Забава
(Видео) Сите луксузни вили на Новак Ѓоковиќ
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ дел од парите од својата плодна кариера ги вложи во недвижнини, па ги има многу ширум светот, пишува „Б92“.
Новак Ѓоковиќ моментално се одмара со семејството во својата вила во Марбела која чини 10 милиони евра и е нивна сопственост од 2020 година.
Њујорк
Новак поседува два пентхауса во „Големото јаболко“, за кои платил 10 милиони долари. Тие се наоѓаат во населбата Сохо, а архитектот Ренцо Пијано ги дизајнирал така што зрачат со луксуз.
Мајами
Њујорк не е единственото место каде што Ѓоковиќ поседува недвижен имот, со оглед на тоа што светскиот рекет број еден си создаде оаза и во Мајами. Куќата е со големина од 35 хектари и има поглед на океанот. Бидејќи никогаш не сакале да живеат таму, го купиле имотот за 5 и го продале за 7,15 милиони.
Космај
Купиле куќа и на Космај која чини 2,9 милиони, но веднаш решиле да ја реновираат. Парцелата на која ја купиле куќата се простира на неколку хектари.
Херцег Нови
Новак Ѓоковиќ купи луксузен имот и во новоотворената населба Порто Нови за 10 милиони евра. Сигурно сте обрнале внимание каде семејството Ѓоковиќ ги поминува летните паузи меѓу турнирите, а најчесто тоа е токму во црногорската луксузна населба. Не е непознато дека Новак и Јелена за сите семејни веселби ја избираат Црна Гора, па често летуваат во овој комплекс.
Монако
Може да се каже дека Новак најмногу инвестирал во недвижнини во Монако. Тој има имот во Монте Карло, кој е свртен кон Средоземното Море. Не е познато колку точно пари вложил во него.
Белград
Тенисерот број еден во главниот град на Србија поседува пентхаус во луксузната населба Вест 65, кој го платил 545.000 евра. Една од работите што ја имаат во него е тераса од 100 метри квадратни со базен.
Павловачко езеро
Семејството Ѓоковиќ има и вила покрај Павловачкото езеро, во близина на Рума. Величествениот објект има 1.200 квадратни метри, а самиот имот е со големина од неколку хектари.
Откако се појави информацијата дека најдобриот тенисер на светот ја избрал оваа дестинација за инвестирање, цените на земјиштето пораснаа на овие простори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

