Забава
(Видео) Студент починал кога изел тестенини стари пет дена
Каналот Chubbyem на „Јутјуб“ објави видеоснимка за смртта на млад студент, кој починал кога изел порција тестенини стари пет дена. Случајот е од 2008 година, но сега стана актуелен кога американскиот „Весник за клиничка микробилогија“ наишол на таа приказна.
Дваесетгодишното момче порцијата шпагети ја приготвил пред пет дена, а потоа ги оставил во кујната да стојат два дена. Неговиот цимер потоа ги преместил тестенините во ладилник, каде што стоеле уште три дена, се опишува во снимките што досега ги прегледале повеќе од еден милион луѓе.
Студентот пет дена подоцна ги подгреал тестенините во микропечка, а не бил свесен дека тоа е истата храна од пред неколку дена. Набргу почнал да се чувствува лошо, почувствувал мачнина, главоболка и болка во стомакот. По неколку часа, почнал да повраќа.
Заклучил дека се работи за труење, па испил многу вода, зел лек за желудник и си легнал да спие, се наведува во снимката. Се разбудил испотен и повторно почнал да повраќа по што неговиот цимер повикал брза помош. Пред да дојде брзата помош, момчето се онесвестило, а во болница починало.
Посмртно е откриено дека неговата смрт ја предизвикала бактеријата Bacillus cereus, а откриено е и дека лекот што го зел го оштетил црниот дроб, кој веќе откажувал поради бактеријата што се развила во организмот.
Докторот што се појавува во видеото тврди дека такви случаи се ногу ретки.
„Важно е да се напомене дека ова не е типичен случај на труење од храна. Многу луѓе јадат тестенини стари ден или два и не им е ништо. Но, бидете внимателни со храната што била надвор од ладилникот повеќе од неколку часа. Ако храната мириса чудно, секогаш е подобро да бидете внимателни отколку да зажалите“, заклучува докторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Меланија Трамп воодушеви во гламурозна креација во боја на смарагд
Меланија Трамп важи за дама со стил и вкус. Деловната елеганција е нејзин заштитен знак и ретко избира раскошни креации за средби со официјални претставници на земјите. Сепак, таа знае и како да направи исклучок…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прими саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, неофицијалниот лидер на Саудиска Арабија, во Белата куќа.
На церемонијалниот пречек се придружи и Меланија Трамп, првата дама на САД, но и жена која ја знае добитната модна комбинација кога станува збор за официјални посети.

Иако деловната елеганција е нејзин заштитен знак, Меланија овој пат одлучи да направи исклучок и избра гламурозна креација за да го пречека саудискиот принц.
Станува збор за макси фустан во смарагдна боја кој ја нагласува фигурата. Со оглед на тоа што првата дама на САД ја краси тело на модел, таа немаше проблем со леснотија да ја носи оваа креација од либанскиот дизајнер Ели Саб.

Својот стил го комплетираше со дискретни додатоци, впечатлива шминка и едноставна фризура која слободно паѓаше по нејзините рамена.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Емина Јаховиќ ги расплака посетителите на нејзиниот концерт, а потоа му порача на Ковачевиќ: Ќе мораш да ми го кажеш тоа во лице
Пејачката Емина Јаховиќ синоќа, 18 ноември, го одржа својот втор концерт по ред во Сава Центар во Белград, на кој расплака многумина.
Најемотивниот момент од концертот беше кога Емина на сцената се сети на својот покоен колега Халид Бешлиќ.
Таа го отпеа неговиот хит „Први полљубац“, кој публиката го поздрави со аплауз, а многумина се расплакаа.
По концертот, Емина Јаховиќ даде изјава за медиумите, а новинарите ја прашаа за Саша Ковачевиќ, на што таа рече:
– Никогаш не сум имала ништо лошо во животот со ниту еден од моите колеги, никакви негативни вибрации. Моите колеги се мои пријатели пред сè. Саша и јас имаме безвременска песна. Напишав безвременска песна за нас двајца. Никогаш немавме никакви проблеми, никакви караници, кажување лоши работи еден на друг… – ја започна приказната Емина Јаховиќ, откривајќи дека го поканила на својот прв концерт, но дека тој одбил.
На прашањето што има да одговори на неговиот коментар „дека не е џентлеменски да каже што е проблемот“, Емина му порача дека ќе мора тоа да и го каже во лице.
фото: принтскрин
Забава
Саша Ковачевиќ ја откри вистината за односот со Емина: „Проблемот трае со години“
Поп-пејачот Саша Ковачевиќ не се појави на концертот на Емина Јаховиќ, со која го има снимено еден од најубавите дуети.
Додека таа одржуваше концерт во Сава Центарот во Белград, Саша Ковачевиќ гостуваше во емисија. Водителот го праша за нивниот однос, а пејачот реши да ја открие вистината.
Како што вели, Емина Јаховиќ го повредила неколку пати.
– Ги почитувам сите мои колеги. Два или три пати се случија работи што не беа колегијални, пријателски. Тоа беше во минатото. Таа повеќе не се однесуваше пријателски, а јас ја сметав за пријателка – рече Саша Ковачевиќ и додаде:
– Морам да реагирам. Овој наш проблем датира одамна, години. Морам да се бранам, тоа се нормални работи во бизнисот – рече Саша Ковачевиќ во емисијата.
Пред 16 години, Емина Јаховиќ и Саша Ковачевиќ снимија дует кој стана еден од најпознатите српски хитови, а нивната соработка остави голем белег на музичката сцена, па отсуството на Саша од концертот на Емина предизвика интерес кај јавноста.
фото: принтскрин

