Забава
(Видео) Роберт Патинсон и уште тројца ја чуваат тајната на шпионската екипа „Тенет“
Зборот тајна асоцира на најновиот опус во кариерата на еден од најдобрите режисери на денешницата, Кристофер Нолан, а ова особено се однесува на долгоочекуваниот филм, епската акција „Тенет“.
Писателот-режисер на трилогијата „Темниот витез“ (Dark Knight), како и ремек-делата „Мементо“ (Memento) и „Зачеток“ (Inception), во изминатите шест години го изработуваше сценариото за „Тенет“, амбициозна приказна за меѓународна шпионажа со уникатен научнофантастичен пресврт.
Но, самата приказна во голема мера се чува во тајност – дури и од многумина од актерската екипа.
„Речиси сите актери во филмот, освен ние четворицата, не го виделе целото сценарио“, изјави Роберт Патинсон неодамна во едно интервју. Другите во привилегираниот квартет се Џон Дејвид Вашингтон, Кенет Брана и Елизабет Дебики.
„Луѓе доаѓаа и снимаа со месеци и немаа поим што е приказната“, вели Патинсон и додава дека, според него, тоа било прилично фасцинантно.
Тајната природа на проектот е типичен модус операнди во „Синкопи“, продуцентската компанија на Нолан и неговата сопруга и долгогодишна продуцентка, Ема Томас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

