Забава
(Видео) Том Хенкс во апокалиптична драма „Финч“
Претстојниот филм „Финч“ со Том Хенкс во главна улога ќе дебитира на стриминг-платформата „Епл плус“ во ноември.
„Финч“ е за инженер за роботика (Том Хенкс) кој се обидува да преживее во нов постапокалиптичен свет, чија површина и население се десеткувани од разорен блесок на сонцето. Со него е четириножниот крзнен сопатник Гудиер и роботот наречен Џеф. Во средиште на сето тоа е решеноста на Том да најде некој што ќе се грижи за Гудиер по неговата смрт.
Научнофантастичната драма се случува по сончев блесок што го уништил животот на Земјата. Инженерот Финч преживеал една деценија постапокалиптичен пустош во подземен бункер каде што живее заедно со своето куче Гудиер.
Во бункерот тој создава робот, а во најавата за филмот се гледа како тројката тргнува на пат да најде засолниште за да избегне смртоносна бура. Нивното патување е поплочено со многу предизвици – екстремни временски услови, немилосрдна топлина, УВ-зрачење, но и со и со хумор. Финч се обидува да ги поттикне Џеф и Гудјер да се согласуваат и воедно се справува со опасностите од новиот свет.
„Финч“ ќе биде достапен за стриминг на „Епл ТВ плус“ на 5 ноември 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Љубомора, посесивност и драма: Четири знаци што го губат разумот кога ќе се заљубат
Астрологијата предупредува дека кај некои хороскопски знаци љубовта не носи само нежност, туку и силни емоции, љубомора и потреба за контрола. Кога се заљубуваат, тоа го прават без задршка, но токму таа интензивност може да ги направи емотивно тешки и непредвидливи.
Шкорпија
Во љубовта нема средина – се врзува длабоко и очекува целосна лојалност. Стравот од предавство може да разбуди љубомора и контролирачко однесување.
Овен
Се заљубува брзо и страсно. Кога ќе почувствува несигурност или одбивање, импулсивноста лесно преминува во конфликт.
Лав
Дава многу, но бара внимание и восхит. Ако почувствува дека ја губи централната улога, реагира драматично и посесивно.
Риби
Се предаваат целосно и емотивно се спојуваат со партнерот. Ако љубовта не оди според нивните очекувања, можат да станат зависни од односот или да се повлечат во тивка, емоционална замка.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos

