Забава
Внуците на Грејс Кели ќе продуцираат филм за интригантната историја на кнежевството Монако
Се подготвува филмска сага, која ќе ја следи историјата на кралското семејство на Монако, Грималди, чии членови се принцот Алберт Втори и принцезата Шарлин, а ќе биде прикажан и животот на покојниот принц Рение Трети и покојната принцеза Грејс Кели.
По британското кралско семејство, сега и Грималдиеви ќе имаат своја верзија на „Круната“. Иако кралското семејство во Лондон има многу забелешки за продукцијата на серијата The Crown („Круната“), според познавачите, оваа серија е заслужна за зголемувањето на нивната популарност.
Кнежевството Монако е подготвено да им ја сервира на гледачите сопствената историја вклучувајќи многу гламур, но и скандали и интриги.

Сепак, семејството Грималди умно го осмисли проектот, така што продукцијата е во рацете на оние на кои најмногу им веруваат – на самите себе.
Проектот е потпишан од продукциска куќа предводена од синовите на принцезата Каролина од Хановер, како и внуците на Грејс Кели, Андре и Пјер Казираги, и снаата Беатрис Казираги. Првин планираат да снимаат филм, па дури подоцна ќе може да се развие и серија.
Првиот филм со наслов Part I – The Rock ќе се фокусира на освојувањето на Монако од страна на Грималди кон крајот на 13 век. Поддржувајќи го папата и заземајќи став против царот на Светото Римско Царство, тие станаа господари на Монако првпат во 15 век. Секој принц од Монако го носи презимето Грималди, што го прави најдолговечното кралско семејство во Европа.
По овој филм, постојат амбиции од проектот да се изродат низа филмови, па дури и ТВ-серија, бидејќи во семејството Грималди се крие многу материјал како создаден за да ѝ го раскаже на публиката.
Принцезата Грејс од Монако, портрет од 50-тите кога беше на врвот на својата филмска кариера
Принцезата Грејс стана синоним за елеганција и стил. До денес, неколку децении по нејзината прерана смрт, ретко кој може да се доближи до нејзиниот легендарен статус. Нејзиното влијание е вечно: на секоја фотографија таа зрачеше со сталоженост, убавина и грациозност.

Објавувањето на нивната свршувачка ги изненади многумина бидејќи парот се познаваше релативно кратко време, но тоа беше голема вест, која излезе на насловната страница на „Њујорк тајмс“ во јануари 1956 година.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Амбер Херд сподели ретки моменти од новиот живот во Шпанија по промената на името
Амбер Херд им даде на своите следбеници ретка можност да погледнат во нејзиниот нов живот во Шпанија, каде што се пресели за да почне ново поглавје по исцрпувачката правна битка со поранешниот сопруг Џони Деп. Ѕвездата од „Аквамен“ го напушти Холивуд и најде нов дом во Мадрид, а во неодамнешната објава за Денот на благодарноста таа даде поглед во својот секојдневен живот.
По завршувањето на нејзиното судење за клевета, кое резултира со пресуда од 10,35 милиони долари за Деп и 2 милиона долари за Херд, актерката се пресели со ќерка си, првин на Мајорка, а потоа во Мадрид. Додека беше на Мајорка, „Ел Дијарио де Мајорка“ објави дека наводно го користела името Марта Џејн Канари – вистинското име на легендарната американска херојка Каламити Џејн.
Откога се пресели, Херд во голема мера се држеше подалеку од центарот на вниманието по нејзината последна филмска улога пред неколку години во „Аквамен и изгубеното кралство“. Сепак, таа неодамна сподели серија фотографии на социјалните мрежи од прославите за Денот на благодарноста во текот на годините вклучувајќи и дел од нејзиното готвење.
View this post on Instagram
„Здравица за Денот на благодарноста во текот на годините. Се навраќам на сите полни срца и чинии што ги споделив. Се надевам дека сте добро снабдени со обете оваа година“, напиша таа во објавата.
Херд повремено споделува делови од својот живот во Шпанија, како што се фотографии за Ноќта на вештерките, а претходно на социјалните мрежи го најави доаѓањето на близнаците Агнес и Оушн.
Актерката неодамна се врати на сцената во претставата наречена „Духот на народот“. Претставата се прикажуваше неколку ноќи во Масачусетс, а драматургот Џереми О. Харис откри дека продукцијата била половина на шпански, што совршено ѝ одговарало на Херд, со оглед на тоа што таа течно го зборува јазикот.
Еден од нејзините соседи изјави за „Мејл онлајн“ дека Херд и нејзиното семејство се целосно интегрирани во заедницата и живеат на место каде што никој никого не вознемирува. Иако папараците повремено се појавуваат пред нејзината куќа, повеќето локални жители не ја вознемируваат. Соседот додаде дека никој овде навистина не знае која е таа истакнувајќи дека и познати фудбалери живеат во истата област и уживаат во својата приватност.
фото/инстаграм
Забава
(Фото) Шведска министерка го почна денот во Скопје со симит-погача: „Енергичен појадок пред нејзината прва средба“
Министерката за европски прашања на Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Македонија, утрото го почна со симит-погача.
„Почнување на денот во Скопје со локален специјалитет! Нашата министерка за ЕУ, Јесика Розенкранц, почна напорен ден со енергичен појадок пред нејзината прва средба со македонскиот министер за ЕУ, Муртезани, и МЕА. Солено лепче во лепче – симит-погача, типично скопско печиво и каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад во градот, со поглед на еден од најзначајните погледи во градот: Камениот мост, тврдината Кале, Старата чаршија, црквата „Св. Димитрија“, Даут-пашиниот амам, Мустафа-пашината џамија. Сè во еден кадар – поглед што совршено ја раскажува приказната за богатото мултикултурно наследство на Скопско и живописното општество на Северна Македонија. 🇸🇪 + 🇲🇰 = заедно посилни“, се вели во објавата на шведската амбасада на „Фејсбук“.
Забава
(Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда
Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, предизвика доста внимание со својот моден избор на вечерата за Денот на благодарноста, што се одржа во Атина во вторникот.
Поранешната водителка на „Фокс њуз“ и поранешна свршеница на Доналд Трамп Помладиот се појави во тесен, речиси проѕирен црн фустан од тантела, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
US Ambassador in Athens sparks a stir with a sheer dress
The new US Ambassador to Greece, Kimberly Guilfoyle, became the unexpected star of a Thanksgiving event hosted by the American-Hellenic Chamber of Commerce. The focus wasn’t on her speech but on her outfit — a sheer… pic.twitter.com/XPmsi8yYXg
— NEXTA (@nexta_tv) November 27, 2025
Гилфојл (56) едвај се движеше во тесниот фустан, па дури и ѝ требаше помош за да се качи на сцената за да им се обрати на гостите. Нејзината облека многумина ја споредија со стилот на сестрите Кардашјан сметајќи ја за несоодветна за дипломат.
„Ова е дипломатска грешка, таа ја претставува својата земја, а не своето тело“, „Ова ми е убаво“, „Потребен ѝ е стилист“, „Изгледа како изгубена сестра Кардашјан“, се само дел од коментарите на социјалната мрежа X.
фото/принтскрин

