Забава
(Видео) Српски актер јадеше леб, домати и паштета на плажа во Сплит: „Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите“
Српскиот актер Амар Мешиќ, кој глуми во хрватска серија, е на одмор во Сплит.
Се снимаше како јаде домати, леб и паштета на плажа.
„Никогаш не преправајте се дека сте нешто што не сте. Не дозволувајте лажните инфлуенсери да ви ги диктираат деновите. Уживајте во малите нешта како што јас правам – леб, домати и паштета. Тоа е животот“, напиша тој во описот на видеото што го објави на „Тик-ток“.
@ammarmesic Nemojte nikad u životu glumiti nešto što niste. Nemojte da dozvolite da vam lažni influenseri kroje dane. Uživajte u malim stvarima kao i ja u hlebu, paradajzu i argeti. To je život. ❤️ #split #croatia #summer2025 ♬ original sound – Ammar
Видеото предизвика многу реакции.
„Не заборавајте дека хрватскиот туризам е изграден со туристи што летувале на целиот Јадран носејќи своја храна“, „Вака се јаде кога си среќен, кога си свој, кога уживаш во животот, а не во скапи ресторани за светот да го види“, „Нека луѓето јадат што сакаат“, „Јас претпочитам пита и јогурт“, „Ова ме враќа во моето детство“, „Тоа е за појадок, а за ручек може да имате печено пилешко, кое можете да го исечете со прсти“, „Точно така, нема подобра комбинација“, се некои од коментарите.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагира во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четвртокот, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот, каде што се одржуваше европската премиера на филмот Wicked.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позира на црвениот тепих таа вечер опкружена со обожаватели и фотографи во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило се приближило малку премногу до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите Rock & Roll Hall of Fame во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата Gossip Girl се појави во долг фустан од тантела, без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамни.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект, што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит-серијата Gossip Girl од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција бидејќи тоа е огромна можност. Gossip Girl е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во поткастот Call Her Daddy.

фото: принтскрин
Забава
Џесика Алба и Дени Рамирез ја потврдија врската, објавија заеднички фотографии
Актерот Дени Рамирез ја потврди својата врска со Џесика Алба објавувајќи серија фотографии на „Инстаграм“. 33-годишната ѕвезда од филнот Captain America: Brave New World, сподели неколку слатки селфиња со 44-годишната актерка во неделата вечерта, направени на гала-вечерта Baby2Baby, што се одржа претходната вечер.

Иако Дени и Џесика пристигнаа одделно на црвениот тепих на годишниот добротворен настан во саботата вечерта, тие позираа заедно во просторијата, а фотографиите бргу се појавија на социјалните мрежи потврдувајќи ги шпекулациите за нивната романса.

„Каква прекрасна вечер од целиот тим на @baby2baby и сите што донираа. Собрани се 19,5 милиони долари за неколку минути! Им помагаме на baby2baby да ги поддржат децата во Америка и да продолжат со нивната витална работа за обезбедување основни потреби на семејствата во нужда❤️🔥“, напиша Рамирез покрај објавата. Алба коментира со емотикони во облик на срце.
View this post on Instagram
Џесик, исто така сподели фотографии и видеа од настанот, вклучувајќи групно селфи со Дени. „Каква прекрасна вечер на @Baby2Baby – толку се гордеам на виталната работа на Baby2Baby, која обезбедува основни резерви за повеќе од милион деца во нужда во целата земја секоја година. Синоќа ја почестивме @serenawilliams со наградата The Giving Tree Award – и собравме 19,5 милиони долари (!!) за да продолжиме со оваа витална работа. Благодарна сум што сум дел од толку неверојатна заедница“, напиша актерката, а Дени одговори на нејзината објава со љубовни емотикони.
фото: принтскрин

