Забава
Викторија Бекам нема да му дава брачни совети на синот Бруклин
Модната дизајнерка Викторија Бекам е во брак со Дејвид Бекам од 1999 година, но таа не сака да му дава какви било брачни совети на нивниот 22-годишен син Бруклин, кој е свршен со актерката Никола Пелц.
Поранешната „спајс грл“, која исто така ги има Ромео (19), Круз (16) и Харпер (10) со соругот Дејвид, објасни: „Нема ништо полошо од некој да дава совети“.
„Се сеќавам дека Гери еднаш ми рече:’Кога ќе добиете телевизор, ќе добиете прирачник за ТВ. Но, кога ќе имате бебе, нема прирачник. Треба сами да го сфатите тоа’. Тоа е вистината. ”
„Отсекогаш сум имала среќа што имам силна семејна единица, не само со Дејвид и децата, туку и со моите родители и родителите на Дејвид. Се чувствувам многу благословена што го имам тоа. Децата секогаш се на прво место кај мене и Дејвид“, рече таа во интервју за „Волстрит журнал“.
Викторија (47) и Дејвид (46) сакаат да им нудат совети на своите деца. Сепак, поранешната поп-ѕвезда инсистира дека постои разлика помеѓу нудење совети и нудење поддршка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Северина објави видео од нејзината мајка Ана во Арена Загреб: „Уште сум твоето мало девојче“
Северина објави видео од нејзината мајка Ана на еден од нејзините два концерта во Арена Загреб. Таа ја посвети песната „Далматинка“ на својата мајка, која пееше заедно со својата ќерка од трибините, заедно со еден пријател.
„[На мајка ми] јас бев твоето мало девојче… и сѐ уште сум“, напиша Северина покрај видеото.
„Толку сум среќна што синоќа го забележав овој момент на гордата мајка на Северина што не можам да ви опишам. Жената што роди легенда, не само музичка, туку и борец во приватниот живот, како и борец за вистината, правдата и човековите права, ја гледа својата ќерка во преполната Арена која неколку моменти претходно ѝ ја посвети оваа песна. Трогателен момент“, напиша претходно Ника Паиќ, авторката на снимката.
фото: принтскрин
Забава
Се одложува концертот на Божо Вреќо во Македонската филхармонија
Концертот на Божо Вреќо, кој требаше да се одржи на 21 ноември 2025 година во Македонската филхармонија во Скопје, се пролонгира поради технички причини.
Нов термин за одржување на концертот ќе биде утврден во најбрз можен рок, а јавноста и сите купувачи ќе бидат навремено информирани за новиот датум.
Сите купувачи кои сакаат да го остварат своето право на поврат на средствата за купените билети можат да го направат тоа на продажното место каде што билетите биле купени, вклучувајќи ја и онлајн-платформата karti.com.mk.
Забава
Влатко Лозаноски со мегашоу: „Километри љубов“ на 7 март во арената „Борис Трајковски“
Влатко Лозаноски најавува незаборавна вечер исполнета со љубов, емоции и врвна музика за 7 март. Концертот „Километри Љубов“ ветува да биде едно од највпечатливите музички случувања на годината – спектакл подготвен од огромен тим со многу страст и посветеност.
„Работиме нешто навистина многу посебно и многу ново за мене – концерт што ќе спои топ звук, врвен стејџ, движење, емоции. Ќе има танчери, гости, изненадувања и песни кои ќе ги слушнете во сосема ново издание. Ја замислуваме вечерта како претстава, како еден целосно спакуван спектакл. Искрено, многу сум возбуден, правиме нешто што се случува многу ретко“, вели Лозано за концертот во арената „Борис Трајковски“.
Картите за настанот се веќе во продажба. Промотивни понуди за истите веќе можат да се најдат на сајтот на kupikarta.com.

