Забава
(Видео) Трејлерот за претстојниот филм на „Нетфликс“ собра три милиони прегледи
Гледачите може да се подготват за уште еден филмски хит.
Leave The World Behind („Остави го светот зад себе“) е името на новиот психолошки трилер заснован на истоимениот роман на Руман Алем од 2020 година.
Во филмот глумат големи имиња – Џулија Робертс, Махершала Али, Итан Хок, Михала и Кевин Бејкон, а пристигнува на „Нетфликс“ на 8 декември.
Неодамна беше објавен и првиот официјален трејлер. За само два дена, трејлерот собра повеќе од три милиони прегледи.
Во овој апокалиптичен трилер од наградуваниот писател и режисер Сем Есмејл, Аманда (Џулија Робертс) и нејзиниот сопруг Клеј (Итан Хок) изнајмуваат луксузна куќа за викенд на Лонг Ајленд со своите деца Арчи (Чарли Еванс) и Роуз (Фара Мекензи).
Но, нивниот одмор набргу ќе се расипе кога ноќе пристигнуваат двајца странци, кои им кажуваат дека нема струја во цел Њујорк и дека не знаат што се случува, а тие бараат засолниште во куќа за која тврдат дека е нивна. Потоа доаѓа веста за мистериозен сајбер-напад. Двете семејства се соочуваат со претстојната катастрофа, која од минута на минута се влошува. Само едно е сигурно – нема враќање во нормала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Светскиот вокален феномен Емели Санде на 7 ноември во Скопје
Скопје станува дел од светската музичка мапа со концертот на единствената Емели Санде, најмоќниот женски вокал на новата светска соул ера. На 7 ноември, во арена „Борис Трајковски“, македонската публика ќе има привилегија да ја доживее во живо артистката која ја редефинираше емоцијата во музиката и со својата автентичност го освои светот.
Со повеќе од 20 милиони продадени изданија, милиони стримови и бројни меѓународни признанија, Емели Санде е уметник со несомнен светски статус. Низ годините, нејзините песни како “Next to Me”, “Read All About It”, “Clown”, “Beneath Your Beautiful” и “My Kind of Love” станаа химни на милиони луѓе. Таа е позната по способноста секоја нота да ја претвори во приказна, а секој настап во незаборавен момент. Нејзиниот вокал, опишан како еден од најпрепознатливите на современата сцена, носи сила, длабочина и искреност што ретко кој артист денес ја поседува.
Концертот на 7 ноември, ќе биде дел од нејзината европска турнеја, на која Емели Санде се претставува во модерно, свежо и драматично продукциско пакување. Настапот во Скопје ќе понуди врвна жива изведба со бенд, моќна продукција, визуелни елементи и сценографија, сет листа што ги опфаќа најголемите хитови и нови песни, интимни моменти во кои Емели ја открива својата уметничка душа пред публиката.
Дополнително, концертот на Емели Санде во Скопје се реализира во рамките на Scream Festival – фестивал кој обединува врвни светски и регионални уметници и носи силна културна и продукциска вредност на домашната сцена. Покрај настапот на Емели Санде, фестивалската програма ќе вклучи и други внимателно одбрани изведувачи, создавајќи неколкучасовно музичко доживување.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите може да ги купите преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Забава
(Видео) Трик од 2 секунди: Алиштата ќе ви се исушат двојно побрзо
Овој едноставен трик за сушење алишта би можел да стане ваш мал, но корисен сојузник во зимските домашни работи.
Сите сакаме нашите алишта да се исушат што е можно побрзо по перењето, особено во текот на зимските денови, кога сушењето алишта е вистински кошмар. Сепак, на интернет има многу корисни совети и трикови, а еден таков совет се однесува на перењето и сушењето алишта.
Секогаш кога ви се чини дека сте бомбардирани со трикови за да го олесните животот дома од сите страни, не заборавајте дека некои од нив навистина би можеле да ви го променат животот.
Еден таков совет би можел да биде оној поврзан со перењето и сушењето алишта, особено затоа што знаеме дека е во наш најдобар интерес алиштата да се исушат што е можно побрзо.
Австралијката Шенон Леш, експерт за домаќинство, постојано успева да им помогне на луѓето ширум светот со своите необични и генијални совети во врска со обичните домашни работи.
Еден од советите што е дочекан со ентузијазам е побрз начин за сушење алишта. Трикот трае две секунди и дава неверојатни резултати.
Нејзиниот трик за побрзо сушење стана вирален. Шенон објаснува дека најефикасниот метод е да се стави сува крпа во машина за сушење алишта полна со влажни алишта. Таа тврди дека ова ќе ги исуши влажните алишта три пати побрзо, а исто така ќе потрошите помалку електрична енергија.
Ефикасноста на трикот е потврдена и од други
Корисникот на TikTok, Питер Волш, исто така го сподели овој едноставен совет, кој, според него, може да го скрати времето на сушење во машината за сушење алишта за половина. Тој додава дека овој трик помага бидејќи крпата ја апсорбира вишокот влага и ја подобрува циркулацијата на воздухот во уредот.
@thepeterwalshshowpod A useful life hack
Според искуствата на корисниците, резултатите се видливи по кратко време. Некои тврдат дека забележале значителна разлика по само 15 минути сушење. Други истакнуваат дека го користат овој метод со години, особено со помали количини алишта. Исто така, препорачливо е да се центрифугираат потешки парчиња облека пред сушењето.
Бројни коментари на социјалните мрежи ја потврдуваат ефикасноста на овој трик. Корисниците велат дека ќе го применуваат овој метод со секое перење во иднина. Тие исто така се надеваат на помала потрошувачка на енергија и пократко време на сушење.
Едноставен додаток како сува крпа би можел да стане мал, но корисен сојузник во зимските домашни работи.
Забава
(Видео) Каролина Гочева: Ви благодарам што после 15 години ја вративте песната во живот
Во последно време „Крај“ почна погласно да се пее на сите концерти и сѐ почесто добивам и гледам разни видеа, ремикси… па направив една кратка домашна, инстаграм верзија да ви се заблагодарам што после 15 години ја вративте песната во живот, напиша македонската пејачка Каролина Гочева покрај видеото што го објави на социјалните мрежи.

