Забава
Вин Дизел го кани Двејн Џонсон за „Брзи и бесни 10“ во обид да стави крај на кавгата

Вин Дизел и Двејн Џонсон не се во добри односи уште од 2016 година. Нивните меѓусебни вербални напади и престрлки беа често објавувани во таблоидите.
Актерите почнаа да работат заедно во сагата за брзите и бесни Fast & Furious во 2011 година, каде што Џонсон се приклучи на серијалот како Лук Хобс, а Дизел ја повтори својата иконска улога како Доминик Торето.
Сега Дизел апелира до Џонсон во јавна објава на „Инстаграм“ да се врати во серијалот и „да го манифестира најдобриот ‘брз’ во финалето, а тоа е десетка“.
Нивната кавга првпат го привлече вниманието на јавноста во август 2016 година кога Џонсон напиша на сега избришаната објава на Фејсбук: „Некои се однесуваат како вистински професионалци, а други не. Оние што не се премногу се плашат да направат нешто во врска со тоа“.
Иако Џонсон не именуваше никого директно, бргу стана јасно дека објавата покажува со прст директно кон Дизел.
Нивната расправија никогаш не беше целосно решена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада
Домот на Бред Пит завиен во црно: Актерот скршен поради смртта на мајка му

Бред Пит доживеа голема загуба – неговата мајка почина денес на 84-годишна возраст.
Како што пренесуваат странските медиуми, веста дека актерот ја загубил мајка си стана позната преку емотивна објава на еден член од семејството на Инстаграм.
Џејн Ета Пит била столб на семејството. Таа била таа што ги држела сите на купче и организирала голема семејна прослава пред пет години. По професија била семеен советник и најчесто се држела подалеку од рефлекторите, но повремено се појавувала на црвениот тепих заедно со својот син Бред и сопругот Вилијам.
Незиниот мирен живот и посветеност на семејството останале нејзин заштитен знак. Тие што ја познавале велат дека била срдачна, верна и секогаш подготвена да помогне.
Забава
(Видео) Свештеник излезе од црквата и со молитвеник застана до „ауди“ – виралното видео го насмеа регионот

Видео, наводно снимено пред Руската православна црква во Софија, неодамна се појави на социјалните мрежи и брзо стана вирално.
Во преден план е свештеник кој стои пред Ауди со крената хауба, а сцената заинтригира и насмеа многу гледачи во регионот.
На профилот „Икс“, една жена наведува: „Во срцето на Софија стои Руската црква, изградена во 1914 година, со златни куполи и тивок шарм. Денес, тоа е и местото каде што возачите на Ауди доаѓаат да ги осветат своите автомобили, надевајќи се дека светата вода ќе го реши она што еден механичар не може“.
In the heart of Sofia stands the Russian Church, built in 1914, all gold domes and quiet charm. These days, it’s also where Audi drivers line up for car blessings, hoping holy water fixes what their mechanic can’t. pic.twitter.com/9fjxFkSyYH
— една българка (@transbulgaria) August 3, 2025
Популарниот портал „господари.ком“, исто така, известува за виралното видео и пишува: „Се чини дека само во Бугарија сè треба да се освети, од станови до ресторани до автомобили“.
Свештеник во црна мантија стои пред автомобил, со отворена молитвеник, додека маж е до него. Не е познато дали е тоа сопственикот на возилото.
Забава
„Како шеќерна волна“: коментари за трудничкиот стајлинг на Ријана

Ријана (37) повторно привлече внимание со својот стил на облекување. Музичката ѕвезда, која го чека третото дете со А$АП Роки, во понеделник беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес во необична, но скапа комбинација.
Таа носеше розово-портокалов фустан од брендот Issey Miyake, кој чини околу 2450 евра. Со фустанот имаше необични зелени патики вредни 237 евра. Стајлингот го дополни со златен накит, големи бели обетки и едноставна фризура, а нежната шминка го истакна нејзиниот природен изглед.
„Изгледа како мафин“
Луѓето на социјалните мрежи веднаш реагираа, а мислењата беа поделени.
„Не е нејзина најдобра комбинација, но сепак ја носи како кралица“, „Уф, изгледа како голем мафин“, „Не знам дали ми се допаѓа или не, изгледа како некој цвет“, „Шеќерна волна…“ беа само некои од коментарите на „Икс“.
Сепак, многу обожаватели ја бранеа пејачката: „Секогаш е беспрекорна“, „Го обожавам нејзиниот стил.“
Дали очекуваат девојче?
Ријана и А$АП Роки веќе имаат два сина, а неодамна таа проговори за мајчинството.
„Моите два принца имаат толку енергија што ме исцрпуваат секој ден“, рече за „Аксес Холивуд“ и откри дека малите се возбудени за новото бебе што наскоро доаѓа.
А$АП Роки на недамнешната премиера на „Штрумфови“ во Брисел можеби случајно го откри полот на бебето.
Во разговор со водителот Кевин Фрејзер од телевизијата ET, Фрејзер го праша Роки: „Дали е тоа девојчето што го очекувавте?“, на што 36-годишниот рапер без размислување одговори: „Да, човек, да.“ Сфаќајќи дека можеби открил премногу, А$АП Роки се обиде да го ублажи одговорот држејќи ја куклата Штрумфета и рече: „Еве ја, знаеш на што мислам? Еве ја тука.“
Парот е заедно пет години.