Забава
(Видео) „Ролинг стоун“ објави листа на најдобрите хевиметал-песни на сите времиња
Магазинот „Ролинг стоун“ ја објави својата листа на 100 најдобри хевиметал-песни на сите времиња.
Листата вклучува песни издадени во последните 53 години, од објавувањето на првиот албум на „Блек сабат“, а ги вклучува и популарните бендови како „Лед цепелин“, „Металика“, „Слипнот“, „Скорпионс“, „Рејџ агеинст д’ машин“, „Дип парпл“ и, се разбира, „Блек сабат“.
Листата ја состави група од 13 луѓе, кои расправаат за повеќе од 300 песни, со цел да се намали изборот и да се создаде топ-100 листа. Овие луѓе се писатели и критичари, кои со децении пишуваат за „Ролинг стоун“, како и соработници од други публикации фокусирани на хеви-металот.
Песната Black Sabbath е прва на листата.
„Блек сабат“ и нивната истоимена песна од 1970 година се на врвот на листата. Од магазинот песната ја нарекуваат вистински метал оригинал и опишуваат како се создала песната по кошмарот на басистот Гизер Батлер. „Хевиметалот е роден, сосема соодветно, во кошмар“, пишуваат во написот.
Втора на листата е песната Master of Puppets од „Металика“. Оваа песна е напишана 1986 година и е името на првиот студиски албум на бендот.
Третото место ѝ припадна на песната Ace of Spades од „Моторхед“ од 1980 година. „Новиот бран на британскиот хевиметал ја одбележа точката каде што музиката премина од бавна и матна во брза и бесна, а неколку песни ја доловуваа таа промена на темпото, како Ace of Spades“, пишува „Ролинг стоун“.
Ова се 10 најпопуларни хевиметал песни на сите времиња:
1. Black Sabbath („Блек сабат“)
2. Master of Puppets („Металика“)
3. Ace of Spades („Моторхед“)
4. Breaking the Law („Џуда’с прист’)
5. War Pigs („Блек сабат“)
6. Crazy Train (Ози Озборн)
7. Iron Man („Блек сабат“)
8. Raining Blood (Слејер)
9. Holy Diver (Дио)
10. Run to the Hills („Ајрон мејден“)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мажите родени во овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак
Секоја врска е единствена, вклучувајќи го и бракот. Но, иако изгледа дека некои парови ги откриле тајните на среќниот брак, можеби и астрологијата е фактор за нивниот успех. Мажите родени под овие хороскопски знаци се совршен материјал за брак.
Бик
Мажот роден во знакот Бик е идеален партнер за долгорочен брак. Биковите се познати по својата чувствителност и романтична природа, што значи дека секогаш ќе се трудат пријатно да ја изненадат својата сакана.
Рак
Раковите се вистински мајстори кога станува збор за грижата за своето семејство и партнерот. Мажите родени во овој знак носат топлина, сочувство и емоционална поддршка во секоја врска. Нивната интуитивна природа им овозможува да ги разберат потребите на своите партнери без многу зборови.
Девица
Девиците се познати по педантноста и аналитичката природа, што ги прави идеални партнери за стабилен брак. Мажите родени во овој знак ќе и се посветат на партнерката со иста грижа и прецизност како што и пристапуваат на секоја друга задача.
Вага
Мажот роден во знакот Вага носи хармонија и рамнотежа во секоја врска, вклучувајќи го и бракот. Нивната способност да преговараат и да решаваат конфликти ги прави одлични партнери со кои е лесно да се договорат. Вагите секогаш ќе го бараат најдоброто решение за двајцата партнери, правејќи го бракот хармоничен и задоволувачки.
Забава
Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот
Српскиот пејач Никола Роквиќ веќе 14 дена патува пеш до Грција. Крајната дестинација на пејачот е манастирот Нектариј Егински, каде пејачот ќе се поклони и ќе го заврши подвигот кој го почна за хуманитарни цели.
Никола Велигден го помина во Македонија. Пејачот веќе објави фотографии и видеа на кои покажа како е пречекан во Куманово и Свети Николе.
„Стигнав на денешната дестинација. Голема радост е со мене, на местото Свети Николе, во храмот Свети Никола. Нашите драги домаќини ми кажаа дека ова место е токму местото каде што св. Никола му го вратил видот на Стефан Дечански. Вечерва овде ќе го славиме Велигден, многу сум среќен“, рече Никола.
Забава
Марко Новески објави прва фотка со близначињата: „Мојата дупла среќичка“
Водителот Марко Новески на својот Инстаграм профил објави прва фотографија со новородените близначиња Веда и Вања.
Новески, на 23 април 2024 откри дека заедно со сопругата станале родители и тогаш на неа и се заблагодари на сопругата што му го остварила најголемиот сон.
View this post on Instagram
10-тина дена по раѓањето, Марко објави фотографија, а во прегратка му се двете дечиња.
„Мојата дупла среќичка“, напиша тој,