Забава
(Видео) Францускиот Спајдермен без јаже се искачи на највисоката зграда во Лондон

Францускиот Спајдермен, Ален Роберт, се искачи на една од највисоките згради во Лондон без јаже. На бестрашниот Роберт (56) му бил потребен еден час да се искачи на кулата „Херон“, висока 230 метри, во финансискиот четврт во Лондон.
Holy Moly Spiderman! ?
Sky News captured the breathtaking moment #FrenchSpiderman Alain Robert tackled the 754ft #HeronTower in London.
Follow the event live here: https://t.co/tTDD1BYt1n pic.twitter.com/sXrXyiIvHu
— Sky News (@SkyNews) October 25, 2018
„Не сум луд иако ова што го правам се чини лудо“, рекол тој за „Скај њуз“ пред да се впушти во ризичниот потфат.
Роберт досега се има искачено без јаже и на „Бурџ калифа“ во Дубаи, која е највисока зграда во светот, потоа на Ајфеловата кула во Париз и на „Операта“ во Сиднеј. Честопати се искачува без дозвола и поради тоа повеќепати бил уапсен. Полицијата денеска го почекала да се симне од зградата. Портпаролката на лондонската полиција одбила да одговори дали против него ќе биде поднесена пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Шокантно издание на контроверзната актерка

Иако доаѓа од Холивуд, можеби малку претера кога станува збор за црвениот тепих, но тоа е Џена Ортега.
Ѕвездата на хорор-филмовите се погрижи да биде главна тема на доделувањето на наградите „Еми“, а многумина дури ја вклучија и на листата на најлошо облечени ѕвезди.
Таа се појави во здолниште и малку чуден топ, кој требаше да претставува маица.
Џена носеше декоративни нитни, поголеми бисери и многу други предмети што личеа на скапоцени камења, кои го заменија горниот дел од нејзината облека.
Исто така, имаше силна вечерна шминка со нагласени очи, но и темен кармин, па не знаете каде попрво да погледнете со толку многу впечатливи детали.
Секако, не носеше ништо под горниот дел.
Својот моден изглед го комплетира со едноставни сандали на платформа со тенка лента и без никакви проблеми продолжи да позира за собраните фотографи.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Фатална и во шестата деценија: Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб

Прославената актерка Кетрин Зета-Џонс (55) прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Еми“ и буквално ги остави сите без зборови.
Познатата убавица неодамна беше цел на коментари за изјава за дете, што многумина ги сметаа за несоодветни. Сепак, тоа не ја спречи повторно да привлече внимание на себе.
Кетрин позира во долг црн фустан со гол грб. Целата креација е покриена со ситни светки, а горниот дел е целосно транспарентен и украсен со цветни мотиви.
Своето смело модно издание го комплетира со сандали на високи платформи и со спектакуларни обетки гордо покажувајќи им на сите дека сè уште нема достојна конкуренција кога станува збор за гламур.
Кетрин Зета-Џонс е една од најголемите ѕвезди во Холивуд, а нејзиниот брак со Мајкл Даглас привлекува внимание со години. И покрај разликата од 25 години, овој пар е во љубов повеќе од две децении и се чини дека сè уште се вљубени како на првиот ден.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Никој не го тргна погледот од неа поради нејзиниот неодолив фустан

Ѕвездата од серијата „Белиот лотос“ привлече внимание во необична креација, која совршено ги откриваше нејзините вити нозе и идеалната фигура.
Тајландската раперка и актерка Лалиса Манобал, која светската слава ја стекна како членка на групата Blackpink, а потоа ја доби својата прва актерска улога во третата сезона од серијата „Белиот лотос“, привлече можеби најголемо внимание на 77. доделување на наградите „Еми“ во Лос Анџелес, сето тоа благодарение на фустанот што го носеше на оваа церемонија.
Розовиот фустан неодоливо личи на шеќерна волна, што не е прв пат оваа година да видиме таков стил на црвениот тепих. Сепак, иако ваквите фустани можеби станаа еден од најнеобичните трендови, што дури и бремената Ријана ги прифати, тие секогаш привлекуваат неверојатно внимание и ги ставаат своите сопственици во центарот на настаните.
Оваа креација се состои од неколку слоеви транспарентен тил, кој е најизразен на колковите, каде што има длабок шлиц што ја истакнува завидната фигура на популарната Лиза, како што ја нарекуваат, но целото внимание е сепак насочено кон нејзините вити нозе.
Бојата на фустанот ја комбинира со накит и светкави зашилени чевли.
Целиот изглед го заокружи со суптилна шминка и малку виткана коса, како и разоружувачка насмевка, што им ја подари на фотографите.
фото: принтскрин