Забава
(Видео) We Don’t Talk About Bruno ја симна од тронот Адел на врвот на Билборд 200
Дизни има склоност кон анимирани филмови кои силно одекнуваат во масите. Со „Енканто“ тоа е евидентно. Саундтракот на магичниот анимиран мјузикл за едно необично семејство се искачи на првото место на американската табела Билборд 200.
Табелата ги рангира најпопуларните албуми за оваа недела во САД.
Ова е првиот саундтрак што го достигнал првото место во повеќе од две години, а последниот саундтрак што го постигна истиот подвиг беше Frozen 2, исто така анимиран филм на „Дизни“. Саундтракот на „Енканто“, напишан и компониран од Лин Мануел Миранда и Жермејн Франко, го симна од тронот новиот албум „30“ на британската поп дива Адел, кој беше број 1 шест недели.
Голем дел од успехот на саундтракот се должи на популарноста на поединечните песни We Don’t Talk About Bruno и Surface Pressure, и двете рангирани на Billboard Hot 100 листата.
„Енканто“ е анимирана приказна за необично семејство кое живее сокриено во волшебна куќа во планините на Колумбија, во преубавото место Енканто. Магијата на Енканто го благословила секое дете во семејството со уникатна дарба, од суперсила до моќ на исцелување. Сите деца, освен едно: Мирабел.
За музиката, која ја слави различноста на Колумбија, е заслужен Лин Мануел Мииранда, а ја изведува Карлос Вивес, кој седумнаесет пати бил номиниран за латино „Греми“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Пред 10 години велеше дека е дебела и дека страда, а денес нејзината топлес фотографија го обиколува светот
Пејачката Кристина Агилера (45), сопственичка на големи хитови, од кои еден е „Genie In A Bottle“, се бореше со вишок килограми десет години, што често водеше до остри коментари и столб на срам, а дури еднаш рече: „Дебела сум, помирете се со тоа!“.
Сепак, пред некое време таа им застана на патот на сите критики ослабувајќи повеќе од 20 килограми и враќајќи се на сцената во полн сјај, потсетувајќи нè на периодот на почетокот на нејзината кариера, кога беше заводлива русокоса и сон на многу мажи.
Кристина Агилера сега ја покажа својата неверојатна трансформација, како дел од Неделата на модата во Париз, кога позираше топлес и доби многу комплименти за нејзиниот сегашен изглед.
Таа носеше само драматично, широко црно здолниште и впечатлив накит во форма на ѓердан и обетки, а рацете ѝ ги покриваат голите гради.
Со оваа слика, таа се огласи од „Градот на светлината“ и предизвика голем ентузијазам кај своите следбеници и обожаватели.
Забава
(Фото) Најубавите сијамски близначки ги тераат луѓето да „ја изгубат главата“: дали се производ на вештачка интелигенција или се вистински
Социјалните медиуми се преполни со објави за сијамските близначки од Мајами, кои станаа актуелна тема, но се поставува и прашањето – дали навистина постојат или се производ на вештачка интелигенција?
Сијамските близнаци, Валерија и Камила, наводно имаат 25 години и се најубавите споени близначки во светот, иако никој не е сигурен дали навистина постојат.
Нивните профили на социјалните мрежи се едни од најследените, луѓето им оставаат разни коментари, но нема друга трага од нив на интернет, освен она што го објавуваат на Инстаграм. Затоа постои сомневање дека сè е вештачка интелигенција, но вие проценете сами.
Очигледно, кога еднаш одговориле на прашањата на фановите, откриле некои детали за себе, како и дека имале неуспешни операции и дека е невозможно да се разделат бидејќи се поврзани преку ‘рбетниот мозок.
Нивниот најголем проблем е што имаат различни вкусови за мажи, па затоа им е тешко да излегуваат со ист партнер. Близначките исто така открија дека не можат да делат гардероба, имаат два телефона, различни лични карти и редовно одат во теретана, иако често се расправаат.
Судејќи според коментарите, но и според нивните совршени фотографии, сè повеќе луѓе мислат дека близначките се „измислени“ и дека вештачката интелигенција има удел во ова.
„Ова е толку очигледно“, „Невозможно е некој навистина да поверува во ова“, „Можете да видите дека се генерирани“, „Страшно, како да сме во хорор филм“, беа само некои од коментарите.
Забава
(Видео) Едно излегување – милион воздишки: Сè гори поради фустанот на Марго Роби
Австралиската актерка Марго Роби покажа нешто сосема поинакво по улогата на Барби во истоимениот филм. Прекрасната русокоса сега го игра ликот на Кетрин Ерншо во филмот „Wuthering Heights“, а на премиерата во Лос Анџелес буквално ги остави сите без здив.
Margot Robbie arrives to the “Wuthering Heights” premiere in LA. pic.twitter.com/yh6QutL3Wi
— Variety (@Variety) January 29, 2026
Марго Роби позираше во нереален фустан направен од проѕирен, тесен корсет со чипка, кој продолжува во драматично здолниште во црна и црвена боја. Моделот го потпиша модната куќа „Schiaparelli“.
Сепак, вистинскиот спектакл го создаде дијамантскиот ѓердан „Таџ Махал“, кој ѝ припаѓаше на Елизабет Тејлор и чија вредност се проценува на околу осум милиони долари.
Роби носеше светкав привезок во облик на срце високо на вратот, додека златен ланец се спушташе по грбот.
Елизабет Тејлор го доби овој познат ѓердан како подарок од својот петти сопруг, Ричард Бартон, пред 54 години, по повод нејзиниот 40-ти роденден, а денес е едно од најпрепознатливите парчиња од легендарната колекција накит на познатата холивудска ѕвезда.
Заедно со неа, на црвениот тепих беше и Џејкоб Елорди, колега од филмот, кој исто така блескаше на свој начин. За свечената премиера, тој избра импресивно црно одело.

