Забава
(Видео) Хотел нуди ноќевање за еден долар, но престојот на гостите се пренесува на „Јутјуб“
Сопственик на хотел во Јапонија нуди ноќевање за еден долар, но под услов камери да ги снимаат гостите додека се во нивните апартмани.
На почетокот на годинава во Јужна Кореја изби скандал бидејќи четири лица во повеќе хотели тајно поставиле камери и ги снимале гостите. Тоа е буквално понуда на еден јапонски хотел.
Сопственикот на хотелот во Фукуоки во Јапонија им нуди на гостите да престојуваат за еден долар или 100 јени, но за возврат во живо го пренесуваат престојот на јутјуб-страницата на хотелот, која има 6.000 следбеници.
Гледачите на „Јутјуб“ во живо може да коментираат и дури да комуницираат со гостите во хотелот. Постојат одредени правила кои поставуваат јасна граница. Експлицитни чинови, како секс и голотија, не се дозволени, а не би требало да се откриваат ниту своите линчи податоци, како броеви на кредитни картички.
Снимката што се емитува на „Јутјуб“ по правило е само видеоснимка, без звук, па гледачите не може да чујат за што разговараат гостите. Микрофонот може да се вклучи, но одлуката за тоа е на гостите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
1. декември ја менува судбината на три хороскопски знаци, ги чека огромна среќа
Од 1 декември три хороскопски знаци — Близнаци, Стрелец и Водолија — влегуваат во период на голема среќа, успеси и позитивни промени. Крајот на ноември носи силни астролошки влијанија кои овие знаци ќе ги почувствуваат како изненаден наплив на можности, финансиски добивки или поддршка во љубовта.
Близнаци
Неочекивана информација или нова личност може да им отвори врата кон деловни или финансиски шанси. Комуникацијата ќе биде клучна, а нивната природна љубопитност ќе им донесе успех.
Стрелец
Стрелците влегуваат во фаза на експанзија. Патувања, контакти од странство или нови искуства носат награди и радост. Оптимизмот им привлекува позитивни промени.
Водолија
Водолиите ќе напредуваат преку креативност и оригинални идеи. Проекти што долго ги развиваат може конечно да им донесат признание, поддршка или финансиски прилив.
И додека за другите знаци периодот е помирен, секој ќе може да најде стабилност преку мали, но значајни промени со долгорочна корист.
Забава
(Видео) Mисица падна на сцената на „Мис Универзум“, па кажа дека било дел од настапот
На изборот за Мис Универзум 2025 во Тајланд, претставничката на Велика Британија, 37-годишната Даниел Латимер, предизвика големо внимание кога падна на сцената за време на претставувањето на националните костими. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи, а публиката и жирито беа шокирани – сè додека не се откри дека падот бил дел од настапот.
Латимер се појави во костим инспириран од ликот Елајза Дулитл од филмот „My Fair Lady“, делеше цвеќе, а потоа намерно се сопна и падна. По неколку секунди стана сама, го соблече капутот и ја откри раскошната балска тоалета, што предизвика силен аплауз. Подоцна објасни дека падот симболизира трансформација, како на Елајза, така и нејзината лична.
View this post on Instagram
На Инстаграм пошегува се дека „веројатно ќе заврши во Daily Mail поради падот“, и откри дека при настапот си скршила нокт – единствен дел што не бил планиран.
Латимер вели дека приказната за Елајза ја гледа како своја: израсната во сиромашниот Ист Енд во Лондон, сама си го изградила патот до светската сцена.
Настапот стана еден од најкоментираните на годинашниот избор, додека преднатпреварите влегуваат во финална фаза. Финалето на Мис Универзум 2025 ќе се одржи на 21 ноември во Бангкок.
Забава
Сопругата на словенечкиот премиер е мисица и активистка, со својот стил повторно го привлече вниманието, гласајќи на референдумот
Сопругата на словенечкиот премиер Роберт Голоб, поранешната мисица Тина Габер, го привлече вниманието кога двајцата денес заедно гласаа на референдумот за асистирано самоубиство. Габер се појави во едноставна црна комбинација со елегантен светлобеж капут.
Голоб и Габер се венчаа на 6 септември 2025 година, на интимна церемонија во Струњан, со присуство на блиски пријатели и семејство. Врската ја потврдија во 2023 година и оттогаш повремено се појавуваат заедно на настани, иако приватноста ја чуваат внимателно.
Тина Габер е позната од 2008 година кога ја освои титулата Miss Hawaiian Tropic Slovenia. Студирала социологија, а подоцна станала водителка, инфлуенсерка и активистка за правата на животните и заштита на животната средина. Изградила имиџ што ги спојува модата, ангажираноста и здравиот стил на живот.
Прочитај и: Сопругата на словенечкиот премиер за свадбата: „На гостите им ги одзедовме мобилните телефони“

