Забава
Винсент Касел и неговата девојка чекаат дете

Францускиот актер Винсент Касел (57) и неговата 29 години помлада девојка, бразилската манекенка Нара Баптиста, чекаат дете. Тоа ќе биде нејзиното прво и негово четврто дете.
Среќната вест Нара ја сподели на својот инстаграм-профил. Таа го покажа трудничкиот стомак.
Двојката ја прослави првата годишнина од врската пред еден месец.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
57-годишниот актер на почетокот на минатата година се раздели од сопругата, 27-годишната манекенка Тина Кунаки, а со Нара се зближи откако се допишуваше на „Инстаграм“ и заедно почнаа да го поминуваат времето во Рио.
Нара е родена во Бразил, а на 18-годишна возраст се преселила во Квинсленд, Австралија. Во 2020 година таа беше финалистка на австралискиот натпревар за мис универзум. По ова, таа потпишала договор со модна агенција од Бризбејн, а потоа се преселила во Бразил.
Винсент Касел има две ќерки од првиот брак со колешката Моника Белучи, 14-годишната Леони и 20-годишната Дева Касел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Лицето на актерката, едноставно, хипнотизира: дали љубовта е виновна за нејзиниот изглед

Актерката Елизабет Харли е често активна на социјалните мрежи, особено на „Инстаграм“.
Таа редовно објавува фотографии во бикини, кои предизвикуваат воздишки и погледи од јавноста, а овој пат не ја пропушти можноста повторно да го стори тоа.
Како што можете да видите, Лизи гордо позира во сино бикини, кое ја покажа нејзината завидна фигура, но и природните атрибути.
View this post on Instagram
Сепак, овој пат нешто друго го привлече вниманието на љубопитните гледачи. Наместо нејзините бујни гради и прекрасните облини, лицето и заводливиот изглед на актерката, едноставно, хипнотизираа на малите екрани.
Многумина се изненадени и прашуваат – дали нејзината врска со Били Реј Сајрус ѝ одговара и дали тоа се одразува на нејзиниот зачудувачки изглед или е тоа начинот на кој позира?
Во секој случај, никогаш порано не сме виделе ваков изглед на кралицата на бикини – и можеме со сигурност да кажеме дека воодушевува.
Забава
(Фото) 11 години помлад го зазеде неговото место: холивудската убавица повторно среќна во љубовта?

Убавата актерка Џесика Алба не престанува да биде главна тема на медиумите по разводот од Кеш Ворен.
Се чини дека нејзиниот совршен изглед дури тогаш дојде до израз, а Џесика ужива повеќе од кога било со своите деца и пријатели.
Сега, се појавуваат информации дека таа е повторно среќно заљубена. Таа беше фотографирана како патува во Канкун со Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, објави ТМЗ.
Jessica Alba, ‘Top Gun: Maverick’ actor spend time in Cancun as she embraces single life: report https://t.co/V6zUlr33Vg
— Fox News (@FoxNews) July 15, 2025
Потенцијалната двојка подоцна беше фотографирана како се враќа заедно во Лос Анџелес. Претходно беше објавено дека Џесика си пронашла ново момче, но бидејќи тогаш ништо не беше потврдено, не е познато дали станува збор за истата личност.
Дени Рамирез е познат по своите улоги во серијата на Марвел „The Falcon and the Winter Soldier“, како и по филмот „Captain America: Brave New World“.
Сепак, извори блиски до актерката постојано тврдат дека таа моментално не бара сериозна врска и сака да се посвети исклучиво на себе и на своите деца.
На почетокот на оваа година, Џесика Алба официјално објави дека се разведува од Кеш Ворен по 17 години брак, а веста шокираше многумина, со оглед на тоа што тие важеа за еден од најхармоничните парови.
Забава
„Цел живот сонувала за ова“: откриени детали за свадбата на Селена Гомез

Бени Бланко и Селена Гомез ќе бидат домаќини на раскошна, но интимна прослава откако ќе разменат завети во септември во Монтесито, објави „Пејџ Сикс“.
Нивната врска привлече големо внимание уште од самиот почеток, а постои интересна приказна за нивниот прв бакнеж што ја споделија со обожавателите.
„Свадбата на Бени и Селена ќе биде дводневен настан во Монтесито во септември. Поканите се веќе испратени, а ќе бидат само блиски пријатели и семејство“, рече изворот.
И покрај фактот дека станува збор за интимна прослава, меѓу гостите ќе бидат и некои ѕвезди, како што се Тејлор Свифт и Тревис Келс, како и некои музички ѕвезди кои соработувале со Бени.
Меѓу другото, од гостите беше побарано да донесат работи за два дена, бидејќи таму ќе го поминат целиот викенд.
„Селена ужива во свршувачката и цел живот сонува за брак. Ова е идеално време за свадба, бидејќи крајот на годината е зафатен за нив, но и за сите што сакаат да ги поканат на нивната церемонија“, рече друг извор.
Бени Бланко ѝ предложи брак на Селена во декември минатата година, откако беа во врска околу една година. Дури и тогаш, таа не криеше колку е среќна што конечно ја пронајде вистинската љубов, а Бланко претходно изјави дека нивната свадба ќе биде опуштена, но неверојатна.