Забава
Винона Рајдер во одбрана на Џони Деп, тврдењата на Амбер Херд за семејно насилство ги нарече невистинити
Џони Деп доби морална и правна поддршка од старата љубов во судскиот процес за клевета што тој го иницираше против поранешната сопруга Амбер Херд, која се опиша себеси како жртва на семејно насилство во едно интервју за „Вашингтон пост“.
Винона Рајдер, која беше верена со Деп за време на нивната четиригодишна врска, дојде во судот во Вирџинија во одбрана на ѕвездата на „Пиратите од Карибите“. Винона до судот достави изјава во која тврди дека е тешко да се поверува дека Деп некогаш сторил кривично дело семејно насилство.
„Не сакам никого да наречам лажливец, меѓутоа, врз основа на моето лично искуство со Џони, невозможно е да се поверува дека ваквите грозни обвинувања се вистинити“, стои во нејзината изјава за судот цитирана од таблоидот The Blast. „Сметам дека е таквите наводи се крајно вознемирувачки бидејќи многу добро го познавам.“
Во март 2019 година Деп поднесе тужба за клевета во износ од 50 милиони американски долари против неговата поранешна сопруга Амбер за статија што таа ја напиша за „Вашингтон пост“ во декември 2018 година, во која тврди дека била злоупотребена од Деп.
Деп во тужбата за клевета тврди дека всушност Херд е таа која физички го злоупотребувала во текот на бракот, а не обратно.
Во спорот тежок 50 милиони долари, адвокатот на Деп достави до судот нови документи во кои тој тврди дека Херд прикажала лажни модринки во текот на интервјуто.
Во воведната изјава на Рајдер, таа дава кратка историја на нејзината врска со Деп, која почна кога првпат се запознале во 1989 година. Една година потоа, Винона и Џони глумеа заедно во филмот Edward Scissorhands („Едвард со рацете-ножици“).
„Го познавам Џони многу години. Бевме заедно како двојка четири години и го сметав за најдобар пријател и близок како семејство. Нашата врска ја сметам како една од позначајните врски во мојот живот. Свесна сум дека е многу важно да зборувам од моето лично искуство“, изјави ѕвездата на Stranger Things.

И на крајот, таа ги искоментира наводите на Хард за семејно насилство за време на двегодишниот брак со Деп.
„Очигледно не бев таму за време на неговиот брак со Амбер, но, според моето искуство, коешто е дијаметрално различно, јас бев апсолутно шокирана, збунета и вознемирена кога ги слушнав обвиненијата против него“.
Рајдер тврди дека човекот што го познавала за време на нивната романса не бил никогаш насилен кон неа или кон некој друг.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.
Естрада
По нападите врз Чолиќ и Кајмакоски, Хари Мата Хари не стравува: „Нема што да земат од мене, не станав богаташ од оваа работа“
Познатиот пејач Хари Мата Хари наскоро ќе одржи концерт во Белград, а особено се радува што по 10 години објави нова песна. На прес-конференција, тој отворено зборуваше за својата кариера, за колегите од естрадата, но и за актуелната клима на страв по неодамнешните инциденти.
По нападот врз домот на Здравко Чолиќ, кога беше фрлена бомба, и по киднапирањето на Даниел Кајмакоски, дел од музичката сцена изрази загриженост. Но, Хари тврди дека нема причина да се плаши.
„Мислам дека не сум толку важен. Немам обезбедување. Немам што да им дадам, немаат што да земат од мене“, изјави Хари, додавајќи дека е убеден дека не се замерил со никого, пренесе „Пинк“.
„Не станав богаташ од оваа работа, ниту некого премногу го иритирав. Не сум се дружел со погрешни луѓе“, додаде тој.

