Забава
(Видео) Том Хенкс и Кејлеб Лендри Џонс на премиерата на „Финч“
Двократниот оскаровец Том Хенкс повторно се соедини со својот колега Кејлеб Лендри Џонс на премиерата на филмот„Финч“ на компанијата „Епл ориџинал филмс“, а во кој двајцата се главни протагонисти.
Свечената проекција се одржа во Пацифик-дизајн центарот во западен Холивуд во вторникот.

Во постапокалиптичната научнофантастична драма, Том е инженер за роботика кој се обидува да преживее во нов постапокалиптичен свет, чија површина и население се десеткувани од разорен блесок на сонцето. Откако преживува една деценија во подземен бункер заедно со своето куче Гудијер, тој успева да направи робот (Кејлеб) за да се грижи за кучето по неговата смрт.

Андроидот на Хенкс тргнува на пат кон Сан Франциско со кучето и со инженерот за да најадат засолниште од претстојна смртоносна бура. Патувањето е исполнето со многу предизвици откако катаклизмичниот сончев настан ја остави Земјата во пустош.
Филмот ќе биде достапен на стриминг-платформата Епл ТВ-плус од 5 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се сопнуваш на рамно? Можеби виновен е хороскопот – пет најтрапави хороскопски знаци
Астролозите тврдат дека одредени хороскопски знаци се понеспретни од другите, било поради расеаност, брзоплетост или постојано живеење во облаци”.
Стрелец – постојано гледа кон нови цели и авантури, па често не ги забележува препреките пред себе. Неспретноста доаѓа од ентузијазмот и брзањето.
Риби – длабоко во својот свет на фантазија и емоции, лесно забораваат на реалноста околу себе. Можат да се наслонат на свежо обоен ѕид или да ги загубат клучевите.
Близнаци – умот им работи пребрзо, со илјадници мисли и планови одеднаш. Нивната смотаност произлегува од „премногу табови“ во глава.
Овен – делува пред да размисли. Може да претрча по лизгав под или да носи премногу работи одеднаш. Сепак, брзо се опоравува и продолжува како ништо да не се случило.
Водолија – мислите им се насочени кон иднината и апстрактни идеи, па неретко се сопнуваат дури и на рамно. Познати се и по социјални грешки, бидејќи говорот ги прескокнува правилата.
Забава
Ирина Шејк откри како со Бредли Купер ја воспитуваат 8-годишната ќерка
Ирина Шејк изјави за People дека со поранешниот партнер Бредли Купер ѝ го ограничуваат пристапот на интернет на нивната ќерка Леа Де Сеин за да ја заштитат од негативните страни на славата. Таа нагласи дека Леа „има многу мал, речиси никаков пристап до интернет“ и дека сака да се фокусира на „заедница, пријателства и давање љубов“.
Шејк рече дека одгледувањето дете „во семејство полно со љубов“ е најважно, и дека ја учат Леа да се сака себеси во свет со „многу стандарди на убавина“ од кои се обидуваат да ја заштитат.
Ирина Шејк и Бредли Купер се во врска од 2015 година, ја добија Леа во март 2017, а се разделија во 2019 година. И покрај раскинувањето, останале во добри односи и заедно ја воспитуваат ќерката.
Hitech
Шефот на „Гугл“: Вештачката интелигенција е склона кон грешки, корисниците не треба слепо да ѝ веруваат
Корисниците не треба слепо да веруваат на сè што им кажуваат нивните алатки за вештачка интелигенција (АИ), изјави денес за Би-би-си шефот на матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“. Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, изјави за британскиот медиум дека моделите на АИ се склони кон грешки и ги повика корисниците да ги користат заедно со други алатки.
Пичаи ја нагласи важноста на богат информациски систем, наместо да се потпираат исклучиво на технологијата на АИ, објави Би-би-си. „Затоа луѓето го користат пребарувањето на „Гугл“, а ние имаме и други производи што обезбедуваат подобри, поточни информации“.
Пичаи, индиско-американскиот шеф на „Алфабет“, рече дека алатките на АИ се корисни ако „сакате да напишете нешто креативно“, но предупреди дека луѓето треба да научат да ги користат овие алатки за „она во што се добри, а не само слепо да веруваат на сè што ќе кажат“.
„Горди сме на трудот вложен во обезбедување на најточни можни информации, но дури и најдобрата технологија на АИ во моментов е склона кон грешки“, нагласи тој.
Пичаи разговараше со Би-Би-Си додека технолошкиот свет со нетрпение очекува нова верзија на комерцијалниот модел на вештачка интелигенција на „Гугл“, „Џемини 3.0“, кој во тековните верзии веќе врати дел од пазарниот удел во битката против ChatGPT.
Неговите коментари се во согласност со истражувањето на Би-би-си спроведено претходно оваа година, кое заклучи дека ботовите со вештачка интелигенција се неточни при производство на резимеа на вести.

