми е седа, но барем ја имам. Немам направено ништо — ни ботокс, ни корекција на очи или усни. Не ме интересира тоа“, рече пејачот.
Бон Џови додаде дека го мрази фарбањето коса.
„Пред околу 13 години решив да ја оставам природна.“
Иако призна дека не е целосно задоволен кога ги гледа своите стари фотографии, рече дека најважно му е здравјето: „Може секогаш да заработиш пари или да напишеш песна, но здравјето е клучот на универзумот.“
Во интервјуто спомена и дека ужива во новата улога на дедо, откако неговиот син Џејк и актерката Мили Боби Браун ова лето посвоиле ќерка.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:
Забава
(Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол-натпревар
Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол-лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува „Е!Онлајн“.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на „Ред хот чили пеперс“. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит за списанието „Пипл“ кусо објасни: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.
фото: принтскрин

