Забава
(Видео) Хит-серијата „Сопранови“ доби филм
Тони Сопрано се врати по тринаесет години во нов филм кој ја истражува неговата трансформација во еден од најголемите антихерои на ТВ.
Трејлерот за крими-драмата The Many Saints of Newark („Многуте светци на Њуварк“), чија приказна му претходи на дејствието на легендарната серија „Сопранови“, беше споделен неодамна.
Првиот трејлер нуди поглед на Ентони (Мајкл Гандолфини), тинејџер со висок коефициент на интелигенција, кој оди во училиште, но цвета под крилото на неговиот сакан чичко Дики Молтисанти (Алесандро Нивола). Од прифаќање украдени телевизори до напади врз луѓе сред бел ден, филмот го опишува подемот и предизвикот на мафијашите во сè повеќе растргнатиот град Њуварк во Њу Џерси.
Сценариото е напишано од креаторите на култната серија, Дејвид Чејс и Лоренс Конер. Дејствието е сместено во 60-ите години за време на расните нереди во Њуварк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Роналдо му се заканува тужба, не платил ботокс: дерматологот бара отштета
На португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо му се заканува тужба поради неплатени сметки. Тоа само по себе е чудно бидејќи во кариерата заработил повеќе од милијарда, но тоа што го должи е уште поневеројатно. За ботокс, пренесуваат светските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња му остана должен на лекарот Рошан Равиндран, кој неколку пати го третираше додека играше за Манчестер Јунајтед.
Докторот тврди дека Роналдо му должи околу 50.000 евра и дека одлучил парите да ги собере на суд. Равиндран е дерматолог кој има две ординации, едната во Манчестер, а другата во Лондон. Неговата специјалност е ботоксот. Тој наводно се однесувал добро кон Роналдо како и Георгина Родригез, неговата долгогодишна партнерка.
„Тоа е тековен процес и не сакам да зборувам за моите пациенти“, докторот остана „затворен“ и со тоа само потврди дека Роналдо имал третмани кај него, според написите.
Британските медиуми не можат со сигурност да знаат дали тој веќе го тужел Роналдо или планира да го стори тоа, но весниците од оваа земја шпекулираат дека третманите со ботокс се случиле непосредно пред Европското првенство и пред мечот со Словенија.
Роналдо пушти солзи во осминафиналето кога промаши пенал, а новинарите тоа не го промашија. Плачеше како дожд, но на челото немаше ниту една брчка.
Забава
„На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“: Ким Кардашјан на удар на критики
Ким Кардашијан се најде на удар на критики откако позираше во атрактивно издание носејќи крст околу вратот.
Таа сними реклама за новата колекција на нејзиниот бренд Skims во соработка со Dolce & Gabbana. Носеше градник и боксерки кои ги спушти надолу. Следеа бројни негативни коментари.
„Ова е навистина непримерно“, „На кој нормален човек би му текнало да се фотографира вака?“, „Ја навредувате религијата. Невкусно е“, „Зошто секогаш носи крст кога е полугола?“, се некои од нив.
Забава
Тори Спелинг објави фотографии во бикини: „Покажав друга страна од себе“
Актерката и реалити ѕвезда Тори Спелинг на својот Инстаграм профил сподели носталгични моменти од минатото. Имено, таа објави стари фотографии кои се направени во октомври 2000 година, кога позирала за насловната страница на магазинот „Stuff“.
На една од фотографиите таа носи виолетово бикини, а објави и неколку други страници од тоа издание на магазинот, на кои исто така позира во различни костими за капење.
Во описот на објавата, Тори напиша: „Сакав да покажам дека добрата девојка, позната како Дона Мартин, сепак може да биде личност која го заснова својот живот на верата, семејството, добрината, моралните вредности, силата и промисленоста, но и поседува привлечност, прифатив сопствен стил и покажав поинаква страна од себе“.
Таа, исто така, објави страница од списанието на која е вклучено и нејзиното интервју, во кое зборува за нејзината кариера, предизвикувачките улоги и за нејзината витка фигура.